Северна Западна Померанија
Северна Западна Померанија (германски: Nordvorpommern) — поранешен округ во северниот дел на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Округот бил создаден во 1994 со спојување на претходните три окрузи Гримен, Рибниц-Дамгартен и Штралзунд. На 4 септември 2011 бил припоен кон новосоздадениот округ Западна Померанија-Риген.
Северна Западна Померанија Nordvorpommern | |
---|---|
округ | |
Земја | Германија |
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
Основан | 1994 |
Укинат | 2011 |
Седиште | Гримен |
Површина | |
• Вкупна | 2.168 км2 (837 ми2) |
Население (31 декември 2010) | |
• Вкупно | 105.547 |
• Густина | 49/км2 (130/ми2) |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Рег. таб. | NVP |
Мреж. место | http://www.lk-nvp.de |
Се наоѓал на брегот на Балтичкото Море, каде целосно го опкружувал градот Штралзунд. Кон североисток, одвоен од Штралзунд и Северна Западна Померанија од Штрелазунд, се наоѓал островот Риген, административно дел од истоимениот округ. Други соседни окрузи биле (од исток надесно) Источна Западна Померанија, Демин, Гистров и Бад Доберан.
Географија
уредиБрегот е карактеризиран од продолжениот полуостров, Фишланд-Дарс-Цингст. Помеѓу полуостровот и копното постои многу плитка лагуна, која е дел од Националниот парк Западнопомерански лагуни, како и целиот полуостров.
Историја
уредиНиз вековите, областа била најзападниот дел на Померанија. До 1819 била шведска територија, потоа пруска територија, по што била наречена Нова Западна Померанија (Neuvorpommern).
Грб
уредиГрбот прикажува два грифона. Златниот грифон на лево е симбол на принцовите од Росток. Црниот грифон на десно потекнува од грбот на Померанија, кој сепак користел црвен грифон како нивен симбол. Територијата на округот била владеена од померанските војводи, кои користеле црн грифон.
Грбот бил донесен на 3 декември 1997. |
Градови и општини
уредиСлободни градови | Слободни општини |
---|---|
Општински заедници | ||
---|---|---|
|
|
|
1седиште на општинската заедница;2град |
Надворешни врски
уреди„Северна Западна Померанија“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)