Beastie Boys

американска хип-хоп група
(Пренасочено од Бисти бојс)

Бисти бојс (англиски: Beastie Boys[б 1]) ― поранешна американска хип-хоп[2] група од Њујорк, основана во 1978 година.[3] Членови на групата биле: Мајкл „Мајк Ди“ Дајмонд (вокал, тапани), Адам „Ем-Си-Еј“ Јаук (вокал, бас) и Адам „Ад-Рок“ Хоровиц (вокал, гитара, програмирање). Beastie Boys биле создадени од членовите на експерименталната хардкор-панк група Young Aborigines во 1978 година, со Дајмонд како вокал, Џереми Шатан на бас-гитара, Џон Бери на гитара и Кејт Шеленбах на тапани.[4] По заминувањето на Шатан во 1981 година, Јауч го заменил на бас, а групата го променила името во Beastie Boys. За брзо групата ја напуштил и Бери, а бил заменет со Хоровиц.

Beastie Boys
A group of three men on a stairwell in front of a light background
Beastie Boys во 2009; од лево кон десно: Ад-Рок, Ем-Си-Еј, и Мајк Ди
Животописни податоци
Познат(а) и какоThe Young Aborigines (1978–1981)
ПотеклоЊујорк, САД
Жанрови
Период на активност1978 ― 2012
Издавачи
Мреж. местоbeastieboys.com

Откако имале местен успех со комичната хип-хоп песна „Cooky Puss“ објавена во 1983 година, Beastie Boys почнале во целост да снимаат хип-хоп, а Шеленбах заминала. Во 1985 година биле на турнеја со Мадона, а една година подоцна го објавиле нивниот прв албум, Licensed to Ill (1986), прв рап-запис кој стигнал до прво место на Билборд 200 листата.[5] Нивниот втор албум, Paul's Boutique (1989), речиси целосно составен од семплови, слабо се продавал, но подоцна добил признание од критиката. Check Your Head (1992) и Ill Communication (1994) имале масовен успех, а по нив ги објавиле албумите: Hello Nasty (1998), To the 5 Boroughs (2004), The Mix-Up (2007) и Hot Sauce Committee, Втор дел (2011).

Beastie Boys продале 20 милиони плочи во САД и имале седум платинести албуми во периодот од 1986 до 2004 година.[6] Тие се најпродавана рап-група откако Билборд од 1991 година почнал да ја бележи продажбата.[7] Во 2012 година, станале трета рап-група примена во Куќата на славните на рокенролот. Истата година, Јаук починал од рак, а Beastie Boys се распаднале.[8] Другите членови објавиле неколку ретроспективни дела, а исто така и книга, документарен филм и компилациски албум кој ја опфаќа целокупната кариера од групата.

Од лево кон десно: Адам Хоровиц, Адам Јаук, Мајкл Дајмонд

Музички стил, влијание и наследство

уреди

Beasty Boys прво биле хардкор-панк група,[9][10] но кога започнале да го подготвуваат нивниот прв студиски албум Licensed to Ill во голема мера ја напуштиле оваа насока за сметка на хип-хоп и рап-рок музиката.[11][12][13] Нивниот музички стил бил мешавина на елементи од хип-хоп, панк, фанк, електро, џез и латинска музика. [11] Тие исто така се сметаат за група што свири алтернативен хип-хоп,[14][15][16] алтернативен рок[11] и панк-рап музика.[17]

По објавувањето на нивниот деби-албум, Licensed to Ill, Мајк Ди на сцена и на рекламните фотографии се појавувал со голем амблем на фолксваген закачен на ланче. По ова имало голем број кражби на амблемот од возилата ширум светот ос страна на обожаватели што се обидувале да го подражаваат.[18][19] Контроверзниот концерт во Колумбус, Џорџија во 1987 година довело до донесување на уредба за развратност во тој град.[20]

Beastie Boys се сметаат за многу влијателна група во хип-хоп и во рок-музиката, а уметници како Еминем,[21] Rage Against the Machine,[22] Hed PE, [23] Limp Bizkit,[24] Sublime,[25] и Blur[26] наведувеле дека тие влијаеле на нивната музика. Beastie Boys имале четири албуми кои го се искачиле на врвот на листата за албуми на Билборд ( Licenced to Ill, Ill Communication, Hello Nasty и To the 5 Boroughs).[27] Во ноемвриското издание од 2004 година, Ролинг Стоун ја ставило песната „Sabotage“ на 475-то место на нивната листа од 500 најдобри песни на сите времиња. Во нивното издание од април 2005 година, Ролинг Стоун ги ставил на 77 место на нивната листа од 100 најголеми уметници на сите времиња.[28] VH1 ги одредила на 89-то место на нивниот список од нивните 100 најдобри уметници на сите времиња.[29] На 27 септември 2007 година, било објавено дека Beastie Boys се едни од деветте предложени за внесување во Рокенрол Куќата на славните во 2008 година.[30] Официјално биле внесени во 2012 година.[31]

Во 2020 г., списанието Spin ги одредило Beastie Boys на 12-то место на списокот од највлијателни уметници во претходните 35 години.[32]

Членови на групата

уреди

Поранешни членови

  • Џон Бери ― гитара (1981 ― 1982; починал во 2016 година)
  • Мајкл „Мајк Ди“ Дајмонд ― вокал (1981 ― 2014), тапани (1984 ― 2014)
  • Кејт Шеленбах ― тапани, перкусии (1981 ― 1984)
  • Адам „MCA“ Јаук ― вокал, бас-гитара (1981 ― 2012; починал 2012 година)
  • Адам „Ад-Рок“ Хоровиц ― вокал, гитара (1982-2014)

Други членови (не биле дел од главната постава на групата, но им се придружувале на турнеи):

  • DJ Double R (Рик Рубин) ― диџеј (1984 ― 1985)
  • Андре „Doctor Dré“ Браун ― диџеј (1986)
  • DJ Hurricane (Вендел Вејт) ― диџеј (1986 ― 1997)
  • Марк „Money Mark“ Рамос-Нишита ― клавијатури, вокал (1992 ― 2012)
  • Ерик „Бобо“ Кореа ― перкусии (1992 ― 1996)
  • Ејмери ​​„AWOL“ Смит ― тапани (1994 ― 1998)
  • Алфредо Ортиз - перкусии, тапани (1996 ― 2012)
  • Мајкл „Mix Master Mike“ Шварц ― диџеј, придружни вокали (1998 ― 2012)

Временска рамка

Временска рамка за членови на турнеја

Дискографија

уреди

Студиски албуми

  • Licensed to Ill (1986)
  • Paul's Boutique (1989)
  • Check Your Head (1992)
  • Ill Communication (1994)
  • Hello Nasty (1998)
  • To the 5 Boroughs (2004)
  • The Mix-Up (2007)
  • Hot Sauce Committee Part Two (2011)

Белешки

уреди
  1. Групата често ја нарекуваат the Beastie Boys, иако членовите на групата рекле дека е тоа е неточно.[1] Сепак во нивната песна „(You Gotta) Fight for Your Right (To Party!)“ тие самите се нарекуваат the Beastie Boys.

Наводи

уреди
  1. Barshad, Amos. „The Beastie Boys on Their New Movie, Bidet Toilets, and Why You've Been Saying Their Name Wrong All These Years“. gq.com. Архивирано од изворникот April 26, 2020. Посетено на April 2, 2020.
  2. „The Beastie Boys On Their Hip-Hop Journey And Missing Adam Yauch“. NPR. October 24, 2018. Посетено на March 7, 2023.
  3. Erlwine, Stephen. „Beastie Boys: Biography“. AllMusic. RhythmOne Group. Архивирано од изворникот на October 19, 2018. Посетено на 6 November 2018.
  4. „Exclaim! Canada's Music Authority“. Архивирано од изворникот на 2009-07-14. Посетено на 2008-08-24.
  5. Burkett, Jacob (November 16, 2016). „8 Things You Didn't Know About The Beastie Boys' Licensed To Ill“. Moshcam. Архивирано од изворникот на June 4, 2020. Посетено на April 2, 2020.
  6. „Obituary: Adam 'MCA' Yauch“. BBC News. May 4, 2012. Архивирано од изворникот на May 8, 2012. Посетено на May 9, 2012.
  7. Празен навод (help)
  8. Gordon, Jeremy (June 2, 2014). „Mike D Says Beastie Boys Won't Be Making Any More Music“. Pitchfork.com. Архивирано од изворникот на June 4, 2010. Посетено на June 2, 2014.
  9. Празен навод (help)
  10. „The Band Before – Beastie Boys When They Were Hardcore Punks The Young Aborigines | The latest music blogs, free MP3s, best new bands, music videos, movie trailers and news analysis“. Nme.com. November 14, 2013. Архивирано од изворникот на March 4, 2014. Посетено на February 28, 2014.
  11. 11,0 11,1 11,2 Cosby, James (August 21, 2014). „Long Live the Beastie Boys: Their Five Most Underappreciated Songs“. Pop matters. Архивирано од изворникот на February 11, 2018. Посетено на February 10, 2018.
  12. „Beastie Boy Adam Yauch dead at 47 | Music | Entertainment“. Toronto Sun. Архивирано од изворникот на November 12, 2014. Посетено на February 28, 2014.
  13. Richards, Chris (May 4, 2012). „Adam Yauch dies: remembering MCA of the Beastie Boys – The Style Blog“. The Washington Post. Архивирано од изворникот на January 9, 2015. Посетено на February 28, 2014.
  14. Празен навод (help)
  15. Weiss, Sam (10 August 2012). „Beastie Boys Suing Monster For Copyright Infringement“. Complex. Архивирано од изворникот на October 28, 2017. Посетено на 13 July 2015.
  16. Malmstedt, Kalle (28 April 2004). „News > Ch-check it out; Beastie Boys are back“. Release Magazine. Архивирано од изворникот на March 4, 2016. Посетено на 13 July 2015.
  17. „Beastie Boys, Prodigy to Rock U.K. Reading Festival“. MTV. Архивирано од изворникот на April 23, 2022. Посетено на April 23, 2022.
  18. Trimmer, Maragaret. „Beastie Boys-Inspired Fad Boosts VW Emblem Thefts“. Архивирано од изворникот на April 29, 2012. Посетено на May 5, 2012.
  19. „VW Badges and the Beasties“. Newlegalreview. June 23, 2009. Архивирано од изворникот на July 30, 2012.
  20. „Anti-lewdness ordinance started in Columbus, GA after Beastie Boys show 19 years ago“. Beastieboys.com BBS. February 19, 2006. Архивирано од изворникот на August 8, 2014. Посетено на June 24, 2014.
  21. Eminem; Jenkins, Sacha (2008). The Way I Am. Dutton Adult. стр. 20. ISBN 9780525950325.
  22. Hill, Stephen (May 30, 2017). „Guerrilla Radio: The influences behind Rage Against The Machine“. Teamrock. Архивирано од изворникот на February 26, 2018. Посетено на February 25, 2018.
  23. „(hed) p.e. brings N.W.O. Tour to Hartford – NewsTimes.com“. July 5, 2009. Архивирано од изворникот на July 5, 2009. Посетено на January 18, 2018.
  24. Bush, John. „Limp Bizkit AllMusic“. AllMusic. Архивирано од изворникот на February 26, 2018. Посетено на February 25, 2018.
  25. Bush, John. „Sublime AllMusic“. AllMusic. Архивирано од изворникот на February 26, 2018. Посетено на February 25, 2018.
  26. Bush, John. „Popscene': 25 years Since The Blur Single That Kick Started Britpop“. Soundsmagazine. Архивирано од изворникот на February 26, 2018. Посетено на February 25, 2018.
  27. Празен навод (help)
  28. „100 Greatest Artists of All Time“. Rolling Stone Issue 946. December 3, 2010. Архивирано од изворникот на January 2, 2015.
  29. „100 Greatest Artists of All Time“. VH1/Stereogum. September 3, 2010. Архивирано од изворникот на September 17, 2011.
  30. „The 2008 Rock and Roll Hall of Fame Nominees“. Future Rock Legends. Архивирано од изворникот на July 12, 2014. Посетено на July 24, 2014.
  31. „Beastie Boys' Adam Yauch Will Not Attend Hall of Fame Induction“. Rollingstone. April 14, 2012. Архивирано од изворникот на February 26, 2018. Посетено на February 25, 2018.
  32. „The Most Influential Artists: #12 Beastie Boys“. SPIN (англиски). 2020-11-25. Архивирано од изворникот на November 16, 2021. Посетено на 2021-11-16.

Надворешни врски

уреди