Таки Фити

Политичар од Македонија

Таки Фити (роден на 7 ноември 1950 година во Крушево) — македонски економист и политичар, член и моментален претседател на МАНУ[1].

Таки Фити
Десетти претседател на МАНУ
На должноста
2016–2019
Претходник Владо Камбовски
Наследник Љупчо Коцарев
Министер за финансии
На должноста
23 февруари 1996 – 30 ноември 1998
Претходник Јане Миљовски
Наследник Борис Стојменов
Лични податоци
Роден(а) 7 ноември 1950
Крушево, СФРЈ денешна Македонија
Националност Македонец
Партија СДСМ
Установа Економски факултет
Професија економист
политичар
академик

Животопис

уреди

Таки Фити е роден во градот Крушево на 7 ноември 1950 година[2]. Фити бил избран за редовен професор на Економскиот Факултет во Скопје во 1993 година. Магистрирал и докторирал на Економскиот факултет во Скопје, на теми од областа на економскиот развој на земјите во развој. Главни подрачја на неговата научна преокупација се: економија (микроекономија и макроекономија), економски раст и развој, претприемништво, земји во транзиција, модерни макроекономски концепции и политики[2].

Таки Фити е автор на повеќе од 230 стручни и научни трудови кои биле објавени во земјата и странство - на македонски, француски, англиски, српскохрватски јазик.[2] Исто така, тој бил на научни и студиски престои во Италија, Германија, Велика Британија, Франција и во други земји.[2] Во 2009 година, Фити бил назначен за визитинг професор на Економскиот факултет во Загреб, Република Хрватска.

Таки Фити во текот на својата кариера извршувал повеќе функции:

Во 2003 година, Фити бил избран за редовен член на Македонската академија на науките и уметностите. На 1 јануари 2016 година, Таки Фити бил избран за претседател на МАНУ. Исто така, тој е член на Европскиот совет за култура.

Наводи

уреди
  1. Letopis na Makedonskata akademija na naukite i umetnostite. Скопје: Makedonska akademija na naukite i umetnostite. 2002.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Официјално мрежно место на Економскиот факултет - Скопје“. Архивирано од изворникот на 2013-06-03. Посетено на 2013-02-21.

Надворешни врски

уреди
Претходник
Јане Миљовски
Министер за финансии на Македонија
19961998
Наследник
Борис Стојменов