Масакр кај Пуста Кула
Масакрот кај Пуста кула е масовно убиство извршено од страна на бугарската окупациона полиција над седум припадници на Народноослободителното движење. Масакрот се случил на 14 септември 1942 година, во близина на селото Рудник, Велешко кај месноста „Пуста Кула“,[1] во близина на денешниот автопат Велес-Скопје.
Масакр кај Пуста Кула | |
---|---|
Стреланите кај Пуста Кула | |
Место | Пуста Кула |
Датум | 14 септември 1942 |
Мртви | 7 |
Сторители | бугарската војска |
Настан
уредиБугарската полиција без пресуда стрелала и масакрирала седум припадници на Народноослободителното движење. Тие од Скопскиот истражен затвор со камион биле донесени и стрелани[2] кај месноста „Пуста Кула“ на 14 септември 1942 во близина на селото Рудник, Велешко. Панче Пешев и Раде Бурчевски успеале да избегаат.[3]
Секоја година Општинскта организација на Сојузот на борците од Велес го одбележува датумот на овој злосторнички чин.[4] Во април 2017 година на локацијата на масакрот била поставена спомен-плоча.[5]
Жртви
уредиВо масакрот биле убиени: Панче Бурчевски, Перо Грковски, Андреја Басаровски, Атанас Димовски и Душан Димитриевски од селото Рудник, Камка Тоцинова од Велес и Амед Лојков од селото Иванковци.[6]
Наводи
уреди- ↑ Велес и Велешко во НОВ 1941–1945. Спомен книга, Т. Велес, 1985.
- ↑ Велешки партизански одред 1942, Скопје, 1999.
- ↑ Миле Тодоровски „Крвав ѕверски акт“, „Вардарски глас“, 15 октомври 1977, 11 стр.
- ↑ „Обележана годишнината од масакрот на Пуста Кула“. Општина Велес. Посетено на 2014-10-20.
- ↑ „Одбележани 75 години од формирањето на Народноослободителниот одред 'Димитар Влахов'“, „Република“, 22.04.2017.
- ↑ „Одбележување на 72 годишнината од масакрот на Пуста Кула“
Литература
уреди- Миле Михајлов, „Еден документ за стралањето на група затвореници од скопскиот затвор во месноста Пуста кула – Велешко 1942“, во „Гласник на ИНИ“, 1977, бр. 1, 175-183 стр.
Надворешни врски
уреди- Тихомир Каранфилов, „Стрелањето кај месноста „Пуста Кула“, „Македонска нација“, 4 јуни 2014.