Западна Померанија-Риген
Западна Померанија-Риген (германски: Vorpommern-Rügen) — округ во северниот дел на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се граничи со (од запад надесно) Балтичкото Море и окрузите Западна Померанија-Грајфсвалд, Мекленбуршка Езерска Област и Росток. Седиштето на округот е ханзеатскиот град Штралзунд.[2]
Западна Померанија-Риген Landkreis Vorpommern-Rügen | ||
---|---|---|
округ | ||
Земја | Германија | |
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија | |
Седиште | Штралзунд | |
Површина | ||
• Вкупна | 3.188 км2 (1,231 ми2) | |
Население (31 декември 2022)[1] | ||
• Вкупно | 227.683 | |
• Густина | 71/км2 (180/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Рег. таб. | VR, GMN, NVP, RDG, RÜG Штралзунд: HST | |
Мреж. место | www.lk-vr.de |
Западна Померанија-Риген се одликува со разновидна крајбрежна пејзажна линија, тргнувајќи од многуте лагуни, плажи и гребени, дел од нив заштитени во националните паркови Западнопомерански лагуни и Јазмунд. Областа е исто така многу популарно одредиште за домашните и меѓународните туристи, вклучувајќи го Риген, најголемиот остров во Германија, островот Хидензе, полуостровот Фишланд-Дарс-Цингст и соседниот град Барт со Аеродромот Штралзунд Барт, пристаништето Засниц и Штралзунд, кој претставува светско културно наследство на УНЕСКО.
Историја
уредиОкругот бил основан со спојување на поранешните окрузи Северна Западна Померанија и Риген и поранешниот слободен град Штралзунд, како дел од локалната административна реформа во септември 2011.[2] Името на округот било одлучено на референдум на 4 септември 2011.[3] Проектното име за округот било Северна Западна Померанија.
Градови и општини
уредиСлободни градови | Слободни општини |
---|---|
Општински заедници | |||
---|---|---|---|
|
|
|
|
1седиште на општинската заедница;2град |
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2022 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. 2023. (германски)
- ↑ 2,0 2,1 „Административна реформа во Мекленбург-Западна Померанија“. Архивирано од изворникот на 2011-10-04. Посетено на 5 септември 2011.
- ↑ „Резултати од референдумот“. Посетено на 5 септември 2011.
54°20′N 13°00′E / 54.333° СГШ; 13.000° ИГД
Оваа статија за место во Мекленбург-Западна Померанија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |