Портал:Класична музика
Портал „Класична музика“
Избрана статија
Георг Фридрих Хендл (гер. Georg Friedrich Händel, англ. George Frideric Handel) (23 февруари 1685 – 14 април 1759) — германски британски барокен композитор, водач во музичките форми кончерто гросо, опера и ораториум. Роден е во Хале, а го провел речиси сиот полнолетен живот во Англија, британски државјанин на 22 јануари 1727. Неговите најпознати дела се Месија, ораториум според текст од Библијата на кралот Јаков, Музика на вода и Музика за кралскиот огномет. За поука и инспирација ги користел техниките на големите композитори на италијанскиот барок, како и музиката на Хенри Персел, а самиот пак извршил големо влијание врз многу композитори по него како Хајдн, Моцарт и Бетовен, а неговите дела биле од значење за преодот од Барокот кон Класицизмот.
Избран изведувач
Пијанистот Симон Трпчески е еден од најафирмираните македонски изведувачи и веројатно најдобриот македонски пијанист на сите времиња. За неговиот талент сведочат мноштво меѓународни успеси и највисоки критики, како и генералното мислење на музичките критичари ширум светот дека Трпчески е еден од најдобрите пијанисти на сите времиња.
Инструменти...
Дали сте знаеле...
- ... дека Јохан Себастијан Бах (на сликата) имал 20 деца од две жени?
- ... дека Бах ги искомпонирал неговите „Голдбергови варијации“ за грофот кој страдал од несоница?
- ... дека Доменико Скарлати ја базирал неговата Мачешка фуга на чекорите кои по клавијатурата ги направила неговата мачка Пулчинела?
- ... дека бадинеријата е жив барокен танц во сложен такт како 6/8, 6/4, 9/8 или 12/16?
- ... дека француската композиторка Елизабет Жаке де ла Гер била дворски чембалист на кралот Луј XIV?
Новости
Избрана слика
Избран инструмент
Чембало или клавичембало е општ поим кој се однесува на неколку видови на инструменти со клавијатура како големиот инструмент кој денеска се нарекува чембало, но и помалите слични инструменти како вигринал, „муселар“ виргинал и спинета. Сите овие инструменти произведуваат звуци со тргање на жиците наместо со удирање како кај пијаното и клавикордот. Се верува дека инструментите од семејството на клавичембала потекнуваат од цитрата на која некој некогаш и ставил клавијатура.
Рекоа...
„Сета добра музика е веќе искомпонирана од луѓе со перики и такви работи.“ —Френк Запа
„Јас сум револуционер, парите ништо не ми значат.“ —Фредерик Шопен
Главни периоди
Композитори
Средновековие (476-1400): А • Б • В • Г • Д • Ѓ • Е • Ж • З • Ѕ • И • Ј • К • Л • Љ • М • Н • Њ • О • П • Р • С • Т • Ќ • У • Ф • Х • Ц • Ч • Џ • Ш
Ренесанса (1400-1600): А • Б • В • Г • Д • Ѓ • Е • Ж • З • Ѕ • И • Ј • К • Л • Љ • М • Н • Њ • О • П • Р • С • Т • Ќ • У • Ф • Х • Ц • Ч • Џ • Ш
Барок (1600-1760): А • Б • В • Г • Д • Ѓ • Е • Ж • З • Ѕ • И • Ј • К • Л • Љ • М • Н • Њ • О • П • Р • С • Т • Ќ • У • Ф • Х • Ц • Ч • Џ • Ш
Класицизам (1730-1820): А • Б • В • Г • Д • Ѓ • Е • Ж • З • Ѕ • И • Ј • К • Л • Љ • М • Н • Њ • О • П • Р • С • Т • Ќ • У • Ф • Х • Ц • Ч • Џ • Ш
Романтизам (1815-1910): А • Б • В • Г • Д • Ѓ • Е • Ж • З • Ѕ • И • Ј • К • Л • Љ • М • Н • Њ • О • П • Р • С • Т • Ќ • У • Ф • Х • Ц • Ч • Џ • Ш
XX век (1900-2000): А • Б • В • Г • Д • Ѓ • Е • Ж • З • Ѕ • И • Ј • К • Л • Љ • М • Н • Њ • О • П • Р • С • Т • Ќ • У • Ф • Х • Ц • Ч • Џ • Ш
Сродни портали и ВикиПроекти
- Портал „Музика“
- ВикиПроект „Класична музика“ (англиски)