Свештенство

(Пренасочено од Клир)

Свештенство[1] или клер[2] — лица што ја извршуваат верската служба во некоја религија.

Свештенство

Потекло на поимот

уреди

Како и кај зборот вештерка, свештениците се луѓе со посебни вештини, т.е. светлоносци, застапници и молитвеници пред Бога.

Историја

уреди
 
Свештеница на египетската божица Изида

Во историјата на религијата, свештеникот е лице кое во име на заедницата принесува жртви и врши други обреди. Првобитно, таткото (главата) на семејството ја принесувал жртвата. Во понатамошниот развој на човековото општество се издвоиле лица кои биле сметани за посредници меѓу луѓето и боговите. Во некои цивилизации, свештенството било повеќекратно повластено и вршело улоги на врач, волшебник, лекар, учител, судија, толкувач на традицијата и сè останато во доменот на духовниот живот. Во Месопотамија и Египет улогата на врховен првосвештеник ја имал краот (фараон), а нему му помагале хиерархискиот устроен клер кои сочинувале каста. Кај Евреите, во племето Леви кое се сметало за избрано, свештеничкиот чин бил наследен. Кај Римјаните, свештеникот имал и политичка власт и бил биран само од патрициските семејства. Високите свештеници се викале понтифици (латински: pontifices), а највисокиот свештеник ја имал титулата понтифекс максимус (латински: pontifex maximus). Во Персија голем углед имале магите, а во хиндуизмот браманите. Во Стара Грција свештениците не играле толку голема улога. Тие биле службеници на светилишта, односно на богот кому му било посветено светилиштето. Женските божества имале свештенички. Свештениците биле многу влијателни во племенскиот живот на старите Германи и Келти кај кои биле познати како друиди. Свештеникот кај старите Словени се нарекувал жрец (старословенски: жьрьць).

Свештенството во христијанската црква

уреди

Во православната и во католичката црква, поимот „свештеник“ означува и чин во црковната ерархија кој се наоѓа меѓу ѓакон и епископ (бискуп). Во раното христијанство се јавува мислата за свештеничката вокација на сите верници (која подоцна ја следеле протестантите), меѓутоа многу брзо се створил хиерархиски ред на свештенството (презвитер, јереј, бискуп, митрополит и папа). Повеќето христијански заедници кои биле создадени по реформацијата не го познаваат поимот свештеник во традиционалната смисла и облик. Во тие верски заедници раководат духовници, пастори, проповедници, а во Црквата на Англија во поново време улогата на свештеник може да ја вршат и жени.

Според Новиот завет, свештенството (грчки: Εκκλησιαστικός κλήρος - црковен клир), односно Светата Тајна Свештенство е залог на присуството на Исус Христос во црквата,[3], која ја стекнал со крвта своја, и во која постојано делува преку Светиот Дух, како нејзин божествен основал и поглавар. Неговото постојано присуство во црквата било објавено преку епископите, презвитерите и ѓаконите. Преку ракополагањето, според христијанската традиција, свештените лица го примаат дарот на Светиот Дух, кој ги посветува и поставува на определениот степен на црковната хиерархија. Како што на апостолите им дал власта за поучување и свештенодејствување, така Исус ја дал власта и службата на црковната хеиерархија, како Пастир и Чувар на верниците [4].

Според средновековната црковна книжевност, свештениците се одликуваат со голема духовна моќ при што тие се способни да ги совладаат ѓаволите. На пример, во делото „Дијалози“, Григориј Велики раскажува за една калуѓерка која јадела салата и во неа влегол еден ѓавол кој седел на лист од салатата. Штом се појавил опатот Еквитиј, исплашениот ѓавол почнал да се жали и веднаш се повлекол, штом опатот му го наредил тоа. Во друга прилика, презвитерот Стефан уморен се вратил дома и го повикал својот слуга со зборовите: „Дојди ѓаволе, собуј ме“. Тогаш, обувките почнале самите да се собуваат, а свештеникот сфатил дека станува збор за ѓаволот; тогаш, тој го избркал и ѓаволот веднаш си заминал. Свети Фортунат го избркал ѓаволот од еден опседнат човек, по што ѓаволот скитал низ градските улици жалејќи се дека останал без засолниште. Григориј Турски ја наведува случката во која ѓаволот влегол во ќерката на императорот Лав и не сакал да излезе, барајќи лично да дојде лионскиот архиѓакон.[5] Григориј Велики ја наведува и случката во која ѓаволот влегол во еден селанец, принудувајќи го да блее и да цвичи, а една калуѓерка му наредила на ѓаволот да се префрли во некое прасе кое случајно се нашло во близината.[6] Во „Животот на отците“ (Vitae patrum), Григориј Турски раскажува за ѓаволите кои нападнале некој манастир, а калуѓерите одговориле со причест и со исповедi кои ѓаволите не можеле да ги поднесат.[7]

Сепак, дури и во црковната книжевност се опишуваат случки во кои свештениците не се однесуваат побожно, Така, Цезариј од Хајстербах наведува повеќе случки во кои ѓаволите ги напаѓаат дури и свештениците во случаите кога тие се однесуваат несоодветно: на пример, во некоја црква во која свештениците ги пееле црковните песни гласно и без побожност, а ѓаволот ги собирал нивните гласови при што наполнил цела вреќа; околу некој калуѓер кој спиел во манастирскиот хор се собирале ѓаволите во облик на свињи, кои ги собирале гласовите кои испаѓале од неговата уста; некој грешен свештеник другарувал со некој витез со кого правел порочни дела, а ѓаволот го казнил така што се преправил како свештеникот и го налутил витезот, кој му ја повредил главата на свештеникот;[8] еден калуѓер заспал за време на молитвата, а на неговиот грб се појавил ѓаволот во облик на змија, а на главата на друг калуѓер, кој исто така спиел за време на молитвите, стоел мачор.[9]

Во своето дело „Пофалба на глупоста“, Еразмо Ротердамски ги критикува и исмејува свештениците и нивното практикување на христијанството. За монасите, тој вели дека се многу далеку од вистинската религија, а сепак, тие се исполнети со самољубие, сметајќи се себе за круна на побожноста, иако некои од нив не знаат ниту да читаат. Исто така, тој им се потсмева на монашките правила во однос на видот и бојата на облеката, бројот на часовите за спиење, бројот на свештеничките редови (францисканци, бенедиктинци, бернардинци, вилхелмити, јаковити, августинци, итн.). Во продолжение, Еразмо ги исмејува и проповедите на свештениците во кои тие прават разни гримаси и ги користат реторичките правила за да го освојат вниманието на публиката, независно од тоа што проповедаат бесмислици.[10] Во продолжение, тој ги критикува и високите свештеници (бискупите и кардиналите) кои се интересираат само за удобен живот, а ги занемаруваат свештеничките должности.[11] Според него, свештениците мора да бидат ослободени од сите желби на овој свет и мора да мислат само на небесните работи, но наместо тоа, исто како световните луѓе, и свештениците мислат на приходите и на парите.[12]

Свештенството како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Свештенството како мотив во народното творештво

уреди
  • „Попот и парохијаните“ (српски: Поп и парохијани) — српска народна приказна.[13]
  • „Се удавил попот што не ја дал раката“ (српски: Утопио се поп што није руку дао) — српска народна приказна.[14]
  • „Калуѓерот и четирите грешници“ (српски: Калуђер и четири грјешника) — српска народна приказна.[15]
  • „Овчарот и владиката“ — македонска народна приказна.[16]
  • „Поуката на еден поп“ — македонска народна приказна.[17]
  • „Неучениот поп“ — македонска народна приказна.[18]
  • „Попот јарец“ — македонска народна приказна.[19]
  • „Селанецот и оџата“ — македонска народна приказна.[20]
  • „Попе, попе магаре“ — македонска народна песна.[21]

Свештенството како мотив во книжевноста

уреди

Свештенството како тема во музиката

уреди
 

Свештенството како тема во филмот

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „свештенство“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „клер“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Мт 28,20
  4. 1Пет 2,25
  5. Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 291-293.
  6. Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 387.
  7. Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 389.
  8. Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 301, 303.
  9. Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 386.
  10. Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 74-79.
  11. Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 82-83.
  12. Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 86.
  13. Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 376-377.
  14. Народне приповетке. Београд: Просвета, 1963, стр. 147.
  15. Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 154-155.
  16. Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 52-53.
  17. Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 54-55.
  18. Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 70-71.
  19. Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 56-57.
  20. Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 8.
  21. Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 71.
  22. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 241.
  23. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 316-317.
  24. Alphonse Daudet, Pisma iz mog mlina. Zagreb: Znanje, 1986, стр. 93-99.
  25. Мирослав Јосиħ Вишњић, Сабране приповетке. Београд: Драганић, 1995, стр. 77-90.
  26. Džordž Orvel, Životinjska farma. Beograd; BIGZ, 1985, стр. 101.
  27. Luiđi Pirandelo, Novele. Beograd: Rad, 1962, стр. 12-19.
  28. Стале Попов, Итар Пејо. Скопје: Мисла, Детска радост, Култура, Наша книга, Македонска книга, 1980, стр. 6-9.
  29. Стале Попов, Итар Пејо. Скопје: Мисла, Детска радост, Култура, Наша книга, Македонска книга, 1980, стр. 18-23.
  30. Стале Попов, Итар Пејо. Скопје: Мисла, Детска радост, Култура, Наша книга, Македонска книга, 1980, стр. 36.
  31. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 95.
  32. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 44-45
  33. „Napomena priređivača“, во: Tadeuš Ruževič, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 328.
  34. Цветанка Трпкова, Раздавање на душата. Скопје: Темплум, 2023, стр. 46-49.
  35. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 194-195.
  36. Classical Archives
  37. DISCOGS, Beastie Boys ‎– Check Your Head (пристапено на 17.6.2020)
  38. DISCOGS, Bob Dylan ‎– John Wesley Harding (пристапено на 21.2.2020)
  39. Discogs, The Sisters Of Mercy (пристапено на 9 ноември 2021)
  40. YouTube, The Fall - Hex Enduction Hour (Full Album) (пристапено на 18.6.2017)
  41. IMDb, The Pilgrim (1923) (пристапено на 23.12.2017)