Драгутин Томашевиќ

Драгутин Томашевиќ (роден на 20 април 1890 во Бистрица - умрел во октомври 1915 во Рашанац) бил српски атлетичар и гимнастичар кој се натпреварувал на Летните олимписки игри - 1912 во Стокхолм.

Томашевиќ заврпил основно училиште во родниот град, а средно училиште во Петровац. Во 1905 година се преселил во Белград како продавач, а таму стална чкен на спортското друштво „Душан Силни“. На 27 мај 1912, Томашевиќ се натпреварувал во маратонот и победил во конкуренција на 40 натпреварувачи со време од 2 часа и 52 минути.

На 1 јули 1912 на главниот настап на Олимписките игри, Драгутин настапил во маратонот на кој биле регистрирани 62 од 92 натпреварувачи, но денес не постојат податоци за тоа дали ја завршил трката и за неговиот евентуален резултат. Според некои податоци завршил триесет и осми со време од 2h 57m и со 11.56 секунди зад победникот.

Во 1915, Драгутин Томашевиќ бил моблизиран за потребите на српската армија во Првата свтска војна. Истата година во месец октомври загинал во Рашанац, на 25 години.