Сергеј I Цариградски

Сергеј I Цариградски (9 декември 638) — Вселенски патријарх од 610 до 638 година. Тој е најмногу познат на монотелитиското христијанство, особено преку Ектезисот.[1]

Сергеј е роден во сириско јакобитско семејство.[2] Тој станува Вселенски патријарх во 610 година. Тој исто така бил познат поддржувач на царот Ираклиј I, крунисувајќи го за цар во 610 година.[3] Сергеј исто така му пружил поддршка на Ираклиј I во неговите походи против персијците. Серггеј исто така имал важна улога во одбраната на Цариград против аварите за време на нивната опдсада на Цариград во 626 година. Сергрјовата поврзаност со политичките и религиозните власти му дало можност за влијание во религиозните и политичките заедници за да ја зајакне својата идеја за монотелитизмот како правата претстава за Исус Христос во црквата. Сето ова наишло на голем отпор, особено од поддржувачите на халкидонството, Максим Исповедникот и Софрониј. Тој возвратил на нивното противење да ги прифатат идеите за монотелитизмот, Сергеј одговорил со Ектезисот, равенка која ја забранувала идејата дека личноста на Христос имала две енeргии и предност давала на идејата дека личноста на Исус имала две природи кој се обединувале во една волја.Ектезисот бил потпишан од страна на Ираклиј I во 638 година, tво истата година кога Сергеј починал.[4]Ектезисот ќе биде прифатена доктрина две години, смртта на Хонориј I придонела за намалување на поддршката за монотелитизмот. Ектезисот бил осуден во 640 година од страна на Јован IV.[5] Дополнително, Сергеј и Хонориј I биле прогласениза кривоверци од страна на црквата во 680-681 година од страна на шестиот вселенски собор.[6]

Почетоци уреди

Се верува дека Сергеј имал некаква важност пред да биде избран за Цариградски Цариградски патријарх. Сергеј бил ѓакон во Св. Софија, а истовремено бил и надгледник на пристаништето. Сергеј станал Цариградски патријарх на 18 април 610 година.[7] Почитувајќи ги обичаите поврзани со Цариградскиот патријарх, Сергеј го крунисал Ираклиј I за цар во октомври 610 година и ја покрстил Ираклиевата ќерка. Сергеј исто така го советувал Ираклиј I по смртта на неговата сопруга Евдокија и пред неговиот брак со Мартина, Ираклиевата внука.[7] НА тој начин, Сергеј развил блиско пријателство со царот, кое ќе му послужи во иднина.

In 614 година, персиската армија го заземала Ерусалим, притоа оштетувајќи ја базиликата на Светиот Гроб и го земале вистинскиот крст, кој првичнo бил откриен од страна на Елена. Бил организиран противнапад против персијците во 622 година од страна на Ираклиј I. Сергеј го обезбедил потребните финансиски средства за кампањата од фондовите на црквата.[8] Сергеј успеал во ова пријавувајќи фондови во облик на црковни приходи и бродови. Се вели дека и бронзениот бик пред форумот Таури бил стопен за да се употреби за ковање на пари.[9] Може да се каже дека Сергеј е заслужен за задржувањето на статусот на Цариград како главен град на Византија. Цариград страдал за време на походот против персијците поради недостатокот на жито од Египет кој бил заземен од страна на Персија. Ираклиј I верувал дека со поместувањето на главниот град во Картагена полесно ќе се обезбедело храна за населението. Обидувајќи се да насобере доволно пари за да овозможи Цариград да остане главен град, Сергеј тргувал со слободниот леб кои граѓаните го добивале во градот практика задржана од времето на Рим бидејќи властите не можеле да си го дозволат ова,[8] идеја која логички не функционирала.

Во 622 година, Сергејовите способности биле признати од страна на Ираклиј I. Како резултат на ова, Ираклиј I го задолжил Сергеј да се грижи за неговите синови Теотокос и Константин III.[10] Во 626 година за време на отсуството на царот поради походот против Персија, аварите го опсадиле Цариград. Заедно со воениот управник Bonus, тој бил именуван за регент и бил одговорен за одбраната на градот. Тој водел литургија за Одигитриската икона моменти пред конечниот напад на аварите, и веднаш по завршувањето силна бура ја уништила флотата, спасувајќи го Цариград. Се вели дека Сергеј ја носел иконата на мајката божја на ѕидините на Цариград. Бурата се сметала за чудо од страна на Богородица, а Сергеј дека бил тој кој ја убедил да интервенира.[10] Се зборувало дека некоја мината ода од православната црква била компонирана во чест на оваа битка и Сергеј.[2]

Монотелитизам уреди

Позадина уреди

Со победата над персијците, поделбите во општеството на верска основа започнале повторно да се пројавуваат меѓу верувањата на монофизитите и халкедонистите. Ираклиј I и Сергеј планирале да го воведат поимот ‘монергизам’.[11] Верувале дека на овој начин со нивнато верска формула ќе бидат во можност да ги поврзат различните верски гледишта и да обезбедат чувство на обединување во самата империја. Сергеј го промовирал верувањето дека Исус Христос имал две природи но една волја, познато како монотелитизам. Се надевал дека идејата ќе им се допадне на халкедонистите и дека следбениците на монофизитствотово империјата како што се споиле основните начела земени од двете учења. На почетокот, Сергеј имал успех, придобивајќи ги патријарсите Атанасиј Александриски и Кир Александриски Антиошки. Во 633 година монотелитистите започнале да наидуваат на отпор од халкедонистите, воглавно од монасите Софрониј и Максим Исповедникот.[11] Во 633 година, Софрониј заминал за африка да ја оспори доктрината која Кир ја наметнал на Египет. За оваа цел, Сергеј го испратил својот архиѓакон Петар на синодот во Кипар 634 година, чиј домаќин бил архиоскопот Аркадиј II и со други пратеници испратени од Хонориј I. Противниците на монотелитизмот од Ерусалим, водени од страна на Максим и Софрониј, го испратиле на овој синод Анастасиј Апокрисаријски ученик на Максим, Георги Решаински ученик на Софрониј, и два ученицина Георги, и дополнителни осум епископи од Палестина. Кога двете страни му биле претставени на царот, царот го подржил монотелитизмот а со тоа и Сергеј.[12] Токму во овој период околу 633 година Сергеј побрзал да ја изрази важноста на монотелитизмот на папата Хонориј I. Сергејовото писмо до Хонориј го информирало папата за значењето на соединувањето постигнато во Александрија и за оа како треба да се гледа волјата на Христова.[11] Хонориј се сложил со Сергејовите верувања, изненаден од способноста на Сергеј да постигне теолошки договор во источните цркви, и му се причестил на Исус кој имал една волја но две природи. Хонориј се повлекува од оваа позиција во следното писмо до Сергеј, најверојатно како резултат на писмото од синодот напишано од Софрониј до Хонориј.[13]

Ектезис уреди

Сергеј се обидувал да создаде формула која во целост би можела да ги задоволи халкедонистите и монофизитите.[14] Евентулно донело до дискусија за тоа дали Исус имал една или две енергииво себе и инсистиралдека Господ имал две различни природи во едно тело и волја.[5] Сергеј оваа своја изјава ќе ја нарече Ектезис, или Излагање. Овие верувања биле блиски со оние на Хоминиј. Ова ја зацврстило Сергејовата формула во круговите на халкедонистите и монофизитите.[15] Може да се каже дека Хоминиј не ја разбрал целосно Сергејовата формула, но е прифатено дека ја прифатил истата.[16] Сепак Ектезисот не бил прифатен од страна на сите халкедонисти, Софрониј гледал на истиот до точка што објавил указ против истиот.[17] Царот Ираклиј I се колебал да ја потпише Сергејсовата работа. Сергеј го завршил Ектезис во 636 година, и истиот не бил потпишан од страна на Ираклиј I сè до 638 година, истата година кога починал Сергеј.Ектезисот од 638 година бил издаден од царот Ираклиј I во договор со Сергеј. Овој документ го дефинирал монотелитизмот како официјална империјална христијанска религија, и ќе остане како голем спор во наредните години по неговото спроведување.

Ефектите од ектезисот уреди

Првичните ефекти од ектезисот биле силно почувствувани низ целото религиозно општество. Сергејовиот наследник, Пир, кој бил избраник на Сергеј, го прифатил монотелитизмот како официјална империјална доктрина. Понатамошно, поголемиот број на последователни наследници биле монофизити, зацврстувајќи го и ширејќи го. халкидонското верување значително се намалило и остатокот користењето било во критична состојба. Сето ова ќе се смени следната година на многу спротивен начин.[18]

Смртта на Сергеј, Повлекување на Ектезисот, и последиците уреди

Сергеј починал во декември 638 година, неколку месеци откако Ираклиј I го потпишал Екстезисот. И покрај брзото почетно ширење на монотелитизмот, во 640 година нагло доаѓа до запирање. Се случиле серија на настани во краток период. Хонориј и Сергеј, починале во 638 година. Прво, наследникот на Хонориј, Северин, силно се противел на прифаќањето на монотелитизмот. неговиот наследник, Јован IV,бил уште поголем противник.[19] Конечно, по смртта на Ираклиј I во 641 година, како и двајцата последователни цари Константин III и Констанс биле православни и го отстраниле Екстезисот како официјална империјална доктрина, по барање на Јован IV.[5] Ова дополнително го сузбило остатокот монотелитизмот и православното учење набрзо се вратило низ целата империја. До 680 година целата поддршка за монотелитизмот исчезнала и православието повторно се вратило во целост. Римскиот Велигденски синод во 680 година усвоил дека Христос имал две волји и сите кои ќе се спротивстават на ова ќе бидат прогласени за кривоверци. Монотелитизмот бил конечно прогласен за ерес на шестиот вселенски собор, 680-681 година, како што биле прогласени Сергеј I Цариградски и Хонориј I, кој до ден денес е единствениот папа кој е прогласен за еретик.[5] Пренесено директно од записите на:

„…Хонориј I во еден период папа во Стариот Рим, како и писмото на вториот до Сергеј, забележуваме дека овие докуменити се страни за апостолските догми, како и на указите на светите собори, и до сите отци, атие ги следат учењата на кривоверците…“ [20]

Соборот имал вкупно 18 сесии за да го прогласи Сергеј за еретик, првиот бил во ноември 680 година, а последниот во септември 681 година.[5]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Vauchez, 2012
  2. 2,0 2,1 Louthe 2005, p.7-8
  3. Alexander 1977, 218-222
  4. Ekonomou 2007, 90-93
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Hussey, 1986
  6. Ullman 1972, 60, 63
  7. 7,0 7,1 Ekonomou 2007, 92-95
  8. 8,0 8,1 Runciman 1977, 54-57
  9. Alexander 1977,218-219
  10. 10,0 10,1 Ekonomou 2007, 93-95
  11. 11,0 11,1 11,2 Louthe 2005, 8-10
  12. Brock 1973
  13. Allen, Bronwen Neil 2002, 3
  14. Rose 1857, 12
  15. Ekonomou 2007, 97-98
  16. Runciman, 56-58
  17. Rose 1857, 9-12
  18. Ekonomou 2007, 97-99
  19. Louthe 2005, 13-16
  20. L. and C., Concilia, Tom 680

Извори уреди

  • Alexander, Suzanne Spain. "Heraclius, Byzantine Imperial Ideology, and the David Plates." Speculum. 52.2 (1977): 218-222. Print.
  • Allen, Pauline, and Bronwen Neil. Maximus the Confessor and his Companions Documents froм Exile. 1. New York, New York: Oxford University Press, 2002. Print.
  • Ekonomou, Andrew J. Byzantine Rome and the Greek Popes: Eastern Influences on ..., Parts 590-752. 1.Plymouth, UK: Rowman & Littlefield Publishers, Inc., 2007. Print.
  • Brock, Sebastian P., “An Early Syriac Life of Maximus the Confessor”, Analecta Bollandiana 91 (1973): 299-346. Web.
  • Hussey, J.M. The Orthodox Church in the Byzantine Empire. 1. Oxford, England: Oxford UniversityPress, 1986. eBook.
  • L. and C., Concilia, Tom. "The Sentence Against the Monothelites. Session XIII.." NPNF2-14. The Seven Ecumenical Councils 680. col. 943.Christian Classics Ethereal Library. Web. 16 Oct 2013. <http://www.ccel.org/ccel/schaff/npnf214>.
  • Louth, Andrew. Maximus the Confessor. 1. London: Taylor & Francis e-Library, 2005. 7-16. eBook.
  • Rose, Hugh James. A New General Biographical Dictionary, Volume 12. 12. London: Bell & Co Cambridge, 1857. 8. Web.
  • Runciman, Steven. The Byzantine Theocracy: The Weil Lectures, Cincinnati. Cambridge, Britain: Cambridge University Press, 1977. 54-61. Print.
  • Ullmann, Walter. A Short History of the Papacy in the Middle Ages. 2. New Fetter Lane, London: Methuem & Co. LTD, 1972. Print.
  • Vauchez, André. Encyclopedia of the Middle Ages. 2012. Cambridge, Britain: James Clarke & Co, 2002. Print. <http://www.oxfordreference.com/view/10.1093/acref/9780227679319.001.0001/acref 9780227679319-e-2620?rskey=egvat3&result=1>.
Духовни титули
Претходник
Тома I
Цариградски патријарх
610–638
Наследник
Пир