Гримен
Гримен (германски: Grimmen) — град во округот Западна Померанија-Риген, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија.
Гримен | |
Црква Св. Богородица | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
Округ | Западна Померанија-Риген |
Градски единици | 12 |
Градоначалник | Бено Ристер (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 50,29 км2 |
Надм. височина | 9 м |
Население | 9.586 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 191 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | NVP |
Пошт. бр. | 18507 |
Повик. бр. | 038326 |
Портал | www.grimmen.de |
Местоположба на градот Гримен во рамките на округот Западна Померанија-Риген | |
Координати | 54°06′36″N 13°02′29″E / 54.11000° СГШ; 13.04139° ИГД |
Географија
уредиГримен се наоѓа во јужниот дел на округот Западна Померанија-Риген, претходно припаѓајќи на округот Северна Западна Померанија, на кого бил и административно седиште. Градот се наоѓа на бреговите на реката Требел, околу 30 километри јужно од Штралзунд и 30 километри западно од Грајфсвалд. Градот е поврзан со железницата Штралзунд-Нојштрелиц-Берлин и со автопатот А20. Во близина на градот се наоѓаат општинската заедница Францбург-Рихтенберг на запад, општинската заедница Милцов на север и општината Зидерхолц на југоисток.
Градски единици
уредиПокрај градот Гримен, во рамките на административните граници спаѓаат и следниве единици:
- Апелсхоф
- Герлахсру
- Греленберг
- Грос Лемхаген
- Хајдебринк
- Хоенварт
- Хоенвиден
- Јесин
- Клајн Лемхаген
- Штолтенхаген
- Фитлип
Соседни општини
уредиОпштини со кои се граничи градот се (запишано надесно започнувајќи од север): Витенхаген, Вилмсхаген, Зидерхолц, Вендиш Багендорф, Шплитсдорф и Папенхаген.
Историја
уредиГримен бил основан во текот на источното населување на Германците, кога околу 1.250 трговци и занаетчии од Долна Саксонија, Вестфалија и Долна Рајна се населиле на местото, кое потоа станало дел од Кнежевството Риген. Првиот документ во кој се споменува Гримен е од 1267. Во 1287, извештај напоменува дека фогтот Бертхолд го преземал градот, а воедно се споменува дека Гримен веќе ги добил градските права претходно. Официјалниот документ е изгубен, па така не се знае точниот датум кога градот се стекнал со градските права. Според тоа, 700-годишнината на градот била прославена во 1987. Од 1325, Гримен припаѓал на Војводството Померанија.
Во текот на Триесетгодишната војна, градот бил ограбен неколкупати. По војната, Гримен станал дел од Шведска Померанија. Од 1695 до 1697, градоначалникот Јоханес Флитнер немилосрдно ги казнувал обвинетите вештерки; најмалку седум од нив биле убиени. Во 1797, голем пожар го уништил скоро целиот град. Во 1800, шведскиот крал Густав IV Адолф го посетил Гримен и престојувал во т.н. кралска куќа. По Виенскиот конгрес во 1815, Шведска Померанија со Гримен станале дел од пруската Покраина Померанија. Административната реформа од 1816 го направила градот, административно седиште на округот.
На крајот на Втората светска војна, Гримен се предал на Црвената армија без борба во април 1945. Во 1960-тите се изградиле бројни нови фактори и земјоделски претпријатија, што предизвикало силен раст на градот. Откако комунистичкиот режим во Источна Германија паднал во 1989, старите градби во градот биле обновени. По реформата на окрузите во 1994, Гримен станал административно седиште на округот Северна Западна Померанија, додека од 2011 Гримен е дел од новосоздадениот округ Западна Померанија-Риген.
Демографија
уредиГодина | Жители |
---|---|
1600 | 1.000 |
1712 | 850 |
1800 | 1.840 |
1900 | 3.616 |
1946 | 8.298 |
1990 | 14.242 |
1993 | 13.376 |
2000 | 11.585 |
2006 | 11.032 |
2008 | 10.655 |
2009 | 10.419 |
2010 | 10.399 |
Меѓународни односи
уредиЗбратимени градови
уредиЗнаменитористи
уредиГрадби
уредиНајстара градба во градот е Црквата Св. Богородица, изградена во 1267. Од старите бедеми и ѕидини, останати се три порти изградени во готски стил од тули:
- Воденичката порта (Mühlentor, изградена ~1320)
- Штралзундска порта (Stralsunder Tor, изградена ~1320)
- Грајфсвалдска порта (Greifswalder Tor, изградена помеѓу 1350 и 1400).
Други знаменитости се Градското собрание, изградено во готски стил од тули околу 1400 година, и водокулата, изградена во 1933.
Зоолошка градина
уредиЗоолошката градина во Гримен поседува повеќе од 250 животни од 50 различни видови. Зоолошката градина е отворена во 1957 година и исто така поседува голема разновидност на растенија и изобилува со зелени зони.
Луѓе
уреди- Кристијан Фридрих Монике, теолог и преведувач
- Хајке Гец, новинар
Галерија
уреди-
Штралзундска порта
-
Воденичка порта
-
Грајфсвалдска порта
-
Градско собрание
-
Водокулата
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Гримен“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)