Географија на Маршалските Острови

Географијата на Маршалските Острови ги опфаќа релјефните и географски одлики на оваа островска држава. Маршалските Острови се островска држава во Океанија, поточно во Тихиот Океан. Државата е составена од две островски групи, Ралички Острови и Ратачки Острови. Маршалските Острови имаат 29 атоли и 5 острови. Државата нема копнена граница, но по морските граници ги дели со Микронезија и Кирибати. Главен град на државата е Маџуро, а службени јазици се маршалски и англиски јазик.

Карта на Маршалските Острови
Поглед кон брегот на Маџуро.
Поглед кон брегот на Бикини.

Општи податоци

уреди

Местоположба: Океанија, поточно северниот дел на Тихи Океан. Соседни држави на Маршалските Острови се Микронезија и Кирибати. Географските координати на државата се 9°00′N 168°00′E / 9.000° СГШ; 168.000° ИГД / 9.000; 168.000.

Површина Вкупната површина на државата е 181.3 км2. Државата нема значителна водна површина. Маршалските Острови немаат копнени граници.

Брег: Вкупната должина на брегот на Маршалските Острови е 370.4 км.

Морски територии:
зона: 24 nm
ексклузивна економка зона: 200 nm
територијални води: 12 nm

Клима: Климата на Маршалските Острови е тропска. Влажната сезона е од мај до ноември, додека останатите месеци се суви. Државата е во близина на тајфунскиот појас.

Релјеф: Државата е многу ниска во поглед на надморската висичина. Како резултат на глобалното затоплување има опасност од поплавување на островите поради нивната мала надморска височина. најниската точна во државата е Тихиот Океан, додека највисоката точка е во Ликиеп и има 10 метри надморска височина.

Природни ресурси: Државата располага со резерви на фосфат, морски плодови, морски минерали и сл.

Употреба на земјиштето:
обработливо земјиште: 0%
постојани насади: 60%
постојани пасишта: 0%
шуми: 0%
друго: 40%

Крајни точни

уреди

Крајните точки на државата се:

Белешка: Маршалските Острови тврдат дека островот Вејк е под нивна контрола, а моментално е под американска контрола. Ако Вејк е под Маршалските Острови, тогаш тој е најсеверна точка.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди