Аренсхоп
Аренсхоп (германски: Ahrenshoop) — општина во округот Западна Померанија-Риген, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија на полуостровот Фишланд-Дарс-Цингст на Балтичкото Море. Порано било мало рибарско село, но денес е познат како туристичко одморалиште.
Аренсхоп | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
Округ | Западна Померанија-Риген |
Месна заед. | Дарс/Фишланд |
Градоначалник | Ханс Геце |
Основни податоци | |
Површина | 5,24 км2 |
Надм. височина | 3 м |
Население | 680 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 130 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | NVP |
Пошт. бр. | 18347 |
Повик. бр. | 038220 |
Портал | www.ostseebad-ahrenshoop.de |
Местоположба на Аренсхоп во рамките на округот Западна Померанија-Риген | |
Координати | 54°22′53″N 12°25′12″E / 54.38139° СГШ; 12.42000° ИГД |
Историја
уредиАренсхоп бил првпат споменат во 1311 како одредница на границата на градот Рибниц. Во 1328, војводата Хајнрих II на Мекленбург ја поклонил областа источно од оваа граница на манастирот од Рибниц. Во 1395 силите на градот Росток го уништиле упориштето, изградено од Богислав VI на Померанија и пристаништето на Аренсхоп. Во 1591 била одредена границата помеѓу Мекленбург и Померанија, која минувала низ селото, која постои и денес како гранична патека („Grenzweg“). По Вестфалскиот мир во 1648, источниот дел на селото станал дел од Шведска Померанија до 1815, кога Шведска ја предала Померанија на Прусија. Додека Мекленбург не се приклучил на германскиот Царински сојуз во 1868, секој морал да плаќа такси при поминување на границата. Најголем дел од жителите биле рибари.
Во 1889, сликарите Паул Милер-Кемпф и Оскар Френцел го „откриле“ селото, воодушевени од пејзажот и започнале ликовна колонија, која станала особено популарна помеѓу сликарите, како што се Маријане Верефкин, Ерих Хекел и Герхард Маркс. Во 1894, Аренсхоп имал 150 туристи, но тој број постојано се зголемувал. Денес, Аренсхоп е познат како „сликарска бања“ и е популарно место за сликари и други познати лица.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Аренсхоп на Ризницата ?
- Официјална страница
Оваа статија за место во Мекленбург-Западна Померанија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |