Кондороби

село Гърция, Западна Македония

Кондороби (грчки: Μεταμόρφωση, Метаморфоси, до 1950 Κονδορόπη, Кондоропи)[2] — село во Општина Костур во Костурскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.

Кондороби
Μεταμόρφωση
Кондороби is located in Грција
Кондороби
Кондороби
Местоположба во областа
Кондороби во рамките на Костур (општина)
Кондороби
Местоположба на Кондороби во Костурско и областа Западна Македонија
Координати: 40°33′N 21°19′E / 40.550° СГШ; 21.317° ИГД / 40.550; 21.317
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски округ
ОпштинаКостур
Општ. единицаВич
Надм. вис.&10000000000000670000000670 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно173
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 10 километри североисточно од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Пополе во јужните делови на Нередска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 670 метри.

Јужно од селото во правец на Костурското Езеро се наоѓаат урнатините на црквата „Св. Преображение“, изградена во VIII век.[3][4]

Историја

уреди

Во XV век во селото живееле 59 глави на домаќинства[5]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кондороби се состоело од 58 семејства со 210 жители Македонци[6][7] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Кондороби имало 190 жители Македонци[6][8].

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Кондораби се води како мешано македонско-турско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 39 куќи.[9]

Поради активното учество на месното население во Илинденското востание, селото настрадало од страна на османлиските војски. Според писмото на водачите на востанието во Костурско, Васил Чекаларов, Лазар Поптрајков, Пандо Кљашев, Манол Розов и Михаил Розов, кое било испратено до сите странски конзулати во Битола на 30 август 1903 година, во селото биле опожарени 30 куќи, но не постојат извори за бројот нс убиените[10]. Според друг извор биле изгорени сите 23 куќи, додека целото население побегнало од селото и се засолнило во Тиолишта[11].

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија до XX век, но по Илинденското востание поминало под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 288 Македонци и работело егзархиско училиште[6][12]. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 60 македонски семејства[13]. Во 1905 година селото настрадало од грчки андартски напади.[14]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 212 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 182 жители. Во 1945 година биле регистрирани 300 Македонци.

Во 1950 година името на селото било преименувано во Метаморфосис.Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 49 деца од селото биле протерани како деца бегалци[15]

Демографија

уреди

Во 1928 година селото броело 235 жители.[16], додека во 1940 година селото броело 326 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 189 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 220 жители, во 1971 година имало 175 жители, во 1981 година имало 156 жители, додека во 1991 година имало 211 жители[17]. Денеска, населението на селото е 173 жители според пописот од 2001 година.

Година 1913 1920 1928 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001
Население 212[18] 182[19] 235 [20] 326[21] 189[22] 220 175 156 211 173

Личности

уреди
Родени во Кондороби

Наводи

уреди
  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Μεταμόρφωση
  3. Βυζαντινός Ναός Μεταμορφώσεως του Σωτήρος
  4. Ι.Ναός Μεταμόρφωσης του Σωτήρος, Архивирано од изворникот на 2011-02-05, Посетено на 6 јули 2010
  5. Гандев, Христо. Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване, Наука и Изкуство, II изд., София, 1989. Податоците може да се однесуваат и на селото Кладороби, Леринско.
  6. 6,0 6,1 6,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  7. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109.
  8. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.
  9. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 100.
  10. Чекаларов, Васил. Дневник 1901-1903 година, Ива Бурилкова, Цочо Билярски, ИК „Синева” София, 2001, стр. 294.
  11. Илюстрация Илинден, бр.139, стр. 13
  12. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 180-181
  13. Бистрицки. Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7.
  14. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 220.
  15. „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Vissinia“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2016-03-13.
  16. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  17. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-13.
  18. [Απαρίθμηση (1913), 40]
  19. Ελληνική απογραφή 1920: 78 άρρενες και 104 θήλεις σελ. ξ' Πίνακας 2*
  20. Ελληνική απογραφή 1928, σελ. 287 107 άρρενες κι 128 θήλεις, Ομοδημότες 232, ετεροδημότες 3, απογράφτηκαν αλλλού 2. Ρευστοποιήθηκε μία περιουσία οικογένειας που μετανάστευσε στη Βουλγαρία
  21. Ελληνική απογραφή 1940: πραγματικός πληθυσμός 326, νόμιμος πληθυσμός 323
  22. Ελληνική απογραφή 1951 σελ. 271
  23. Μάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 86.
  24. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 31.
  25. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 397.
  26. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 778.