Тона

метричка единица за маса
(Пренасочено од Тони)

Тонa (наречена и тон; симб. т, t) е единица за маса од метричкиот систем еднаква на 1000 килограми или 1 мегаграм (1 Мг).[1] Единицата не е дел од системот SI, но е прифатена за употреба со нетовите единици.[2][3] Во САД има назив „метричка тона“ за да се избегне забуна со „кратката“ тона.[4]

Во други единици

уреди

Една тона е еднаков на:

  • еден мегаграм (по дефиниција);
    • мегаграмот, (Мг, Mg) е службен поим на SI, но ретко наоѓа употреба; друг недостаток е тоа што симболот Мг е мошне сличен на симболот за милиграм, „мг“ (mg)
  • 10000,453 592 37 фунти (точно, согласно дефиницијата на фунтата),[5]
    • прибл. 2.205 фунти (lb)
  • 98,42% од долгата тона
    • еден долг тон (2.240 lb) е 101,605% од тоната
  • 110,23% од кратката тона
    • еден кратка тона (2.000 lb) е 90,72% of од тоната

Изведени единици

уреди

Во општа употреба, големите маси се изразуваат во милиони тони. Единиците килотон, мегатон и гигатон во практика се однесуваат на енергијата што ја ослободуваат големи експлозии како атомското оружје и високоенергетски природни појави. Како такви, тие се само приближни заокружувања.

Тони Грамови
Кратно Назив Симбол Кратно Назив Симбол
100 тона т / t 106 мегаграм Мг / Mg
103 килотон кт / kt 109 гигаграм Гг / Gg
106 мегатон Мт / Mt 1012 тераграм Тг / Tg
109 гигатон Гт / Gt 1015 петаграм Пг / Pg
1012 тератон Тт / Tt 1018 ексаграм Ег / Eg
1015 петатон Пт / Pt 1021 зетаграм Зг / Zg
1018 ексатон Ет / Et 1024 јотаграм Јг / Yg

Изразување на енергија преку масата

уреди

Изразот „тони тринитротолуол (ТНТ)“ се користи како посреден начин на изразување на големи количества на ослободена енергија. Во употреба се претставките: „кило-“, „мега-“ и „гига-“, особено кога станува збор за енергијата што ја оддава атомското оружје, врз основа на согорливата енергија на ТНТ 4.2 МЏ/кг (или една термомеханичка калорија на милиграм). Оттука, 1 килотон ТНТ = 4,2 ТЏ, 1 Мт ТНТ = 4,2 ПЏ.

Единицата за енергија во системот SI e џулот (Џ, Ј). Ако една експлозија на ТНТ оддава 1.000 мали (термохемиски) калории на грам (4,2 kJ/гр.), еден тон ТНТ би оддал 4,2 гигаџули.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „тона“ — Лексикон на македонскиот јазик
  2. Меѓународен систем на мерни единици (SI) (PDF), VIII изд, 2006, Став 4.1 (англиски)
  3. Табела 6. МБТМ. пров. 10 јули 2011 (англиски)
  4. „Метрички мерен систем: Толкување на Меѓународниот систем на мерни единици во САД“ (PDF). Федерален регистар. 63 (144): 40333–40340. 28 јули 1998. 63 FR 40333. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-15. Посетено на 2013-05-12. (англиски)
  5. Барбро, Л.Е.; Џадсон, Л.В. (1976). Стандардни за тегови и мерки на САД – Краток историјат. Архивирано од изворникот на 2008-05-11. Посетено на 2013-05-12. (англиски)