Калиграфија

(Пренасочено од Краснопис)

Калиграфија[1] (од грчки: καλλιγραφία) или краснопис[2] е визуелна уметност поврзана со пишувањето. Таа претставува дизајнирање и пишување на букви со широк инструмент, четка или други инструменти за пишување.[3] Современата калиграфска практика може да се дефинира како "уметност за давање форма на знаците на експресивен, хармоничен и вешт начин".[3]

Калиграфија на германскиот збор "Urkunde" (дело).

Современата калиграфија се движи од функционални натписи и дизајни до фини уметнички дела каде што буквите можат или не можат да бидат читливи. Класичната калиграфија се разликува од типографијата и некласичното рачно пишување, иако калиграфот може да ги практикува и двете.[4][5][6][7]

Калиграфијата продолжува да цвета во форма на свадбени покани и покани за настани, дизајн на фонт и типографија, оригинален дизајн на лого со букви, религиозна уметност, соопштенија, графички дизајн и нарачана калиграфска уметност, натписи на камени и меморијални документи.[8][9]

Алатки

уреди
 
Глава на калиграфско перо, со имиња на неговите делови.

Основните алатки на калиграфот се пенкалото и четката. Калиграфските пенкала пишуваат со помош на пера кои можат да бидат рамни, кружни или остри.[10][11][12] За некои украсни цели пенкала со повеќе пера—челични четки—можат да се користат. Сепак, дела исто така можат да бидат создадени со фломастери и хемикалки, иако овие дела немаат аглести линии. Постојат некои стилови на калиграфија, како што е готското писмо, кои бараат пенкало со рамно перо.

Мастилото за пишување обично е со водена база и е значително помалку вискозно од боите засновани на масло кои се користат при печатењето. Високиот квалитет на хартијата со добра доследност на апсорпција овозможува почисти линии,[13] иако пергаментот или велумот често се користат бидејќи може да се користи нож за да се избришат несовршеностите и не е потребна лајтбокс за да можат линиите да поминат преку нив. Вообичаено се користат шаблони за да се постигнат прави линии без ознаките од моливи да одвлекуваат од делото. Вообичаено се кориски хартија со линии со место измеѓу линиите од околу еден квартал или половина инч, иако повремено се користат и инчени простори. Ова е случајот со litterea unciales од каде и поттекнува името.[14]

Чести видови на калиграфски пенкала и четки се:

  • Гускено перо
  • Перодршка
  • Мастилна четка
  • Калам
  • Пенкало

Светски традиции

уреди

Европа

уреди

Историја

уреди
 
Folio 27r од линдисфарнските Евангелија (700 г.) содржи инципит од Евангелието според Матеј.

Западната калиграфија е препознатлива по употребата на латинското писмо. Латиницата се појавила околу 600 години п.н.е. во Рим и од првиот век се развила во capitalis quadrata врежана на камења, capitalis rustica насликана на ѕидови и римското ракописно писмо за секојдневна употреба. Во вториот и третиот век на бил развиен унцијалскиот стил на буквите. Како што пишувањето станало екслузивно за манастирите, унцијалната скрипта беше сметана за попогодна за копирањето на Библијата и другите религиски текстови. Манастирите биле тие кои ги сочувале калиграфските традиции во текот на четвртиот и петтиот век, при падот на Римското Царство и кога Европа влезе во средниот век.[15]

При процутот на империјата, нејзината моќ достигна до Велика Британија; по падот на империјата, нејзиното книжевно влијание остана. Полуунцијалниот стил го генерирал ирскиот полуунцијален - малиот англосаксонски. Секој регион развил свои стандарди по пример на главниот манастир во регионот (односно меровинската скрипта, лаонската скрипта, визиготската скрипта, беневентската скрипта), кои биле претежно курзивни и тешко можеле да се прочитат.

 
Калиграфија во латинска Библија од 1407 година во Вилтшајр, Англија. Оваа библија беше напишана рачно во Белгија од Џерард Брилс за читање на глас во манастирот.

Христијанските цркви го промовирале развојот на пишувањето преку плодното копирање на Библијата, особено Новиот завет и други свети текстови.[16] Два различни стилови на пишување познати како унцијален и полуунцијален (од латинскиот "унција" или "инч") биле развиени од различни римски писари.[17] Периодот од 7-9 век во северна Европа биле најславните денови на келтските илуминирани ракописи, како што се Книгата на Дуроу, линдисфарските евангелија и Книгата на Келис.[18]

Посветеноста на Карло Велики кон подобрувањето на стипендијата резултираше со регрутирање на "толпа од писари" според Алкуин, игуменот на Јорк.[19] Алкуин го разви стилот познат како Каролина. Првиот ракопис во овој стил беше во Годескалкската Евангелистарија (завршена во 783)—евангелиска книга напишана од страна на писарот Годескалк.[20] Каролинскиот стил останува единствениот матичен стил од кој поттекнува современиот книжевен стил.[21]

Во единаесеттиот век, Каролината еволвирала во готската скрипта која беше покомпактна со што било можно да се собере повеќе текст на една страница.[22]:72 Готските калиграфски стилови станале доминантни низ Европа и во 1454 година кога Јоханес Гутенберг го направил првото печатење во Мајнц, Германија, тој го усвоил готскиот стил со што го создал првиот фонт.:141

 
Грузиската калиграфија е вековна традиција на уметничко пишување на грузискиот јазик со неговите три скрипти.

Откривањето на старите каролински текстови во 15 век го поттикна создавањето на хуманистичката скрипта или littera antiqua. Од 17 век познати се батардската скрипта од Франција, а од 18 век англиската скрипта која се прошири низ Европа и светот преку книгите.

Во средината на 1600-тите француските службени лица, поплавени со документи напишани во различни стилови и на различни нивоа на вештина, се пожалиле дека многу од ваквите документи биле надвор од нивната способност да ги дешифрираат. Канцеларијата на финансиерот тогаш ги ограничи сите правни документи на три стила, имено Кули, Ронд (познат како кружен стил на англиски јазик) и Бастарда позната како Брзинска рака.[23]

Иако имало доста познати француски мајстори во тоа време, највлијателниот при предлагањето на овие стилови бил Луис Барбедор кој ги објавил Les Ecritures Financière и Italienne Bastarde Dans Leur Naturel околку 1650 година .

Со уништувањето на Апостолската Палата во текот на пљачкувањето на Рим (1527), капиталот на мајсторите на пишувањето се премести во Јужна Франција. Од 1600 година курзивната Cursiva почна да биде заменета од технолошка префинетост, курзивната Chancery Circumflessa, која за возврат ги генерирала Ронд и подоцна англискиот Раундхенд.

Во Англија, Ајрес и Бансон го популаризирале кружниот стил, додека Снел е познат по неговата реакција на истите и предупредувањата за умереност и пропорционалност. Сепак, Едвард Крокер почна со издавањето на неговите книги 40 години пред сите нив.

Стил

уреди
 
Современа западна калиграфија

Сакралната западна калиграфија има некои посебни одлики, како што било илуминирањето на првата буква од секоја книга или поглавје во средновековните времиња. Декоративната "килимска страница" може да претходи на литературата, исполнета со раскошни, геометриски претстави на животни. Линдисфарнското Евангелие (715-720 година) е прв пример за ова.[24]

Како и кинеската или исламската калиграфија, западната калиграфска скрипта вклучувала и стриктни правила и форми. Квалитетот на пишувањето имаше ритам и регуларност во однос на буквите, со "геометриски" ред на линиите на страницата. Секој знак имал и често сѐ уште има прецизен редослед при пишувањето.

За разлика од фонтот, неправилноста во големината, стилот и боите на буквите ја зголемуваат естетската вредност, иако содржината може да биде неразбирлива. Многу од темите и варијациите на денешната современа западна калиграфија поттекнуваат од страниците на Библијата на Свети Јован. Посебно модерен пример е илустрираното издание на Библијата од Тимоти Ботс, со 360 калиграфски слики како и калиграфски фонт.[25]

Влијанија

уреди

Неколку други западни стилови ги користат истите алатки и практики, но се разликуваат според карактерот и стилските преференци. Во однос на словенското писмо, историјата на словенските и последователно руски системи на пишување се разликува фундаментално од таа на латинскиот јазик. Тоа еволуираше од 10 век до денес.

Источна Азија

уреди

Кинеското име за калиграфијата е shūfǎ (書法 на традиционален кинески, буквално "метод или закон за пишување");[26] јапонското име е shodō (書道, буквално "начинот или принципот на пишување"); корејското е seoye (корејски: 서예/書藝, буквално "уметноста на пишување"); и виетнамското е Thư pháp (書法, буквално "начинот на буквите или зборовите"). Калиграфијата на источноазиските букви е важен и ценет аспект на источноазиската култура.

Историја

уреди
 
Виетнамски калиграф пишувајќи во Хан-Ном при подготовките за Тет, во Храмот на литературата, Ханој (2011).

Во античка Кина, најстарите кинески знаци кои постоеле биле знаците Џиагувен (甲骨文), врежани на волски плешки и на пластроните на желките. Управувачите во шангската династија обично ги врежале на животински коски, а потоа ги печиле со цел да се здобијат со среќа во однос на воените прашања, земјоделската жетва или за репродукцијата и временските услови. Во текот на церемонијата на дивинација, откако пукнатините биле направени, буквите биле напишани со четка на школка или коска за подоцна да бидат врежани. Со развојот на Џинвен и Дажуан "курзивните" знаци продолжиле да се користат. Исто така, секое архаично царство на Кина имаше свој сет на знаци.

Во империјална Кина, графиконите на старите стели—некои од кои датираат од 200 година п.н.е. и биле во сјаожуански стил—сѐ уште се достапни.

Околу 220 п.н.е., царот Ќин Ше Хуанг - првиот кој го освоил целиот кинески слив - наметнал неколку реформи, меѓу нив и обединувањето на карактерите на Ли Си, со што се создаде сет од 3300 стандардизирани Xiǎozhuàn(小篆) карактери.[27] И покрај фактот што главната алатка за пишување во тоа време веќе беше четката, само неколку дела преживеале од овој период и главните примери за овој стил се на стели.

Лишускиот стил (隶书) кој бил повообичаен и на некои начини сличен на современиот текст, бил исто така овластен под Ќин Ше Хуанг.[28]

Каишускиот стил (традиционална регуларна скрипта) кој сѐ уште е во употреба денес и му се припишува на Ванг Сижи (王羲之, 303-361) и неговите следбеници е уште порегуларизиран. Неговото ширење беше поттикнато од страна на царот Мингзонг на подоцнежната Танг династија (926-933), кој го наредил печатењето на класиците користејќи нови дрвени блокови во каишускиот стил. Технологиите за печатење дозволиле стабилизација на формата. Каишуската форма на знаците од пред 1000 години беше главно слична како и таа при крајот на империјална Кина. Но сепак, имало промени кои биле направени, на пример во формата на 广 која не е апсолутно иста во Кангсиевиот речник од 1716 како и во модерните книги. Кангсиевите и сегашните форми имаат мали разлики, додека редоследот на пишување е сѐ уште ист - според стариот стил.[29]

Стилови кои не преживеале се Бафеншу, мешавина од сјаожуанскиот стил (околу 80%) и од лишускиот стил (околу 20%). Некои варијанти на кинеските знаци биле необични или биле ограничени на локално ниво со векови. Тие генерално биле разбирливи, но секогаш се одбивале во официјалните текстови. Некои од овие необични варијанти, во прилог на некои новосоздадени знаци, го сочинуваат упростениот кинески сет.

Техника

уреди
 
За калиграфијата од Ми Фу, од Сунг династијата

Традиционалното пишување во Источна Азија ги користи Четирите богатства на студијата (文房四寶/文房四宝): мастилни четки познати како маоби (毛笔) за пишување на кинеските знаци, кинеско мастило, хартија и аван за мастило, познати како Четирите пријатели на студијата (корејски: 문방사우) во Кореја.

Обликот, големината, просторот и типот на мастилната четка, бојата, густината на бојата и густината на водата во мастилото, како и брзината на апсорпција на водата од хартијата и нејзиниот површински материјал се главните физички параметри кои влијаат врз конечниот резултат. Техниката на калиграфот исто така влијаела врз резултатот. Делото на калиграфот е под влијание на количината на мастило и вода кои тој ги употребува, потоа според притисокот, склоноста и насоката која тој и ја дава на четката, создајќи потенки или подебели потези, и мазни или остри граници. На крај, брзината, забрзувањата и забавувањата на движењата на писателот и редоследот го даваат "духот" на карактерите што во голема мера влијае врз нивната крајна форма.

Стилови
уреди

Курзивните стилови како што се xíngshū (полукурзивен) и cǎoshū (курзивен) се помалку ограничени и побрзи, каде што повеќе движења направени од страна на алатката за пишување се видливи. Редоследот на пишувањето во вие стилови повеќе се разликува, понекогаш создавајќи радикално различни форми. Тие потекнуваат од свештеничката скрипта, од истото време како и регуларната скрипта (Хан династијата), но xíngshū и cǎoshū се користат само за лични белешки и никогаш не се користат како стандардни. Стилот cǎoshū  беше високо ценет при владеењето на императорот Ву од Хан (140-187 по н.е.).

Примери на современи печатни стилови се Сунг од Сунг династија и sans-serif. Овие не се сметаат за традиционални стилови и вообичаено не се пишуваат рачно.

Влијанија

уреди
 
Јапонска калиграфија, зборот "мир" и потпис на мејџискиот калиграфот Оура Канетаке, 1910 година.

Јапонските, корејските и виетнамските калиграфии биле во голема мера под влијание на кинеската калиграфија. Јапонците и Корејците исто така развиле конкретни сензибилитети и стилови на калиграфија. На пример, јапонската калиграфија исто така вклучува и локални азбуки, како што се хираганата и катаканата со специфични проблематики и тоа - нови облини и движења и специфични материјали (јапонска хартија - washi 和紙 и јапонско мастило).[30] Во случајот на корејската калиграфија, Хангулот и постоењето на кругот барале создавање на нова техника која обично ги збунува кинеските калиграфи.

Привремената калиграфија е практика на калиграфија заснована само на вода направена на подот, која се суши за неколку минути. Оваа практика е особено ценета од страна на новата генерација на кинески пензионери во јавните паркови на Кина. Тие често отвораат студио-продавници во туристичките градови и нудат традиционална кинеска калиграфија на туристите. Освен пишувањето на името на клиентите, тие исто така продаваат четки како сувенири.

Од крајот на 1980-тите години, неколку кинески уметници се разграниле од традиционалната кинеска калиграфија во нова територија со мешањето на кинеските знаци со англиските букви; значајни нови форми на калиграфија се тие на Ксу Бинг и на ДаНи - наречена кулиграфија.

Монголската калиграфија исто така била под влијание на кинеската калиграфија во однос и на алатките и на стилот.

Калиграфијата влијаела врз гохуанското сликарство кое се постигнува со употреба на слични алатки и техники. Калиграфијата влијаела врз повеќето големи уметнички стилови во Источна Азија, вклучувајќи го гохуанското сликарство - стил на кинеско, корејско, јапонско сликарство и врз виетнамското сликарство засновано сосема на калиграфија.

Јужна Азија

уреди

Индија

уреди

Во однос на индиската калиграфија, се пишува:[31]

 
Калиграфски дизајн според оријското писмо

Едиктите на Ашока (околу 265-238 п.н.е.) биле направени на камен. Овие натписи се здрвени и аголни според формата. По ашокскиот индиски стил на пишување, две нови калиграфски видови се појавуваат: Карости и Брами. Карости се користи во северозападните региони на Индија од 3 век п.н.е. до 4 век од христијанската ера и бил користен во Средна Азија до 8 век.

Во многу делови од стара Индија, натписите биле направени на палмени листови. Оваа традиција е стара повеќе од две илјади години.[32] Дури и откако индиските јазици биле ставени на хартија во 13 век, палмените листови се сметале за приоритетен медиум на пишување поради нивната долговечност (речиси 400 години) во споредба со хартијата. И двете страни на листовите биле користени за пишување. Долги правоаголни ленти биле собрани едни до други, биле направени дупки на сите лисја, а книгата била држена заедно со врвца. Книгите производени на овој начин биле вообичаени за Југоисточна Азија. Палмените листови биле одлична површината за пишување бидејќи овозможиле запишување на деликатните букви кои се користиле во многу од писмата на Јужна Азија.

Изгорената глина и бакарот биле омилен материјал за индиските натписи. Во северниот дел на Индија, кората од брезата се користела како површина за пишување уште од 2 век од н.е..

Непал

уреди

Ренџанското писмо е примарна форма на непалската калиграфија. Самото писмо заедно со неговите деривати (како Лантса, Пагспа, Кутила) се користиле во Непал, Тибет, Бутан, Лех, Монголија, крајбрежна Јапонија и Кореја за запишување на "Ом мани падме хум" и други свети будистички текстови, главно оние добиени од Санскрит и Пали.

Тајланд

уреди

Санскритот е примарната форма на тајландската калиграфија. Историски тајландската калиграфија била ограничена на свети текстови на палискиот канон со неколку пошироки уметнички апликации на графичката калиграфија која претставувала личности и објекти. Калиграфијата се појавила на личните знамиња на секој член од тајландското кралско семејство со што таа ги претставувала нивните иницијали во калиграфија. Најочигледното место во земјата каде калиграфијата е присутна е во графитите. Неколку книги биле објавени со калиграфски композиции.

Тибет

уреди
 
Бонски текст

Калиграфијата е централна во тибетската култура. Писмото е изведено од индиски скрипти. Автрократите на Тибет обично биле способни калиграфи. Тибет е центар на будизмот веќе неколку века и религијата дава голема важност на пишаниот збор. Ова не обезбедува создавање на многу световни дела, иако тие сепак постојат (но обично се поврзани на некој начин со тибетскиот будизам). Речиси сите верски пишувања вклучувале калиграфија, вклучувајќи ги и писмата испратени од страна на далај-лама и други религиозни и световни власти. Калиграфијата е особено видлива на нивните тркала за молитва, иако оваа калиграфија беше фалсификувана, а не професионално напишана - на сличен начин како што и арапската и римската калиграфија често можат да се најдат на зградите. Иако првично беше направено со алатката рид, тибетските калиграфи денес исто така користат и пенкала и маркери.

Исламскиот свет

уреди
 
Фразата Бисмила - исламска калиграфија од 18 век од отоманскиот регион.

Исламската калиграфија (калиграфија на арапски е khatt ul-yad خط اليد‎) еволвираше заедно со Исламот и на арапски јазик. Бидејќи е врз основа на арапски букви, некои ја нарекуваат "арапска калиграфија". Сепак терминот "исламска калиграфија" е посоодветен термин бидејќи се опфаќаат сите дела на калиграфија од страна на муслиманските калиграфи од Андалусија во современа Шпанија до Кина.

Исламската калиграфија е поврзана со геометриската исламска уметност (арабеска) на ѕидовите и таваните на џамиите како и на страниците. Современите уметници во исламскиот свет се инспирирани од наследството на калиграфијата при користењето на калиграфски натписи или абстракции.

Наместо да се присетуваат на нешто поврзано со изговарањето на зборот, калиграфијата за муслиманите е видлив израз на највисоката од сите уметности, уметноста на духовниот свет. Калиграфијата веројатно е најпочитуваната форма на исламската уметност бидејќи таа обезбедува врска помеѓу јазиците на муслиманите со религијата на Исламот. Куранот одиграл важна улога во развојот и еволуцијата на арапскиот јазик и со тоа на калиграфијата на арапската азбука. Изреки и текстови од Куранот се сѐ уште извори на исламска калиграфија.

Општо прифатено е дека исламската калиграфија била најсовршена за време на отоманската ера. Истанбул е отворена сала за изложба за сите видови и сорти на калиграфија, од натписите во џамиите до фонтаните, училиштата, куќите и др.

Персија

уреди
 
Сад со куфичка калиграфија, 10 век. Бруклински музеј.
 
Пример за пропорционалните правила на Насталик.

Историјата на калиграфијата во Персија датира од пред-исламската ера. Во зороастризмот убавите и јасни списи секогаш биле пофалени.

Се верува дека античкото персиско писмо било создадено околу 600-500 п.н.е. за да се обезбедат споменички натписи за ахеменидските кралеви. Ова писмо се состои од хоризонтални, вертикални, дијагонални букви во форма на нокти, која е и причината што тоа се нарекува "писмо на ноктите" (khat-e-mikhi) на персиски јазик. Векови подоцна, други писма како што се "Пахлави" и "Авестан" се користиле во Стара Персија.

Современи писма

уреди

Насталикскиот стил е најпопуларен современ стил во однос на класичните персиски калиграфски писма; персиските калиграфи го нарекуваат "невестата на калиграфските писма". Овој калиграфски стил е врз основа на толку силна структура што таа се има променето многу малку од самиот почеток. Мир Али Табризи го нашол оптималниот состав на буквите и графичките правила кој истраел последните седум векови. Има многу строги правила за графичкиот облик на буквите и за комбинацијата на буквите, зборовите и составот на целото калиграфско дело.

Мајанската цивилизација

уреди

Мајанската калиграфија беше изразена преку мајанските хиероглифи; современата мајанска калиграфија главно се користи на печати и споменици во Јукатан во Мексико. Мајанските хиероглифи ретко се користат во владините канцеларии; сепак во Цампече, Јукатан и Кинтана Рo, мајанската калиграфија е напишана на латински букви. Некои комерцијални компании во јужниот дел од Мексико ги користат мајанските хиероглифи како симболи на нивниот бизнис. Некои заедници и здруженија и модерни мајански братства ги употребуваат мајанските хиероглифи како симболи на нивните групи.

Повеќето од археолошките наоѓалишта во Мексико како што се Чичен Ица, Лабна, Ушмал, Едзна, Калакмук итн. содржат глифи во своите структури. Камени споменици познати како стели се најчестите извори на древната мајанска калиграфија.

Модерна калиграфија

уреди

Преродба

уреди
 
Едвард Џонстон, основач на модерната западна калиграфија, во 1902 година.

Откако печатењето стана сеприсутно од 15 век, производството на илуминирани ракописи почна да опаѓа.[33] Сепак, порастот на печатењето не значело и крај на калиграфијата.[34]

Модерната преродба на калиграфијата почна при крајот на 19 век, под влијание на естетиката и филозофијата на Вилијам Морис и Движењето за уметностите и занаетите. Едвард Џонстон се смета за татко на модерната калиграфија.[35][36][37] По студирањето на објавените копии на ракописи од страна на архитектот Вилијам Харисон Коулиша, тој беше запознаен со Вилијам Летаби во 1898 година, директорот на Централната школа за уметностите и занаетите, кој го советувал да ги студира ракописите во Британскиот музеј.[38]

Ова го предизвика интересот на Џонстон за уметноста на калиграфијата направена со пенкало со широк врв. Тој започна со предавањето на предметот по калиграфија на Централната школа во Саутхемптон Роу, Лондон од септември 1899, каде што влијаел врз фонтскиот дизајнер и вајар Ерик Гил. Тој беше назначен од страна на Френк Пик за дизајнирање на новиот фонт за Лондонското метро, кој сѐ уште се користи до денес (со мали измени).[39]

Неговиот прирачник Пишувањето и илуминирањето, и буквите (1906) бил особено влијателен за новата генерација на британски типографи и калиграфи, вклучувајќи ги Грејли Хјувит, Стенли Морисон, Ерик Гил, Алфред Фербенк и Ана Сајмонс. Џонстон исто така измислил едноставно направен кружнен калиграфски стил на ракописот познат денес како Основна рака.[40] Тој за првпат го нарекол овој стил "Основна рака" во 1909 во публикацијата Ракописни & натписни писма за училишта и класови и за користење од страна на занаетчиите.[41]

Последователен развој

уреди

Грејли Хјувит предавал на Централната школа за уметности и занаети и објавувал дела заедно со Џонстон во текот на почетокот на векот. Хјувит беше клучен при оживувањето на позлатувањето во калиграфијата и неговото најплодно творештво на типови на дизајн исто така беше помеѓу 1915 и 1943 година. Тој е кредииран за оживувањето на позлатувањето со леукус и златниот лист на велумот. Хјувит помогна при основањето на Општеството на книжниците и илуминаторите (SSI) во 1921 година, најверојатно првото калиграфско здружение во светот. Хјувит не беше ни без критичари[42] ни без поддржувачи[43] при неговото обновување на средновековните леукуски рецепти на Ченино Ченини.[44] Доналд Џексон, британски калиграф, има извори за леукуските рецепти од порани векови, неколку од кои во моментот немаат англиски преводи.[45] Грејли Хјувит го создал патентот објавувајќи го крунисувањето на принцот Филип со титулата Војвода на Единбург на 19 ноември 1947, еден ден пред неговиот брак со кралицата Елизабета.[46]

Ана Сајмонс, ученик на Џонстон, беше инструментална при зголемувањето на интересот за калиграфијата во Германија со нејзиниот германски превод на Пишувањето и улуминирањето, и буквите во 1910 година. Австрискиот Рудолф Лариш, наставник за букви во Виенското училиште за уметност, објави шест книги за букви кои во голема мера биле под влијание на калиграфите на германскиот јазик. Бидејќи земјите во кои се зборува германски не го напуштиле готскиот стил во печатењето, готскиот исто така имаше големо влијание и врз нивните стилови.

Рудолф Кох беше пријател и помлад современик на Лариш. Книгите на Кох, дизајновите на фонтовите и неговото предавање го направија еден од највлијателните калиграфи на 20 век во северна Европа, а подоцна и во САД. Лариш и Кох инспирирале и предавале на многу европски калиграфи, особено Карлгјорг Хефер и Херман Запф.[47]

Современите фонтови користени од компјутерите, од програмите за уредување на текстови како Microsoft Word или Apple Pages до професионални дизајнерски софтвер како Adobe InDesign, должат значителен долг кон минатото и кон мал број на професионални фонтски дизајнери денес.[48][49]

Unicode ги нуди латинските азбуки "Script" и "Fraktur" кои можат да се користат за калиграфија.

Калиграфијата како тема во уметноста

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „калиграфија“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „краснопис“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. 3,0 3,1 Mediaville, Claude (1996). Calligraphy: From Calligraphy to Abstract Painting. Belgium: Scirpus-Publications. ISBN 9080332518.
  4. Pott, G. (2006). Kalligrafie: Intensiv Training [Calligraphy: Intensive Training] (германски). Verlag Hermann Schmidt. ISBN 9783874397001.
  5. Pott, G. (2005). Kalligrafie: Erste Hilfe und Schrift-Training mit Muster-Alphabeten (германски). Verlag Hermann Schmidt. ISBN 9783874396752.
  6. Zapf, H. (2007). Alphabet Stories: A Chronicle of technical developments. Rochester, New York: Cary Graphic Arts Press. ISBN 9781933360225.
  7. Zapf, H. (2006). The world of Alphabets: A kaleidoscope of drawings and letterforms. CD-ROM
  8. Propfe, J. (2005). SchreibKunstRaume: Kalligraphie im Raum Verlag (германски). Munich: Callwey Verlag. ISBN 9783766716309.
  9. Geddes, A.; Dion, C. (2004). Miracle: a celebration of new life. Auckland: Photogenique Publishers. ISBN 9780740746963.
  10. Reaves, M.; Schulte, E. (2006). Brush Lettering: An instructional manual in Western brush calligraphy (Revised. изд.). New York: Design Books.
  11. Child, H., уред. (1985). The Calligrapher's Handbook. Taplinger Publishing Co.
  12. Lamb, C.M., уред. (1976) [1956]. Calligrapher's Handbook. Pentalic.
  13. „Paper Properties in Arabic calligraphy“. calligraphyfonts.info. Архивирано од изворникот на 2017-03-13. Посетено на 2007-06-01.
  14. „Calligraphy Islamic website“. Calligraphyislamic.com. Архивирано од изворникот на 2012-06-08. Посетено на 2012-06-18.
  15. Sabard, V.; Geneslay, V.; Rébéna, L. (2004). Calligraphie latine: Initiation [Latin calligraphy: Introduction] (француски) (7. изд.). , Paris. стр. 8–11. ISBN 978-2215021308.
  16. de Hamel 2001a
  17. Knight 1998: 10
  18. Trinity College Library Dublin 2006; Walther & Wolf 2005; Brown & Lovett 1999: 40; Backhouse 1981
  19. Jackson 1981: 64
  20. Walther & Wolf 2005; de Hamel 1994: 46-48
  21. de Hamel 1994: 46
  22. Lovett, Patricia (2000). Calligraphy and Illumination: A History and Practical Guide. Harry N. Abrams. ISBN 978-0810941199.
  23. Joyce Irene Whalley (c. 1980). The Art of Calligraphy, Western Europe & America.
  24. Brown, M.P. (2004). Painted Labyrinth: The World of the Lindisfarne Gospel (Revised. изд.). British Library.
  25. The Bible: New Living Translation. Tyndale House Publishers. 2000.
  26. (Taiwanese) being here used as in 楷书 (Cantonese) or 楷書 (Taiwanese), meaning "writing style".
  27. Fazzioli, Edoardo (1987). Chinese Calligraphy: From Pictograph to Ideogram: The History Of 214 Essential Chinese/Japanese Characters. Calligraphy by Rebecca Hon Ko. New York: Abbeville Press. стр. 13. ISBN 0896597741. And so the first Chinese dictionary was born, the Sān Chāng, containing 3.300 characters
  28. R. B. Blakney (2007). A Course in the Analysis of Chinese Characters. Lulu.com. стр. 6. ISBN 978-1-897367-11-7.
  29. 康熙字典 [Kangxi Zidian] (кинески). 1716. стр. 41.. See, for example, the radicals , , or 广. The 2007 common shape for those characters does not clearly show the stroke order, but old versions, visible on p. 41, clearly allow the stroke order to be determined.
  30. Suzuki, Yuuko (2005). An introduction to Japanese calligraphy. Tunbridge Wells: Search. ISBN 978-1844480579.
  31. Anderson, D. M. (2008). „Indic calligraphy“. Encyclopædia Britannica 2008. Наводот journal бара |journal= (help).
  32. „Memory of the World | United Nations Educational, Scientific and Cultural Organization“. UNESCO. Посетено на 2012-06-18.
  33. de Hamel 2001a; de Hamel 1986
  34. Zapf 2007; de Hamel 2001a; Gilderdale 1999; Gray 1971
  35. „The Legacy of Edward Johnston“. The Edward Johnston Foundation. Архивирано од изворникот на 2023-04-26. Посетено на 2018-02-28.
  36. Cockerell 1945; Morris 1882
  37. „Font Designer — Edward Johnston“. Linotype GmbH. Архивирано од изворникот на 2015-09-15. Посетено на 5 November 2007.
  38. such as the Ramsey Psalter, BL, Harley MS 2904
  39. The Eric Gill Society: Associates of the Guild: Edward Johnston Архивирано на 10 октомври 2008 г.
  40. Gilderdale 1999
  41. Baines & Dixon 2003: 81
  42. Tresser 2006
  43. Whitley 2000: 90
  44. Herringham 1899
  45. Jackson 1981: 81
  46. Hewitt 1944-1953
  47. Cinamon 2001; Kapr 1991
  48. Mediaville, Claude (1996). Calligraphy: From Calligraphy to Abstract Painting. Belgium: Scirpus-Publications. ISBN 9080332518.
  49. Henning, W.E. (2002). Melzer, P. (уред.). An Elegant Hand: The Golden Age of American Penmanship and Calligraphy. New Castle, Delaware: Oak Knoll Press. ISBN 978-1584560678.
  50. Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 219-220.

Дополнителна литература

уреди
  • Diringer, D. (1968). The Alphabet: A Key to the History of Mankind. 1 (3. изд.). London: Hutchinson & Co. стр. 441.
  • Fairbank, Alfred, (1975). Augustino Da Siena, the 1568 edition of his writing book in fascimile, David R. Godine (Boston) & The Merrion Press, (London), ISBN 0-87923-128-9
  • Fraser, M.; Kwiatowski, W. (2006). Ink and Gold: Islamic Calligraphy. London: Sam Fogg Ltd.
  • Gaze, T. & Jacobson, M. (editors), (2013). An Anthology Of Asemic Handwriting. Uitgeverij. ISBN 978-9081709170
  • Johnston, E. (1909). „Plate 6“. Manuscript & Inscription Letters: For schools and classes and for the use of craftsmen. San Vito Press & Double Elephant Press. 10th Impression
  • Marns, F.A (2002) Various, copperplate and form, London
  • Mediavilla, Claude (2006). Histoire de la calligraphie française (француски). Paris: Michel. ISBN 978-2226172839.
  • Shepherd, Margaret (2013). Learn World Calligraphy: Discover African, Arabic, Chinese, Ethiopic, Greek, Hebrew, Indian, Japanese, Korean, Mongolian, Russian, Thai, Tibetan Calligraphy, and Beyond. Crown Publishing Group. стр. 192. ISBN 978-082308230-8.
  • Annemarie Schimmel, Calligraphy and Islamic Culture. New York University Press. 1984. ISBN 9780814778302.
  • Wolfgang Kosack: Islamische Schriftkunst des Kufischen Geometrisches Kufi in 593 Schriftbeispielen. Deutsch - Kufi - Arabisch. 380 Seiten. Verlag Christoph Brunner, Basel 2014, ISBN 978-3-906206-10-3.


  Статијата Калиграфија е добра статија. Таа исполнува одредени критериуми за квалитет и е дел од инкубаторот на Википедија.