Салата е еден вид на храна која обично се јаде како гарнир со главно јадење а ретко  самостојно (на пример, овошна салата). Салата често се прави од сиров зеленчук.[1][2] Може да се додадат тестенини, варено месо, сирење, мајонез, разни преливи и слично. Во некои салати се додава и овошје, на пример јаболки сецкани во коцки. Овошна салата е еден вид на десерт салата во која  главните состојки се различни видови на овошје.

Чинија за салата

Салата е обично зачинета со масло и сирење, со додавање на сол, црн пипер и лимонов сок. Сезонските салати се направени од свеж зеленчук  за тоа време од годината. Салатите имаат хранлива вредност, и содржат витамини и минерали. Најчесто салатите се сметаат за диетална храна, затоа што содржат малку калории, а големи количини на вода и растителни влакна.

Видови на салата

уреди

Главната поделба на салата е зимна и летна. Летни салати се: салата од свежи краставици, зелена салата, салата од домати, пиперки и кромид и сл. Зимски салати се: салата од >кисела зелка, салата од цвекло, туршија, кисели краставици итн.

Салатата како тема во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Салата од стаорци“ (Rat Salad) - песна на британската хард-рок група „Блек сабат“ (Black Sabbath) од 1970 година.[3]

Наводи

уреди
  1. „salad“. Merriam-Webster. Посетено на 16 August 2014.
  2. „salad“. Oxford Dictionaries. Oxford University Press. Архивирано од изворникот на 2014-08-19. Посетено на 16 August 2014.
  3. DISCOGS, Black Sabbath ‎– Paranoid (пристапено на 31.8.2019)

Литература

уреди