Мирослав Јосиќ Вишњиќ

Мирослав Јосиќ Вишњиќ (српски: Мирослав Јосић Вишњић; 15 декември 1946 - 8 септември 2015) - српски писател.

ЖивотописУреди

Мирослав Јосиќ Вишњиќ е роден на 15 декември 1946 година во селото Стапар покрај Сомбор. Во родното место завршил основно училиште, во Сомбор завршил учителска школа (Препарандија), а потоа студирал општа книжевност и теорија на книжевноста на Филолошкиот факултет при Универзитетот во Белград. Долго време работел хонорарно како лектор, коректор и технички уредник во разни издавачки куќи, весници и списанија. Бил секретар на весникот „Студент“ (до промената на редакцијата во 1968 година), како и уредник на списанието „Relations“. Некое време бил вработен во Српската книжевна задруга. Потоа бил еден од првите приватни издавачи на книги (во „Книжевната фабрика МЈВ и децата“). Исто така, тој бил и претседател на ПАНУ. Јосиќ Вишњиќ починал на 8 септември 2015 година во Белград.[1]

ТворештвоУреди

РасказиУреди

Во 1995 година, агенцијата „Драганиќ“ ги објавила собраните раскази на Јосиќ Вишњиќ, напишани во периодот меѓу 1966 и 1984 година. Првиот негов расказ е „Темниот вилает“ објавен во списанието „Видици“ во јануари 1967 година, а последниот расказ „Шолја горко кафе“ го објавил во „Книжевните новини“ во октомври 1984 година. Во август 1969, како дел од библиотеката на „Видици“ се појавила неговата прва збирка раскази „Убавата Јелена“ која во мај 1970 година била наградена со наградата „Исидора Секулиќ“. Подоцна, во 1980 година, оваа збирка била повторно објавена во библиотеката „Атлас“ на Српската книжевна задруга, заедно со романот „Чешка школа“. Расказите од збирката „Дванаесет годови“ најпрвин биле објавени како додаток на списанието „Књижевна реч“ бр. 33 од јануари 1975 година, под насловот „Девет годови“, а во 1977 година биле објавени како заедничко издание на „Рад“, „БИГЗ“ и „Народна књига“. Во 1994 година се појавила збирката „Квартет“ во издание на агенцијата „Драганиќ“, а како дел од библиотеката „Синиот круг“.[2]

БиблиографијаУреди

Мирослав Јосиќ Вишњиќ објавил околу 30 книги, а негови поважни дела се:

РасказиУреди

  • Убавата Јелена (1969, 1980, 1995, 2007)
  • Дванаесет годови (1977, 1995, 2007)
  • Квартет (1994, 1995, 2007)
  • Нови годови (1998, 2007)
  • За муренката и гробот (2005, 2007)
  • Приказни од трапот (2006, 2007)
  • Ѓурѓовден и други дати 2015)

Новели и романиУреди

  • Роман за смртта на Галеријата (1970, 1974, 1975, 1995)
  • Чешка школа (1971, 1980, 1994, 1995)
  • Пристап во светлоста (1975, 1980, 1983, 1993, 1995, 2002)
  • Одбраната и пропаста на Бодрог во седум бурни годишњи времињаа (1990, 1991, 1995, 1997, 2002)
  • Пристап во капката и семето (1992, 1995, 1998, 2002)
  • Световно тројство (1996, 2002)
  • Пристап во починката (1999, 2002)
  • Роман без роман (2004)
  • Додека смртта не нè раздели (2004)
  • Стабло на Марија (2008)
  • Баронот из кошарата (2013)
  • ТБЦ (заедничко издание на пет романи, 2002)

Песни за децаУреди

  • Освен светот (1978)

ПублицистикаУреди

  • Во вториот круг (1995)
  • Писма до српските писатели (2007)
  • Маргина (2010)
  • Милош, Црњански (2013)
  • Додека чука срцето (2015)

Собрани делаУреди

Почнувајќи од 1995 година, агенцијата „Драганиќ“ ги објавила собраните дела на Јосиќ Вишњиќ, во седум книги:[3]

НаводиУреди

  1. Preminuo književnik Miroslav Josić Višnjić
  2. „Пишчеве напомене“, во: Мирослав Јосиħ Вишњић, Сабране приповетке. Београд: Драганић, 1995, стр. 283.
  3. Мирослав Јосиħ Вишњић, Сабране приповетке. Београд: Драганић, 1995