Монах

(Пренасочено од Калуѓер)

Монах[1] или калуѓер[2] — лице кое по сопствена волја стапило во манастир. Зборот монах потекнува од старогрчки: μοναχός, односно од μόνος, што значи „еден“. Зборот, пак, калугер потекнува од καλό(ς)-γῆρος, што значи „добар старец“.

Монаштвото во христијанството

уреди
 
Св. Антониј Велики, татко на христијанското монаштво

Монасите се појавиле за време на гонењето на христијаните при што некои толку свикнале на одвоен живот од другите луѓе, што и понатаму останале во пустините. Постојат два вида монаштво: анхоретски или пустински; и општожитие. Како основачи на монаштвото се сметаат св. Антониј Велики и св. Пахомиј Велики. Пред замонашувањето се поминува извесно време во послушание (искушеништво), задолжително под надзор на некој духовен отец. Потоа, искушеникот се постригува во мала схима и така станува монах. Поради огромниот углед на монасите, епископите ги земаат за свои советници (наречени сингели или протосингели) и од нив се бираат кандидатите за епископ од монасите. Монасите полагаат три завети при замонашувањето: сиромаштво, безбрачност и беспрекорно послушание. Главниот монах во манастирот се вика игумен, а во поголемите манастири тој се вика рхимандрит. исто така, и кај монасите постојат степени на напредувања, како: свештеноѓакон (јероѓакон), свештеномонах (јеромонах) итн. Целта на монахот е да се моли за сите луѓе. Кога христијанството било прогонувано од византиските цареви или од другите владетели, монасите се јавувале како бескомпромисни борци за верата и голем од нив пострадале во маченичка смрт.

Монасите како мотив во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Просветлениот нос“ — краток расказ на македонскиот писател Живко Гроздановски.[3]
  • „Песните на еден калуѓер“ (српски: Песме једног калуђера) — песна на српскиот поет Јован Јовановиќ - Змај.[4]
  • „Монах стои пред портите манастирски“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[5]
  • „Епитаф на монах Теодор от Гари“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[6]
  • „Монахот од Кучевиште што создава ружи“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[7]
  • „Запис“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[8]
  • „Откачени калуѓери“ (англиски: Funky monks) — песна на американската рок-група Ред хот чили пеперс (Red Hot Chili Peppers) од 1991 година.[9]
  • Милосрдни сестри (англиски: The Sisters Of Mercy) — англиска рок-група, основана во 1980 година.[10]

Наводи

уреди
  1. „монах“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „калуѓер“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 316-317.
  4. Јован Јовановиħ Змај, Песме. Београд: Рад, 1963, стр. 209-215.
  5. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 95.
  6. Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 37.
  7. Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 60.
  8. Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 18.
  9. Discogs, Red Hot Chili Peppers ‎– Blood Sugar Sex Magik (пристапено на 8 март 2021)
  10. Discogs, The Sisters Of Mercy (пристапено на 9 ноември 2021)