Муса Челебија (Musa Çelebi; починал 1413) бил син на османлискиот султан Бајазит I и владетел на дел од Османлиското Царство во периодот од 1410 до 1413 година во текот на Отоманската граѓанска војна (1402-1414). Во почетокот Муса имал поддршка од страна на српскиот деспот Стефан Лазаревиќ за да подоцна дојде до конфликт меѓу нив. По негова наредба во 1410 година биле погубени Вук Лазаревиќ и Лазар Бранковиќ а подоцна сакал да го ликвидира и Ѓураг Бранковиќ.

Муса Челебија
Починал 1413
Татко Бајазит I

Византиските извори на Муса го опишуваат како антихристијански настроен и озогласен, додека Дука запишал дека неговите напади на Цариград се должелеза да се освети на Палеолозите обвинувајќи ги за поразот од Тимур и убиството на неговиот татко Бајазит.

Биографија

уреди

Денеска не е познато кога е роден и која му била мајка. Тој учествувал во Анагорската битка од 1402 година и заедно со неговиот татко бил заробен но подоцна бил ослободен и се придружил на неговиот брат Мехмед во војната во Анадолија. Во борбата за власт се приклучил во 1410 година кога неговиот брат Мехмед кој го контролирал поголемиот дел од Анадолија го испратил во Румелија да го порази третиот брат Сулејман Челебија. Неговите сојузници Стефан Лазаревиќ и Мирчо Стариот го зазеле Галиполе, а на 13 февруари го поразиле сулејмановиот беглербег Синан кај Јамбол. Ова го приморало на Сулејман кој тогаш се наоѓал во Анадолија да се врати во Румелија. Заедно со деспотот Стефан Лазаревиќ пробал да ги сопре силите на Сулејман кои го поминувале Босфорот, напаѓајќи ги со флота. Сепак во ова не успеале.

Двете страни започнале битка кај Космидион, во преградието на Цариград. Во битката силите на Муса биле поразени, а тој побегнал од бојното поле. Кај Пловдив веднаш по поразот биле заробени Вук Лазаревиќ и Лазар Бранковиќ, кои се бореле на страната на Сулејман. Вук по само неколку дена бил погубен. Со Лазар било договорено неговите сили да учествуваат во понатамошните битки против Сулејман. Во битката која била водена на 11 јули кај Едрене, Ѓураг останал верен кон Сулејман чии сили повторно победиле во битката а Лазар поради отказ да даде помош бил погубен.

Во следните месеци, Османлиите кои го поддржувале Сулејман започнале да преминуваат на страната на Муса, најмногу поради неговата бескомпромисна политика кон Византија со која Сулејман тесно соработувал. Во 1411 година Муса кај Сердика (Софија) го поразил на Сулејман и го означил крајот на војната. Сулејман по поразот побегнал од едрене и заминал кон Константинопоил. По патот на 17 февруари загинал. Денеска не се знае точно дали бил заробен и обезглавен или пак загинал во битка.

Муса и Мехмед

уреди
 
Мехмед Челеби

Претенденти за османлискиот престол останале Муса, во Румелија, кој се потпирал на ситните феудалци и нискиот воен кадар и Мехмед, во Анадолија, кој се потпирал на крупните феудалци. Многу брзо помеѓу нив дошло до воен судир. Дел од покрупните феудалци кои биле на страната на Муса, заплашени од своите лични интереси и имоти, го напиштиле на Муса и преминале на страната на Мехмед. Пртив Муса се побуниле и српските феудалци кои биле турски вазали, определувајќи се речиси сите за Мехмед. Тогаш, везирот на Муса, Ќор Шах Мелек побегнал во престолнината, а византискиот цар Мануил II Палеолог (1391-1425), кој исто така го поддржувал на Мехмед, го вратил пак во Бурса кај Мехмед. Подоцна Муса испратил повик до Византија да му плаќа данок преку својот посланик Ибрахим Паша. Сепак планот на Муса не се остварил бидејќи и Ибрахим Паша слободно бил упатен во Бурса. Бидејќи Муса го држел Галиполе, византискиот цар му дал воена помош на Мехмед за преминување во Румелија.

Првиот воен судир помеѓу двете страни се случил кон крајот на 1441 година. Муса, заедно со своите сили на двапати интервенирал во Солунско и во Тесалија. Во 1412 година тој успеал да го зароби принцот Орхан, а неговите сили да ги разбие. По ова дошло и до други судири. Во јули 1412 година дошло до борба во Битката кај Инџегиз. главно поради предавство на крупнбегови, еден дел од војската на Муса се разбегала. Меѓутоа, околу 7.000 јаничари останале со Муса и успеале да го опколат на Мехмед, кој ранет одвај успеал да побегне.

По овој пораз, Мехмед се вратил во Анадолија, за да се подготви за нова војна. По кратко време дошло до нова борба помеѓу браќата, и тоа во близина на Цариград. Во таа битка, Мехмед повторно бил поразен. Согледувајќи дека сам нема сили да победи, Мехмед создал унија со византискиот цар, со српските деспоти Стефан Лазаревиќ и Ѓураѓ Бранковиќ, унгарскиот феудалец Моровиќ, босанскиот феудалец Сандаљ Храниќ, а во исто време се поврзал и со беговите од Румелија и Македонија Паша Јѕргит, Бурак-бег, Синанбег и Евренос бег. Така, силите на Мехмед во пролетта 1413 година навлегле во Румелија. По ова следувало напаѓање на силите на Муса.

Можеби најголема улога во воениот конфликт помеѓу Мехмед и Муса одиграл Евренос-бег. Тој му дал совет на Мехмед да навлезе длабоко на територијата на Румелија, дури да престигне и до Србија каде од таму би добил помош од беговите. Кога Муса видел дека неговиот брат одбегнува да прифати борба и дека се упатил кон Овче Поле, тој ја сфатил намерата. Муса на Овче Поле расположил доста од својата војска. Крајна цел на Муса била неговиот брат да нема можност да престигне во Скопје, каде се наоѓал скопскиот намесник Јигит паша. Сепак, Мехмед го заобиколил Овче Поле и престигнал во Врање и Прешево, каде се сретнал со Лазаревиќ и успеал да дојде во контакт со останатите големци од овој регион. На овие простори биле собрани голем број на војници кои во состав биле освен приврзаници на Мехмед и српски деспоти, унгарски феудалци. Така оваа сојузничка војска заедно се упатила кон Овче Поле. Кога сојузничките сили престигнале на Овче Поле заклучиле дека силите на Муса се повлекле кон исток. По ова, Мехмед многу мудро, започнал да создава воени кампови по империјата. Тој се упатил најпрвин по долината на река Струма, а подоцна и кон денешна Софија и Самоков. Во меѓувреме силите на Муса го следеле движењето на Мехмед. Во еден момент во таборот на Муса се открило дека беговите тамаџи-оглу и Савџи-оглу работат за Мехмед, па поради тоа тие биле погубени. По овој настан, голем број од приврзаниците на Муса започнале да го напуштат и да преминуваат на страна на Мехмед.[1]

Смртта на Муса

уреди

Така, одлучивачката битка помеѓу двете страни се случила на 5 јули 1413 година во близина на село Чаморлу (Чамурлија по турски "кал") кај планината Витоша. На левото крило на Мехмедовата војска биле единиците на Стефан Лазаревиќ и неговите босански и унгарски сојузници на чело со Ѓураѓ Бранковиќ. Десното крило било зазедено од страна на Евренос-бег со своите пет синови и другите румелиски бегови, а во средината на линијата се наоѓал Мехмед со своите анадолски трупи, на чие чело се наоѓале Бајазит паша и Зулкадир оглу. Во оваа битка загинал Муса Челеби.

Наводи

уреди
  1. Hammer, Historie de Lempire ottoman...I, 156