Токе или Така (маршалски: Tōkā[1]) е ненаселен корален атол во Тихиот Океан. Атолот е дел од Ратачките Острови во Маршалските Острови. Атолот е еден од најмалите од државата и доста често е посетуван од луѓето од Утирик.

Сателитска снимка на атолот.

Географија

уреди

Атолот се наоѓа 160.93 км северно од Маџуро и 10 км југозападно од Утирик. Атолот е составен од 6 мали островчиња со вкупна површина од 0.22 км2. Лагуната на атолот има вкупна површина од 93.1 км2.[2]

Историја

уреди

Во 1906 година Маршалските Острови биле припоени кон Германска Нова Гвинеја, контролирана од Германија. По Првата светска војна атолот бил под јапонска контрола, а по Втората светска војна под американска контрола. По незавиноста на Маршалските Острови во 1986 година, атолот станал дел од новата држава.

Наводи

уреди

Литература

уреди
  • Spennemann, Dirk H.R. (2000). „Marshall Islands Atoll Information, Taka“. Digital Micronesia. Albury, Australia: Institute of Land, Water and Society, Charles Sturt University. Посетено на 2009-04-26.
  • „Coral Reef Growth“. Geoscience Research Institute. 1979-01-01.
  • Spennemann, Dirk H.R. (2000). „Ships visiting the Marshall Islands (until 1885), Taka Atoll“. Digital Micronesia. Albury, Australia: Institute of Land, Water and Society, Charles Sturt University. Посетено на 2009-04-26.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди