ОУ „Стојан Бурчевски“ - Иванковци
Основно училиште „Стојан Бурчевски“ (официјално: Основно општинско училиште „Стојан Бурчевски“ - Иванковци; скратено: ООУ „Стојан Бурчевски“) — централно основно училиште во велешкото село Иванковци, Општина Велес.[1]
Стојан Бурчевски
| |
---|---|
Место | |
Општина: | Општина Велес |
Наречено по: | Стојан Бурчевски |
Нас. место: | Иванковци |
Адреса: | ул. „Гоце Делчев“, бб, с. Иванковци |
Местоположба | |
Основни информации | |
Основано: | 1945 |
Настава на: | македонски |
Контактни информации |
Училиштето е именувано по македонскиот партизан Стојан Бурчевски.
Историја
уредиУчилиштето е создадено во 1945 година од страна на општинскиот одбор на општина Отовица, Велешка Околија. За училиштето може да се каже дека минало низ четири етапи во својот развој и тоа: првата од 1945 - 1955 година, втората од 1955 - 1963 година, третата од 1963 - 1991 година и четвртата од 1991 година па до денес.
Во првата етапа од 1945 година, во училиштето има четири училници, една сала и станови за двајца учители. Училиштето е градено од страна на жителите на месното население. Во учебната 1949-50 година, училиштето е именувано како народно основно училиште. Наставата се реализирала на два јазика - македонски и турски од прво до седмо одделение. Вкупниот број на ученици бил 332, од кои Македонци 71 и Турци 250. Во 1950 година, училиштето го носи името ШЕСРАК, учеле вкупно 287 ученика од кои 82 Македонци, а Турци 205 ученика. Наставата се реализирала на македонски и турски јазик. Во учебната 1952-53 година училиштето го добило името Народно основно училиште „Кардишлик Бирчик“ во кои учеле 243 ученика од кои наставата се изведувала на македонски и турски јазик сè до 1955/56 година со вработени 13 учители и 7 лица помошен персонал. Прв управител на училиштето била Вангелија Горгиова. Од 1956/57 година училиштето го добива името „Стојан Бурчевски Буридан“ како четиригодишно училиште. Учениците учеле во четири паралелки две македонски и две турски. Во училиштето предавале двајца учители - Турци, а на македонски една Бугарка и еден Македонец. Од 1957/58 година во училиштето се изведува настава само на македонски јазик. Во 1958/59 година во училиштето е формирана и работи една ученичка задруга и библиотека со 400 книги. Од 1960/61 год. прераснува во општинско основно училиште, односно е именувано како осмолетка со подрачните училиште во Џидимирци, Рудник, Ветерско, Сопот, Отовица, Кумарино, Лугунци, Мамутчево, Кумарино и Крушје. Од 1961 објектот претрпел повеќе промени.
Во 2011 година училиштето било целосно опожарено, но тоа продолжило да функционира во модуларно училиште со 4 училници и работа во две смени. Во 2017 година се изградило уште едно училиште со 4 училници.
Во ова училиште настава посетуваат ученици само од населеното место Иванковци кое работи во две смени. Располага со четири училници, опремено со мебел, две канцеларии, две WC простории, просторија за остава и просторија за парен котел. Една училница е опремена со 10 компјутери и наставата по ИКТ се реализира по сите наставни предмети.
Подрачни училишта
уредиВо составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:
- ПУ „Стојан Бурчевски“ - Мамутчево, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Стојан Бурчевски“ - Отовица, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; и
- ПУ „Стојан Бурчевски“ - Сојаклари, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Галерија
уреди-
Подрачното училиште во Сојаклари
-
Зградата на подрачното училиште до V одделение во село Мамутчево
Наводи
уреди- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-04.