Византиско-персиска војна (602-628)

Персиско-византиската војна (602-628) претставува најдолготрајниот и најжестокиот конфликт од серијата конфликти меѓу Византија и Персиската империја, која довела до целосен колапс на двете држави и која војна создала предуслови за арапското освојување на Блискиот Исток. Претходниот конфликт помеѓу двете империи завршил во 591 година, откако византискиот цар Маврикиј помогнал на персискиот шах Хосрој да го заземе сасанидскиот престол. Во 602 година Маврикиј бил убиен од својот политички противник Фока што станало повод шах Хозрој II да започне војна против новиот император. Војната се оддолжила повеќе од две децении и се водила на територијата на целиот Близок Исток и на дел од Балканот, во Египет, Левант, Месопотамија, Анадолија и дури пред ѕидините на Цариград. Лев Гумиљов оваа војна ја нарекол "Светска војна на VII век".

Византиско-персиска војна (602-628)
Дел од Византиско-персиски војни
Idealized painting of a battle between Heraclius' army and Persians under Khosrau II c. 1452
Датум 602-628
Место Кавказ, Анадолија, Египет, Левант, Месопотамија
Исход византиска победа
Територијални
промени
Статус кво
Завојувани страни
Византија,
Западен Турски каганат
Арапски племиња лојални на Ираклиј
Персија,
Авари
Кнежевство Иберија
еврејски востаници (ca. 614)
Арапски племиња лојални на Персија

Позадина уреди

По децении војни со променлив карактер меѓу двете империи, император Маврикиј успеал да ја прекине Персиско-византиската војна која се водела од 572 до 591 година, помагајќи на персискиот принц Хозрој да се наметне над узурпаторот Бахрам и да го заземе заслужениот сасанидски престол. Во знак на благодарност Хозрој II и дал на Византија делови од североисточна Месопотамија, Ерменија и Кавкаска Иберија[1][2][3]. Освен тоа персискиот шах ја ослободил Византија од годишниот данок, кој пред тоа таа го плаќала. Од друга стрна пак, Маврикиј започнал кампања кон Балканот за запирање на Аварите и Словените[4][5].

Симнувајќи го од својот грб овој тежок и исцрпувачки товар за државната каса, Маврикиј презел мерки за штедење. За остварување на таа цел, императорот ги намалил парите доделени за војската[6], што го направил исклучително непопуларен меѓу војниците. Во 602 година незадоволството на војниците прераснало во востание против императорот, кое избило меѓу војниците кај реката Дунав[7][8]. Откако војниците за свој командант го избрале генералот Фока, војниците се упатиле кон Цариград[1][8][9]. Императорот Маврикиј започнал подготовка за одбрана на градот и го предупредил народот во главниот град. Но кога бунтовниците на чело со Фока се приближиле кон градот, жителите на главниот град, исто така се кренале на востание. Маврикиј успеал со своето семејство да побегне на азискиот дел од градот, каде заедно со својот најголем син и наследник на престолот Теодосиј се упатиле кон Халкедон, за да побараат помош од Персијците. Во меѓувреме, Фока пристигнал во престолнината и бил крунисан за император. Неколку недели по овој настан, Маврикиј бил фатен и убиен од луѓе на новиот император[8][10][11][12], а истата судбина во Никеја ја доживеал и неговиот син Теодосиј.

Конфликт уреди

Хозрој II против Фока уреди

По убиството на Маврикиј, управитѕелот на Месопотамија Нарсес јавно се изјаснил против узурпаторот Фока и го зазел градот Едеса - главен град на византиска Месопотамија[13]. Фока испратил војници против Нарсес, принудувајќи го последниот да побара помош од Хозрој II. Хозрој II, кој сакал да се одмазди за убиството на Маврикиј, свој другар, ја искористил смртта како повод да нападне и да ги освои повторно византиските територии во Ерменија и Месопотамија[14][15]. Нарсес подоцна сакал да преговара Фока[16], но кога го повикал во Цариград, императорот наредил да биде жив изгорен[17].

Во војската на Хозрој се наоѓал човек, претставувајќи се за Теодосиј - синот на Маврикиј. Тој бил крунисан, а шахот му дал војска, која била поразена кај Дар.

Во следните години Хозрој започнал голем напад против Византија. Во 604 година, по подолга опсада бил вратен Дар. За време на освојувањето на градот, епископот на градот се самоубил, исплашен од мачеништвото кое му следувало од Персијците. Кон 607 година Персијците успеале да ја заземат цела Месопотамија.

Граѓанска војна уреди

Во 608 година африканскиот егзарх Ираклиј Стариот, заедно со неговиот брат Григориј, според хиерархијата во семејството, покренале буна против узурпаторот Фока, кој го симнал од престолот на Маврикиј шест години пред тоа. Востаниците исекле свои монети, на кои се гледаат двајцата Ираклии со царски атрибути, иако никој од нив не бил прогласен за император[18].

По ова тие успеале да соберат војска и флота. Никита, син на Григориј и прв братучед на Ираклиј започнал напади по копно во Египет, и откако во 609 година го поразил на Бонос, генералот на Фока, се прогласил за гувернер на провинцијата. Во исто време младиот Ираклиј се приклучил со флотата на исток, поминувајќи низ Сицилија и Кипар. Во околината на Цариград влегол во контакт со аристократите од градот, кои го убедиле дека ќе биде добредојден. При неговото пристигнување во градот, Ескувитите (елитната царска гарда, која се наоѓала под власта Фока) поминале на страна на Ираклиј и тој успеал да влезе во градот без отпор. Заробениот Фока бил донесен кај Ираклиј, кој го прашал: "Значи така управуваш со државата !?", на кое Фок му а одговорил: "Ти едвај ќе управуваш подобро!". Фока веднаш бил обезглавен од Ираклиј, а неговото тело било изгорено на Биковскиот форум[19]. По овој настан, Ираклиј бил прогласен за император на Римското Царство.

Хозрој II против Ираклиј уреди

На 5 октомври 610 година Ираклиј бил крунисан во црквата Света Софија. Иако императорот Ираклиј се обидел да склучи мир, Хозрој одбил да преговара сметајќи го сè уште за узурпатор. Првите воени дејствија на Ираклиј завршиле неуспешно и Персијците продолжиле на запад. Тие го зазеле Дамаск во 613, а во 614 и Ерусалим, каде војниците предизвикале големи оштетувања на базиликата на Светиот гроб, во кое време бил украден и Светиот крст. По ова, тие продолжиле кон Египет и навлегле во Анадолија[20].

Во 626 година, во отсуство на царот Ираклиј, Цариград бил опколен од Аварите, но обидите на Персијците да помогнат на новите сојузници, поминувајќи низ Босфор пропаднале поради силната византиска флота. Населението на градот, предводено од патријархот Сергиј, дал силен отпор и Аварите ја завршиле опсадата. Во тоа време Ираклиј го убедил генерал Шахрбараз дека Хосрој II наредил неговото убиство од завист, со кое постигнал негова неутралност.

Во решавачката битка кај Ниневија во 627 година, византиските сили им на еле голем пораз на Персија, но самиот шах и покрај поразот не го прифатил мирот, по кое Ираклиј продолжил да напредува кон Ктесифон, главниот град на Персија. Пред византиските легии да стигнат до градот, персиската аристократија го детронизирала Хосрој II. Наследникот на престолот потпишал мировниот договор, враќајќи и ги на Византија сите територии освоени од Персијците. Династијата на Сасанидите никогаш не се опоравила од овој пораз. На 14 септември 628 година победникот Ираклиј се вратил триумфално во Цариград.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Norwich 1997, стр. 87
  2. Oman 1893, стр. 151
  3. Dodgeon, Greatrex & Lieu 2002, стр. 174
  4. Dodgeon, Greatrex & Lieu 2002, стр. 175
  5. Oman 1893, стр. 152
  6. Treadgold 1998, стр. 205–206
  7. Luttwak 2009, стр. 401
  8. 8,0 8,1 8,2 Treadgold 1997, стр. 235
  9. Oman 1893, стр. 153
  10. Oman 1893, стр. 154
  11. Ostrogorsky 1969, стр. 83
  12. Norwich 1997, стр. 88
  13. Dodgeon, Greatrex & Lieu 2002, стр. 183–184
  14. Oman 1893, стр. 155
  15. Foss 1975, стр. 722
  16. Dodgeon, Greatrex & Lieu 2002, стр. 184
  17. Norwich 1997, стр. 89
  18. Mitchell 2007, p. 411.
  19. Olster 1993, p. 133.
  20. Gibbon 1998, стр. 777