Маршалски Острови
Маршалски Острови[3], служб. Република Маршалски Острови (маршалски: Aolepān Aorōkin M̧ajeļ) — островска република во Микронезија, Океанија. Маршалските Острови се составени од 29 острови и атоли. Најголем остров е Кваелин, а сигурно најпознат е атолот Бикини, на кој САД ја извршиле првата проба на атомска бомба.
Aolepān Aorōkin M̧ajeļ Republic of the Marshall Islands Маршалски Острови |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: "Jepilpilin ke ejukaan" ("Остварување преку здружени сили") | ||||||
Химна: Forever Marshall Islands |
||||||
Главен град | Маџуро (Делап) 7°7′N 171°4′E / 7.117° СГШ; 171.067° ИГД | |||||
Најголем град | Маџуро | |||||
Службен јазик | маршалски, англиски | |||||
Демоним | Маршалец | |||||
Уредување | Република | |||||
• | Претседател | Хилда Хајне | ||||
Независност | ||||||
• | од САД | 21 октомври 1986 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 181 км2 (213-та) | ||||
• | Вода (%) | незначително | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2016 г. | 53.066[1] (203та) | ||||
• | Попис 2011 | 53,158[2] | ||||
• | Густина | 293.0 жит/км2 (28-ма) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2001 г. | |||||
• | Вкупен | $115 милиони (220-та) | ||||
• | По жител | $2,900 (2005) (195-та) | ||||
Валута | американски долар (USD ) |
|||||
Часовен појас | (UTC+12) | |||||
НДД | .mh | |||||
Повик. бр. | 692 |
Главен град е Маџуро, на истоимениот остров. Површината на островот е 181 км2, каде што живеат повеќе од околу 60.000 жители. Религијата е христијанска со 97%, а додека остатокот се бахаи со 2%. Службени јазици се маршалски јазик и англиски јазик.
Потекло на поимот
уредиИмето на островите е дадено во чест на британскиот капетан Џон Маршал. Тој за првпат ги документирал островите во 1788 година. На маршалски јазик државата се пишува M̧ajeļ и во македонскиот е влезен преку англискиот јазик, а се среќава и терминот Маршалови Острови.
Историја
уредиИако Маршалските Острови биле населени уште во 2 милениум п.н.е., денес малку податоци имаме за раната историја на државата. Луѓето емигрирале на островите со кануа.
Шпанскиот истражувач Алонсо де Салазар бил првиот Европеец кој пристигнал на островите во 1526 година, но тие повторно не биле посетени од Европејци сè до доаѓањето на британскиот капетан Џон Чарлс Маршал во 1788. Островите биле именувани според него на англиските карти. Но подоцна островите биле припоени кон Шпанска Океанија. Во 1874 година шпанското владеење врз островите било признато од меѓународната заедница. Во 1884 година островите биле продадени на Германија. Подоцна островите станале дел од Германска Нова Гвинеја.
Во 1979 година, Владата на Маршалските Острови била официјално основана и државата станала самоуправувачка. Во 1986 година Маршалските Островите потпишале договор со САД за слободна соработка со кој САД гарантирал независност и суверенитет на островите. Во 1990 Маршалските Острови станале членка на ООН.
Географија и клима
уредиДржавата се состои од 29 атоли и 5 острови. Најважни се ланецот острови Ратак и Ралик. Ненаселените острови се:
Политички систем
уредиВладата на Маршалските Острови оперира во рамки на парламентарен претседателски систем. Избори во државата се одржуваат секои четири години и луѓето кои имаат над 18 години имаат право на глас. Претседателот е шеф на државата, но и претседател на владата и е избран од 33 сенатори, пратеници во Парламентот на Маршаловите Острови локално наречен „Нитиџела“ или долен дом.
Законодавната власт е во рацете на парламентот, односно долниот дом.Горниот дом, или Советот, е составен од 12 членови. извршната власт е во рацете на претседателот и кабинетот кој е составен од 10 министри назначени од самиот претседател со одобрение на парламентот.
Административна поделба
уредиСтопанство
уредиРастот н БНП во последните години на државата е 1% поради неефикасност на владата, падот на туризнмот и падот на странски инвестиции во државата.
Даноците во државата се релативно мали. Земјоделството е присутно со мали фарми на кои се произведува кокос, домат и лубеници.
Население, јазик и религија
уредиМаршалците се микронезиски народ кои мигрирале на островите од Азија. две третини од населението живее на островот Маџуро и во истоимениот град.
Службени јазици во државата се маршалски јазик и англиски јазик и над 97% од населението се христијани, воглавно протестанти.
Култура
уредиВо државата има два колеџа: Колеџ на Маршалските Острови и Универзитет на Јужен Тихи Океан.
Иако англискиот е службен јазик и се зборува насекаде, маршалскиот јазик се користи во владата. Исто така и јапонски јазик се зборува во државата. Маршалците се искусни во морепловство и веслање со кану.
Наводи
уреди- ↑ „Изгледи за светското население: Преработка за 2017 г.“. ESA.UN.org. Оддел за економски и социјални работи на ООН, Отсек за население. Посетено на 10 September 2017. (англиски)
- ↑ „Republic of the Marshall Islands 2011 Census Report“ (PDF). Prism.spc.int. Посетено на August 22, 2017.
- ↑ Правопис на македонскиот јазик, стр. 163, Просветно дело, Скопје, 2007
Надворешни врски
уредиПовеќе за Маршалски Острови на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
- Влада
- Претседател на Маршалските Острови Архивирано на 13 февруари 2007 г.
- Амбасада на Маршалските Острови во САД Архивирано на 2 декември 2021 г.
- Шеф на држава и кабинет Архивирано на 14 јануари 2009 г.
- Општо
- „Светска книга на факти“ на ЦИА — запис за „Маршалски Острови“ (англиски)
- Маршалски Острови на UCB Архивирано на 7 јуни 2008 г.
- Маршалски Острови на Curlie (англиски)
- Вести
- Друго