КК Академија ФМП
КК Академија ФМП е кошаркарски клуб од Скопје, Македонија. Клубот моментално се натпреварува во Првата македонска кошаркарска лига.
КК Академија ФМП | |||
---|---|---|---|
Лига | Прва Лига Мажи | ||
Основан | 2013 | ||
Место | Скопје | ||
Бои на клубот | сина, бела | ||
Позиција Втора лига 2018/19 | Вицепрвак (унапреден) | ||
Дресови | |||
|
ИсторијаУреди
Клубот бил основан како академија во 2013 година.[1] Во сезоната 2014/15, Академија ФМП пријавила екипа во Третата лига, која завршила на второто место и била унапредена во Втората лига.[2] Следната сезона, сега како второлигаш, Академија ФМП завршил на последното десетто место на табелата со што отпаднал од Втората лига. Но поради пополнување на испразнети места во Втората лига, клубот бил вратен во второлигашкото друштво. Сезоната 2016/17, ФМП завршил на високото трето место. Во сезоната 2017/18, Академија била четврта во Лигата. Сезоната 2018/19 била историска за клубот. Академија го освоила првото место во Втората лига - Исток без пораз и со тоа обезбедила пласман во разигрувањето за Првата лига. Во разигрувањето Академија била поразена во финалето од МЗТ Аеродром (вториот состав), но како вицепрвак влегле во баражот за упредување против последниот прволигаш и го добиле баражот со што се квалификувале во Првата македонска лига.
Моментален составУреди
број | име | висина см | позиција | години | националност | пристигнал во (година) |
претходен клуб |
---|---|---|---|---|---|---|---|
19 | Горан Главчев | 191 | Бек | 27 | Македонија | 2020 | Работнички |
7 | Лука Петровски | 196 | Разигрувач | 24 | Македонија | 2020 | Куманово 2009 |
12 | Ваљмир Какруки | 202 | Центар | 20 | Македонија | 2020 | МЗТ Аеродром - младински состав |
17 | Славчо Темелковски | 199 | Центар | 20 | Македонија | 2020 | Вардар |
8 | Борјан Обедниковски | 196 | Крилен центар | 19 | Македонија | 2020 | Пелистер |
9 | Бојан Стојаноски | 24 | Македонија | 2019 | Вардар | ||
9 | Љубиша Димитровски | 193 | Крилен центар | 18 | Македонија | 2020 | МЗТ Уни Банка (II) |
10 | Филип Стојановски | 195 | Крило | 24 | Македонија | 2021 | Куманово 2009 |
15 | Никола Анастасовски | 20 | Македонија | 2019 | АВ Охрид | ||
Никола Груевски | 18 | Македонија | 2020 | ||||
3 | Лука Стојановски | 189 | Бек | 21 | Македонија | 2019 | МЗТ Аеродром |
Александар Тодоровски | 20 | Македонија | |||||
14 | Оливер Двојаковски | 204 | Центар | 24 | Македонија | 2020 | Куманово 2009 |
Филип Ѓорѓиев | 18 | Македонија | 2020 | ||||
0 | Роналд Харис | 190 | Бек | 26 | САД | 2019 | Ирвин Вели Колеџ |
21 | Теодор Атанасов | 206 | Центар | 24 | Србија | 2020 | Куманово 2009 |
77 | Стефан Крстајиќ | 190 | Бек | 25 | Србија | 2020 | Приморје 1945 |
Извор:Кошаркарска федерација на Македонија Архивирано на 31 октомври 2020 г. eurobasket.com
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ „За Академијата“. fmp.mk преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2019-09-23. Посетено на 23 септември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Трета лига мажи - Сезона 2014/15“. Македонска Кошаркарска Федерација преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2016-11-12. Посетено на 23 септември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
Надворешни врскиУреди
- Официјално мрежно место на Академија ФМП
- Официјално мрежно место на КФМ Архивирано на 31 јули 2017 г.
- КК Академија ФМП на eurobasket.com (англиски)