Ловеч
Ловеч (бугарски: Ловеч) — град во северна Бугарија, административен центар на општината Ловеч и на Ловечката Oбласт. Има население од околу 32.832 жители (2022).[1]
Ловеч Ловеч | |
---|---|
град | |
![]() Поглед на градот од паркот Стратеш | |
Местоположба на Ловеч во Бугарија | |
Координати: 43°08′05″N 24°42′42″E / 43.134777°N 24.711535°E | |
Земја | Бугарија |
Област | Ловеч |
Општина | Ловеч |
Управа | |
• Градоначалник | Страцимир Петков (ПП, Има таков народ и Бугарски подем) |
Површина | |
• Вкупна | 70,00 км2 (27,03 ми2) |
Надм. вис. | 200 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 32,832 |
• Густина | 470/км2 (1,200/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 5500 |
Повик. бр. | +359 068 |
Мреж. место | lovech.bg |
Географија и местоположба
уредиГрадот се наоѓа во планиски регион на границата помеѓу Дунавската Рамнина и старопланискиот Предбалкан, сместен на двата брeга на реката Ос’м. Одстои на 150 км североисточно од главниот град Софија.
Ловеч е еден баланс помеѓу планискиот и рамниниот релјеф. На исток е заграден од 250 метрово плато, каде се наоѓа паркот Стратеш и завршува со архитектурно-историскиот резерват „Вароша“. На југозапад, Ловеч е заобиколен од ридот Хисарјa и паркот Баш Бунар.
Историја
уредиПоради важната стратешка локација на денешниот град Ловеч, овде Римјаните ја изградиле тврдината Мелта. Во текот на средниот век, тврдината била седиште на подоцнежните бугарски владетели Иван Асен I и Теодор Петар. Во 1187 година овде бил потпишан мировниот договор со Византија, со кој започнува Второто бугарско царство.
За време на османлиското владеење, градот бил важен занаетчиски и трговски центар и поради неговиот просперитет бил наречен Алт’н Лофча („Златен Ловеч“). Револуционерот Васил Левски (1837-1873) го избрал градот за центар на внатрешниот отпор и борбата за ослободување на Бугарија.
За време на комунистичкото владеење, во близина на Ловеч постоел работен логор, каде биле убиени многу противници на режимот. Приемот во кампот е главно политички мотивиран. Тоа беше таен и еден од најсуровите логори во Бугарија.[2][3][4]
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
- ↑ Янко Янков: Кутията на пандора, из-во „Янус“, София, 2007, стр. 330 – 340, Онлайн версия
- ↑ Христо Христов: Секретното дело за лагерите
- ↑ Разказ на Кольо Колев, бивш лагерник в лагера в Ловеч
Надворешни врски
уредиОваа статија место во Бугарија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |