Преров
Преров (германски: Prerow) — општина во округот Западна Померанија-Риген, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Ова балтичко приморско одморалиште на полуостровот Дарс е сместено на половина пат помеѓу историските ханзеатски градови Росток и Штралзунд. Тоа е една од трите главни населби на Дарс, а другите се селата Борн и Вик. Преров има убаво песочни плажи и сликовит пејзаж. Прастарата шума Дарс има околу 50 километри пешачки и велосипедски патеки.
Преров | |
Воздушен поглед на Преров | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
Округ | Западна Померанија-Риген |
Месна заед. | Дарс/Фишланд |
Градоначалник | Андреас Мелер |
Основни податоци | |
Површина | 11,17 км2 |
Надм. височина | 3 м |
Население | 1.492 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 134 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | NVP |
Пошт. бр. | 18375 |
Повик. бр. | 038233 |
Портал | www.ostseebad-prerow.de |
Местоположба на Преров во рамките на округот Западна Померанија-Риген | |
Координати | 54°26′49″N 12°34′4″E / 54.44694° СГШ; 12.56778° ИГД |
Приморското одморалиште Преров се наоѓа во рамки на Националниот парк Западнопомерански лагуни, кој се протега од Аренсхоп долж јужниот брег на островот Хидензе.
Самиот Преров бил рибарско село, но сега претставува приморско одморалиште. Благодарение на неговите климатски одлики, како и близината на морето, шумата и добрата вода, отсекогаш бил признаен како бања. Во 1998, министерот за социјални и економски прашања официјално го признал селото како приморско и здравствено одморалиште.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Преров“ на Ризницата ? |
- Официјална страница Архивирано на 27 јули 2012 г.
- Национален парк
Оваа статија за место во Мекленбург-Западна Померанија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |