Уџеланг
Уџеланг (маршалски: Wūjlan̄[1]) е ненаселен корален атол во Тихиот Океан составен од 30 мали островчиња. Атолот е дел од Раличките Острови во Маршалските Острови. Атолот има вкупна површина од 1.86 км2 и лагуна од 185.94 км2. Атолот е на 217 км југоисточно од Еневетак, под чија општина и се наоѓа атолот.
Сателитска снимка на Уџеланг. | |
Географија | |
---|---|
Место | Тихи Океан |
Координати | 9°49′20″N 160°54′0″E / 9.82222° СГШ; 160.90000° ИГД |
Архипелаг | Ралички Острови |
Вкупно острови | 30 |
Површина | 1,86 км2 |
Држава | |
Демографија | |
Население | 0 |
Историја
уредиВо 1884 година атолот бил под германска контрола и дел од Германска Нова Гвинеја. По Првата светска војна атолот бил под јапонска контрола, а по Втората светска војна под американска. Во 1986 година Маршалските Острови станале независни и атолот станал дел од новата држава. Атолот станал емиграциски центар на луѓето од Еневетак (преселување поради јадрени тестирања од Западните Сили), па така во 1947 имал население од 145 а во 1973 342 жители. Сепак населението се вратило на Еневетак во 1980 година и островот повторно станал ненаселен.
Наводи
уредиПоврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Маршалски Острови
- Уџеланг на Oceandots.com Архивирано на 23 декември 2010 г.
- Слики од Уџеланг