Битка кај Аџнадајн
Битката кај Аџнадајн (арапски: معركة أجنادين) се одвила во јули или август 634 година помеѓу силите на Византија и Праведниот Калифат на територијата на денешна Палестина и Израел. Битката е дел од Византиско-арапските војни и Муслиманското освојување на Сирија, а завршила со победа на Праведниот Калифат.
Битка кај Аџнадајн | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Византиско-арапски војни Муслиманско освојување на Сирија |
|||||||||
|
|||||||||
Завојувани страни | |||||||||
Византија | Праведен Калифат | ||||||||
Команданти и водачи | |||||||||
Всрдан † Теодор | Халид ибн ал-Валид Амр ибн ал-Ас |
||||||||
Сила | |||||||||
max. 10,000[2] – 20,000[3] | max. 10,000[2] – 20,000[3] | ||||||||
Жртви и загуби | |||||||||
50,000 [4] | 575[4] |
Позадина
уредиСпоред Дејвид Никол, армијата на Праведниот Калифат го напуштиле главниот град Медина најверојатно на есен на 633 или на почетокот на 634 година. Тие најпрвин во Битката кај Датин на 4 февруари ги поразиле Византијците, по кој пораз Ираклиј бил принуден да испрати засилување во јужните делови на империјата. На Халид ибн ал-Валид му било наредено да прекине со операциите против Персија и да се пренасочи кон Сирија. Во Сирија, муслиманите издвојувале победа во Битката кај Босра по кое заедно со неговите генерали ја продолжиле експедицијата[5].
Халид ги обединил силите со Амр ибн ал-Ас во местото познато како Аџнадајн. Точното место на битката сè уште не е утврдено, но врз основа на топографијата на регионот, историчарите сугерираат дека битката се водела покрај реката на населеното место Елах. Во врска со текот на битката од византиски извори, постојат малку информации бидејќи често се мешат со битите од другите византиски порази кај Датин и Јармук. Најраниот извор се појавува во хрониката Фредегар во 660 година[6].
Сили
уредиВо однос големината на армиите со кои располагале двете страни, Хамилтон Александар Роскин Гиб во делото Енциклопедија на исламот тврди дека двете сили броеле околу 10,000 војници, и дека бројките кои се дадени од страна на муслиманските историчари се претерани, особено во однос на Византијците[2] David Morray in the Oxford Companion to Military History, however, places both armies ar approximately 20,000 strong.[3]. Дејвид Мореј од оксфордскиот универзитет смета дека бројот на војници на двете страни бил околу 20,000 луѓе.
Византијците биле предводени од братот на византискиот цар Ираклиј, Теодор[2][7]. Муслиманските извори го именувале како Патрикос (командант) на емеса, која била главна византиска база во Сирија во раниот период од муслиманското освојување на Сирија. Според некои извори, тој своите сили ги регрутирал од северните територии на империјата, односно од Ерменија, или пак од армија која била придружувана од страна на самиот император Ираклиј во Сирија. Освен овие сили, византиските сили најверојатно вклучувале и локални арапски племиња со христијанска вероисповед[8]. Од друга страна пак, муслиманската армија била составена од три одделни групи, со кои групи управувале Халид и Амр[2][6].
Битка
уредиВизантијците во оваа битка претрпиле голем пораз, и биле принудени да се повлечат кон Дамаск[2]. Од друга страма и муслиманите имале големи загуби, вклучувајќи и неколку членови на раната муслиманска аристократија кои, откако загинале, биле претставени како маченици.[9]. Според муслиманските извори, византиските сили имале големи загуби и дека еден од двајцата команданти (најверојатно Вардан) загнал во битката, додека Теодор успеал да побегле најпрвин на север, каде Ираклиј најпрвин го разрешил а потоа го испратил во затвор во Цариград[10].
Ираклиј по битката се повлечел од Емеса кон Антиохија, додека преживеаните византиски сили побегнале кон најблиските тврдини на населените места[11]. Во следниот период цела Палестина била отворена за муслиманските напади, особено во внатрешнните делови далеку од крајбрежните градови. Како резултат на овие настани, во регионот започнала да се шири голема паника, додека арапската армија повторно се разделила на неколку делови сè додека повторно не биле соединети по повод византискиот обид за запирање на муслиманската инвазија во Битката кај Фахл шест месеци подоцна[2]
Наводи
уреди- ↑ Irfan Shahid (1996). Review of Walter E. Kaegi (1992), Byzantium and the Early Islamic Conquests. Journal of the American Oriental Society 116 (4), p. 784.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Gibb 1986, стр. 208.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Morray 2001, стр. 23–24.
- ↑ 4,0 4,1 Lieutenant-General Agha Ibrahim Akram (1970). The Sword of Allah: Khalid bin al-Waleed, His Life and Campaigns, page 467. Nat. Publishing House. Rawalpindi. ISBN 978-0-7101-0104-4.
- ↑ D. Nicolle, Yarmuk 636 AD - The Muslim Conquest of Syria, Osprey, 1994, p. 46.
- ↑ 6,0 6,1 Kaegi 1995, стр. 98.
- ↑ Kaegi 1995, стр. 98–99.
- ↑ Kaegi 1995, стр. 99.
- ↑ Athamina 2014.
- ↑ Kaegi 1995, стр. 100.
- ↑ Kaegi 1995, стр. 100–101.
Извори
уреди- Akram, Agha Ibrahim (1970). The Sword of Allah: Khalid bin al-Waleed, His Life and Campaigns. Rawalpindi.
- Athamina, Khalil (2014). „Ad̲j̲nādayn“. The Encyclopedia of Islam, Third Edition. BRILL. ISSN 1573-3912.
- Donner, Fred McGraw (1981). The Early Islamic Conquests. Princeton University Press. ISBN 1400847877.
- Gibb, H.A.R. (1986). „Ad̲j̲nādayn“. The Encyclopedia of Islam, New Edition, Volume I: A–B. Leiden and New York: BRILL. стр. 208. ISBN 90-04-08114-3.
- Kaegi, Walter Emil (1995). Byzantium and the early Islamic conquests. Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-48455-8.
- Morray, David (2001). „Ajnadain, battle of“. Во Richard Holmes (уред.). The Oxford Companion to Military History. Oxford University Press.