Кангсиев речник

речник на кинескиот јазик

Кангсиев речник (кинески: 康熙字典, пинјин: Kāngxī Zìdiǎn, мак. тр.: Кангси ѕедјен) — речник на кинескиот јазик кој важел за стандарден јазичен прирачник во XVIII и XIX век. Негов нарачател е царот Кангси династијата Ќинг кој издал указ за негово составување во 1710 г. Делото е завршено во 1716 г., а составувачите покажале голема иновативност во неговата изработка, притоа користејќи го новиот систем од 214 клучеви наречен ѕехуеј, кој денес е познат како 214 Кангсиеви клучеви.

Издание на Кангсиевиот речник од 2005 г.
Страници од речникот

Речникот содржи преку 47.000 знаци, иако 40% од нив се графички варијанти. Покрај нив, тука се опфатени и ретки или архаични знаци, а некои од нив се среќаваат само еднаш. Денес поалку од една четвртина од нив се во вообичаена употреба.[1]

Составување

уреди

Уредници на речникот се Џанг Јушу и Чен Тингѓинг кои делумно го составиле делумно врз основа на два други речника од времето на династијата Минг: Ѕехуеј (字彙 „Збирка знаци“, 1615 г.) од Меј Јингѕуо и Џенгѕетунг (正字通 „Правописник“, 1627 г.) од Џанг Ѕеље. Зададениот рок од пет години се покажал недостатен, па затоа првичното издание имало низа грешки. Царот Даогуанг подоцна свикал стручен одбор, кој во изданието од 1831 г. исправил 2.588 грешки, претежно во наводите и цитатите.[2]

Дополнетото издание содржи 47.035 различни знаци, како и 1.995 графички варијанти (сочинувајќи вкупно 49.030 знаци). Заведени се според 214 клучеви и подредени по бројот на дополнителни потези во знакот. Иако овие клучевите се користат во делото Ѕехуеј, денес се нарекуваат Кангсиеви клучеви поради популарноста и продолжуваат да се користат како начин на категоризација на кинеските знаци.

Ставките во речникот наведуваат и варијанти на знаците (кајшто постојат), изговор претставен со системот фанќе и современо читање на хомофони, поинакви значења, како и цитати од разни книги и толковници. Речникот содржи и созвучни таблици каде знаците се наведени по класи на слоговни созвучја, тонови и слоговни почетоци.

Денес речникот се нуди во разни облици како традиционално кинеско книговезништво, современа тврда подврска и дигитална семрежна верзија.

Кангсиевиот речник е еден од делата употребен при изработката на стандардот Уникод за кинеските знаци.

Содржина на речникот

уреди
 
Издание на Кангсиевиот речник од 1827 г.
  • Предговор на царот Кангси : стр. 1–6 (御製序)
  • Помош за употреба на речникот : стр. 7–12 (凡例)
  • Упатство за изговор на знаците : стр. 13–40 (等韻)
  • Сеопфатна табела на содржината по клучеви : стр. 41–49 (總目)
  • Помошни одредници : стр. 50–71 (檢字)
  • Самиот речник : стр. 75–1631
    • Главен текст : стр. 75–1538
    • Содржина на дополнителниот текст : стр. 1539–1544 (補遺)
    • Дополнителен текст : стр. 1545–1576
    • Содржина на прилогот : стр. 1577–1583 (備考)
    • Текст на прилогот : стр. 1585–1631
  • Поговор : стр. 1633–1635 (後記)
  • Истражување на текстот : стр. 1637–1683 (考證)

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  1. Endymion Wilkinson. Chinese History: A New Manual. (Cambridge, MA: Harvard University Asia Center, Harvard-Yenching Institute Monograph Series, 2012. ISBN 9780674067158), pp. 80-81.
  2. Teng and Biggerstaff 1971:130

Наводи

уреди
  • Teng, Ssu-yü and Biggerstaff, Knight. 1971. An Annotated Bibliography of Selected Chinese Reference Works, 3rd ed. Cambridge, Mass: Harvard University Press. ISBN 0-674-03851-7
  • Kangxi (Emperor of China) (1842). Chinese and English dictionary: containing all the words in the Chinese imperial dictionary; arranged according to the radicals, Volume 1. Printed at Parapattan. Посетено на 2011-05-15.

Надворешни врски

уреди