Избрана слика за оваа седмица
Предлошка:Избрана слика за (седмица 47) 2024
Дали сте знаеле ...
Ѓаволскиот Ѕид
... дека според месното предание, Ѓаволскиот Ѕид настанал кога Ѓаволот неуспешно се обложил со Господ дека може да ја прегради Брегалница и за една ноќ да го потопи цело Овче Поле ?
... дека Малдивите имаат просечна надморска висина од само 1,5 м?
...дека буковите шуми во долината на Длабока Река во Мавровско се прогласени за светско наследство на УНЕСКО ?
... дека Антарктикот е најголемата пустина на светот?
... дека симболот за жива Hg доаѓа од старогрчкиот збор хидраргирос со значење „водено сребро“?
... дека, и покрај неговите огромни димензии, Сонцето се класификува како жолто џуџе ?
... дека сите јагули од Македонија одат на „свадбен пат“ за да се мрестат во Саргасовото Море недалеку од Бермудскиот Триаголник ?
... дека морепловната мерка за брзина јазол доаѓа од броењето јазли на јаже кое се фрлало во водата?
...дека Винчестер бил првиот главен град на Англија ?
...дека Еарендел е најдалечната ѕвезда позната за науката, на растојание од 28 милијарди светлосни години од Земјата?
...дека Макаронезија е подрачје на четири архипелази меѓу Европа и Северна Африка?
...дека планетата Венера македонскиот народ ја нарекувал Обденица ?
... дека селото Центар Жупа изворно се нарекувало Вапа — поим во директно сродство со санскритскиот збор vāpī , што значи „долго блато“?
...дека христијаните во Босна и Херцеговина се тетовирале како обележје на нивната вера, иако обичајот датира од илирско време .
...дека врвот Тумба на Беласица е тромеѓа помеѓу Вардарска , Егејска и Пиринска Македонија ?
... дека тектонските плочи ги открил германскиот научник Алфред Вегенер во 1912 година?
... дека хемискиот елемент ниобиум (Nb) е наречен по нимфата Ниоба , ќерка на митскиот крал Тантал ?
... дека градот Гелзенкирхен во Германија е привремено преименуван во „Свифткирхен“ во чест на концеритете на Тејлор Свифт во јули 2024 година?
... дека Гагаузите се православен народ генетски најблизок со Македонците , чиј туркиски идентиет е вештачки конструкт произлезен од јазична асимилација?
... дека Сонцето сочинува 99,8 % од масата на Сончевиот Систем ?
... дека Белскиот даб во манастирот „Св. Илија “ на Осогово е прогласен за споменик на природата ?
... дека во историјата постоеле преку 40 антипапи ?
... дека споменикот „Валхала “ кај Регенсбург е здание во облик на антички храм кое ги чествува великаните од историјата на германските народи ?
... дека Скопска Црна Гора е наречена „Скопска“ за да се различи од истоимената планина помеѓу Серско и Драмско во североисточна Беломорска Македонија ?
... дека Полска-Литванија била една од најголемите држави во Европа и постела повеќе од два века?
... дека вредностите на водородниот показател (pH ) за киселост или базност се логаритамски ?
... дека областа Барања е поделена помеѓу Унгарија и Хрватска ?
... дека стапчињата за јадење влегле во широка употреба дури за време на династијата Минг (XIV-XVII век), иако постоеле со илјадалетија?
... Џон Кабот (Џовани Кабото) е првиот европски откривач на Северна Америка , не сметајќи ги Викинзите ?
... Тајане е македонски календарски обичај поврзан со празникот раѓањето на Јован Крстител ?
... покрај аритметичката и геометриската средина, модусот , медијаната , и просекот се видови на средна вредност ?
Целосна листа на Вики-јазици • Повеќејазична координација •
Започнување на Википедија на друг јазик •
Викимедија статистики