Оскар Сван
Оскар Гомер Сван (20 октомври 1847 - 1 мај 1927) бил шведски стрелач кој се натпреварувал на 3 Олимписки игри на кои освоил медал.
На Летните олимписки игри - 1908 одржани во Лондон, Сван освоил 2 златни медали, во единечно стрелање дивеч(поединечно и тимски) и бронзен медал во двојно стрелање дивеч (поединечно). Со своите 60 години, Оскар станал вториот најстар олимпионик. Од него постар бил само Џошуа Милнер кој станал олимписки шампион додека бил една година постар од Оскар.
На домашен терен, на игрите во 1912 во Стокхолм, Оскар Сван бил дел од шведскиот тим во единечно стрелање дивеч од 100m кој го совоил златниот медал. Оскар, исто така освоил и бронзен медак во двојно стрелање на дивеч од 100m поединечно. Со овој златен медал, Оскар Сван со 64 годинистанал најстариот олимпионик, рекорд кој до денес сè уште опстојува.
Последните Олимписки игри за Сван биле оние во Антверпен 1920, каде со 72 години, Оскар го освоил сребрениот медал во двојно стрелање на дивеч од 100m како дел од тимот на Шведска. Со овој успех, Оскар станал и најстариот освојувач на некој Олимписки медал (не сметајќи ги уметничките дисциплини).
На Летните олимписки игри - 1924 одржани во Париз, Оскар требало, но не се натпреварувал, бидејќи бил болен.
На сите настапи на Оскар во тимот на Шведска, тој бил придружуван од својот син Алфред Сван којшто освоил бронзен, сребрен и 2 златни медали во поединечна конкуренција.