Фабија Евдокија
Фабија Евдокија (околу 580-612) била византиска царица, прва жена на царот Ираклиј I.
Евдокија | |
---|---|
Византиска царица | |
Полно име | Фабија Евдокија |
Роден(а) | околу 580 |
Родно место | Африкански егзархат |
Починал(а) | 13 август 612 |
Место на смрт | Цариград |
Почивалиште | Црква Свети Апостоли (Цариград) |
Придружник на | Ираклиј I |
Деца | Евдокија Епифанија, Константин III Ираклиј |
Династија | Ираклиева династија |
Татко | Рога |
Вистинското име на императорката било Фабија. Таа била ќерка на Рога, крупен земјопоседник од Егзархија Африка.
Фабија била свршена за идниот император Ираклиј уште додека тој престојувал во Африка, каде што неговиот татко, Ираклиј бил егзарх на Картагина. Во 608 семејството на нејзиниот свршеник застанало на чело на бунт против императорот Фока. Под непознати околности Фабија и мајката на Ираклиј, Евфименија биле заробени од Фока во 610 година. Двете жени биле затворени во манастирот Неа Метаноја и биле користени од Фока како заложници, за да се откаже Ираклиј од неговите планови за опсада на Цариград.
Двете жени најверојатно биле ослободени од приврзаниците на партијата на Зелените и биле предадени на Ираклиј на островот Калоними. Ова му овозможило на Ираклиј да ја продолжи борбата против императорот Фока. Ираклиј влегол со војниците во Цариград без никаков отпор и го убил Фока.
На 5 октомври 610 Ираклиј бил крунисан за император во црквата Свети Стефан во имперторския палата. Фабија и императорот се венчале малку подоцна истиот ден. Потоа Фабија го прифатила името Евдокија и титулата августа.
Таа на императорот Ираклиј му родила две деца:
- Евдокија Епифанија (родена на 7 јули 611 година)
- Ираклиј Константин (роден на 3 мај 612 година)
Фабија-Евдокија починала на 13 август 613 година. Според хрониката на патријархот Никифор причината за смртта била епилепсија. Патријархот Никифор раскажува дека на погребот на императорката станало инцидент, кој јасно ја покажала популарноста на Евдокија меѓу населението. Една слугинка започнала да плука преку еден од прозорците од горниот кат на дворецот додека погребната поворка поминувала покрај неа. Збеснатата толпа веднаш ја фатиле на слугинката и ја изгориле жива.
Евдокија била погребана во црквата Свети Апостоли во Цариград.
Претходник Леонтија |
Византиска царица 610–612 |
Наследник Мартина |