Мајанско писмо
Мајанското писмо или мајанските хиероглифи било писмото на кое пишувале Маите до пред-колумбискиот период и денес е единствено дешифрирано староамериканско писмо. Најстарите натписи од писмото датираат од 3 век п.н.е. и се во Сан Бартоло, Гватемала. Писмото се користело постојано сè до доаѓањето на Шпанците во Америка во 16 век. Маите користеле логограми составени од сет слоговни глифови, нешто слично со јапонското писмо денес.
Познато е и со името „мајански хиероглифи“ бидејќи на првите Европејци кои дошле во Америка писмото им наликувало на египетските хиероглифи.
Јазици
уредиДенес се верува дека мајанските кодекси и класични текстови биле напишани од свештеници или членови на свештенството. Се пишувало писмена форма на чолти јазик. Можно е маите да го зборувале овој јазик како лингва франка низ целиот регион каде живееле Маи[1]. Покрај овој јазик, писмото се користело и за други јазици.
Структура
уредиМајанското писмо се состои од високо развиени глифи, кои биле обоени на керамика, ѕидови. Глифовите биле гравирани, но бојата денес не е сочувана.
Околу три-четвртини од мајанските глифови денес можат да се прочитаат со голем степен на сигурност, доволно да се разбере идејата на нивната структура.
Мајанското писмо е лого-слоговно. Поединечните симболи или глифови можат да претставуваат или цел збор или слог. Во некои случаи, еден знак може да биде и двете. Така на пример, календарскиот симбол „маник’“ бил користен за слогот чи. Најверојатно, овие конфликтни читања на симболите произлегле како последица од прифаќање на одредени симболи од различни јазици. Покрај овој феномен, има и различни симболи кои означуваат иста работа. Така, има повеќе симболи за запишување на личната заменка за трето лице u-.
Мајанскиот јазик обично се пишувал во блокови, во колони по два блока и се читаат на следниот начин:
Во секој блок, симболитебиле наредени одозгора па надолу и од лево кон десно, нешто слично како и корејските хангул блокови. Во мајанскиот случај, секој блок тежнее да соодветува со именска или глаголска фраза. Понекогаш мајанските симболи биле заменувани, каде еден елемент од еден симбол ќе замени дел од друг.
Наводи
уреди- Coe, Michael D. (1992). Breaking the Maya Code. London: Thames & Hudson. ISBN 0-500-05061-9.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- Houston, Stephen D. (1986). Problematic Emblem Glyphs: Examples from Altar de Sacrificios, El Chorro, Rio Azul, and Xultun. Research Reports on Ancient Maya Writing, 3. (Mesoweb online facsimile. изд.). Washington D.C: Center for Maya Research. ISBN B0006EOYNY Проверете ја вредноста
|isbn=
: invalid character (help). Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-02-24. Посетено на 2009-06-14.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - Houston, Stephen D. (1993). Hieroglyphs and History at Dos Pilas: Dynastic Politics of the Classic Maya. Austin: University of Texas Press. ISBN 0-292-73855-2.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- Kettunen, Harri; and Christophe Helmke (2005). Introduction to Maya Hieroglyphs (PDF). Wayeb and Leiden University. Посетено на 2006-10-10.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Белешки
уреди- ↑ Kettunen and Helmke (2005, p.12)
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Вовед во мајанското писмо
- Делумна транскрипција, транслитерација и превод од Храмот на натписи Архивирано на 1 септември 2006 г.
- Зборовен фонд на мајанскиот
- FAMSI податоци за мајанското писмо
- Мајанско писмо во: Гватемала, Лулка на мајанската цивилизација Архивирано на 13 јуни 2007 г.
- Mayaweb: Научи како да го напишеш твоето име на мајанско писмо Архивирано на 10 јануари 2010 г.
- Nova online - 'Откривање на мајанскиот код'
Оваа статија за писмо е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Оваа статија Маите е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |