Хидензе
Хидензе (германски: Hiddensee; службено Insel Hiddensee) — остров во Балтичкото Море, сместен западно од најголемиот остров во Германија, Риген. Административно припаѓа на округот Западна Померанија-Риген во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија. Општината Остров Хидензе (до 2 февруари 1993 само Хидензе) го опфаќа целиот остров, како и малиот остров источно од Хидензе Феринзел и припаѓа од 2005 на општинската заедница Запад-Риген.
Хидензе | |
Светилникот Дорнбуш на островот Хидензе | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
Округ | Западна Померанија-Риген |
Месна заед. | Запад-Риген |
Градоначалник | Томас Генс |
Основни податоци | |
Површина | 19,02 км2 |
Надм. височина | 0−72 м |
Население | 1.010 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 53 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | RÜG |
Пошт. бр. | 18565 |
Повик. бр. | 038300 |
Портал | Хидензе |
Местоположба на Хидензе во рамките на округот Западна Померанија-Риген | |
Координати | 54°32′24″N 13°5′34″E / 54.54000° СГШ; 13.09278° ИГД |
Бил омилено одредиште за одмор на источногерманските туристи во текот на времето на ГДР и продолжува да привлекува туристи и денес со неговата природна убавина. На островот се наоѓа орнитолошката станица на Грајфсвалдскиот универзитет. Герхарт Хауптман и Валтер Фелзенштајн се закопани на островот.
На приватните возила не им е дозволен пристап на островот.
Име
уредиИмето Хединсај била напишано од Саксон Граматик и означува нешто како „Островот на Хедин“. Легендарниот норвешки крал, Хедин, се претпоставува дека се борел за жена или само за злато. Под данска власт, името „Хединс-Е“ (Hedins-Oe) било вообичаено. Дури во 1880 островот бил прикажуван во германските карти како „Хиденсје“ (Hiddensjö), а во 1929, во германските водичи за одмор како „Хидензе“ (Hiddensöe). Неговата целосна германизација во денешното име е релативно неодамна спроведена.
Географија
уредиХидензе е околу 16,8 километри долг, околу 250 метри широк на неговата најтесна точка и околу 3,7 километри широк на неговата најширока точка. Тој е најголем остров во рамките на Националниот парк Западнопомерански лагуни. Се наоѓа западно од островот Риген и е поделен на неколку делови, нерамниот северен дел со височини од 70 метри (Дорнбуш, чиј највисок врв е Бакенберг со 72 метри), песочниот и голиот дел во средината (Диненхајде) и рамниот јужен дел со само неколку метри над морето, Гелен. Во североистокот се наоѓаат два песочни спруда, долги по три километри, Алтер Бесин и Нојер Бесин (Alter Bessin и Neuer Bessin). Островот се граничи со залиФите Шапродер Боден и Фитер Боден на исток, Геленштром (бродски канал до Штралзунд) на југ и отвореното Балтичко Море на запад и север.
Геологија
уредиОд геолошка гледна точка, островот Хидензе е многу млад пејзаж и бил создаден во текот на последното ледено доба пред околу 12.000 години. Леденото доба оставило млада морена. Како последица на топењето на мразот на копното, дупките и подземните делови биле исполнети со вода; претходникот на денешното Балтичко Море, Анцилоското Езеро се исполнило. Поради тоа само гребените како Дорнбуш останале видливи како острови. Конечниот облик на брегот во јужниот дел на Балтичкото Море бил создаден во текот на Литориското Езеро пред околу 7.000 до 2.500 години. Пред околу 5.000 години, морското ниво го достигнало денешното ниво и Дорнбуш и два постари јадра станале острови. Пред 4.500 години, струите на солената вода од Северното Море биле значајно намалени. Оттогаш, Балтикот постепено станувал помалку солен. Како последица на крајбрежната ерозија, остроФите се промениле кон нивниот денешен облик во текот на времето. На пример, поранешните три острови биле приклучени еден со друг со нивно растење. Овој процес сè уште носи песок од северниот дел на Дорнбуш. Во 2000, 60.000 м³ наслаги од северниот дел на Хидензе се срушиле во морето. Во просек, гребените на Дорнбуш се намалуваат за околу 30 сантиметри по година. Во средината на март 2004, дополнителни 10.000 м³ се срушиле во морето. Геолошки гледано, Хидензе е област со постојани промени. Земјата носена од северниот дел се измива повторно во јуќниот дел и на источната страна на Шапродер Боден. Ова предизвикало создавање на два геолошки нови ракави на јужниот крај на Гелен: Алтер Бесин и Нојер Бесин. Алтер Бесин започнал да се појавува пред околу 300 до 400 години и веќе имал должина од 3 километри во средината на XIX век. Оттогаш скоро и да не се изменил. Од друга страна, Нојер Бесин започнал да се појавува во 1900 и расте 30 до 60 метри годишно и веќе е долг три километри. Во меѓувреме, започнал да се создава и трет Бесин.
Клима
уредиХидензе е под влијание на балтичката крајбрежна клима со променливи влијанија на морската и континенталната клима. Особено е тоа дека има чести, остри и променливи ветрови и долги сончеви периоди. Во просек има 1.850 сончеви часа во годината. Поради тоа, Хидензе е едно од најсончеФите места во Германија. Една особена одлика е т.н. меѓупериод на ветерот, кога има слаб ветер на морето и предизвикува различни температури на морето и копното. Ова предизвикува морско развигорче во утрото кое го снемува во попладнето или вечерта.
Просечната годишна температура на островот е 8 °C. Просечната брзина на ветрот во Клостер е 7 м/с. Во споредба со соседниот остров Риген, просечните врнежи на Хидензе се значително помалку, со 540 мм.
Во 2008, Хидензе-Дорнбуш било најсончевото место во Германија, како што било објавено од временската служба Meteomedia, со 2.168 часа сонце.[2] Податоците биле прибрани од сопствена метеоролошка станица.
Флора и фауна
уредиХидензе е најголемиот остров во Националниот парк Западнопомерански лагуни. Во поголемиот дел од новата земја во североистокот (Алтер и Нојер Бесин) и на југот (Гелен) на Хидензе се населиле бројни безрбетниците, како црви и школки. Ова од друга страна обезбедува храна за бројни птици кои се селат. На пример, областа околу островот е едно од најважните места за населување на жерави во Германија. Јужниот крај на островот, како и Нојер Бесин, влегува во првата заштитна зона на националниот парк. На островот постојат два природни резервати, „Диненхајде“ (Dünenheide) помеѓу Нојендорф и Фите и „Дорнбуш и Шведенхагенер Уфер“ (NSG Dornbusch und Schwedenhagener Ufer) во северниот дел.
Националниот парк има центар за посетители во Фите со постојана изложба на фауна и флора.
Во 1936 на островот била основана Птичјата опсерваторија Хидензе.
Општински единици
уредиОпштината Остров Хидензе (Insel Hiddensee) има четири општински единици (од север на југ):
Грибен
уредиГрибен е најстарото, најсеверното и најмалото село на Хидензе и се наоѓа на источниот дел од височините на островот. Неговото име потекнува од словенскиот збор гриб (кој означува „печурка“). Грибен нема сопствено пристаниште.
Клостер
уредиСелото Клостер го добило неговото име од поранешниот цистерцијански манастир, кој постоел од 1296 до 1536 во близина на денешното пристаниште во Клостер. Бил распуштен со реформацијата. Денес, Клостер со куќата на Герхарт Хауптман, црквата и островските гробишта со гробови на Герхарт Хауптман, Валтер Фелзенштајн и Грет Палука е културен центар на Хидензе. Се наоѓа на крајот на висорамнините (Hochland), чија највисока точка е Дорнбуш. Во Клостер се наоѓаат Биолошката станица Хидензе и Птичјата опсерваторија Хидензе, обете придружни членки на Грајфсвалдскиот универзитет, кои биле создадени од Биолошкиот истражувачки институт Хидензе, основан во 1930.
Фите
уредиФите, првпат споменат во 1513, е главната населба и најголемото и најсредишното село на островот. Името потекнува од vit; збор кој се користи за места каде била продавана риба. Во Фите се наоѓа општинската администрација. Покрај тоа постои фериботска станица. Добрата се пренесуваат со електрични трактори до пазарите, продавниците и рестораните на островот. Понекогаш помалите добра сè уште се доставуваат од коњски приколки. Голетот на Хидензе, помеѓу Фите и Нојендорф, е исто така дел од Фите. Во Фите се наоѓа најстарата зачувана куќа на островот, „Вештерската куќа“ (Hexenhaus), стара летна куќа на Адолф Рајхвајн).
Нојендорф
уредиНојендорф е најјужната населба на Хидензе. Жителите на Нојендорф од другите жители на островот се наречени Јужнаците (Die Süder). Иако Нојендорф е на само шест километри од Фите, неговите жители говорат различен дијалект. Големи делови на Нојендорф претставуваат пасишта, па така куќите се наредени во линија. Не постојат патеки, па до некои адреси може да се стигне само преку трева. Нојендорф поседува свое пристаниште.
Нојендорф се состои од две првично независни села: постарото, Плогсхаген, кое постоело од почетокот на XIII век и денешниот Нојендорф, кое било создадено во 1700 со преселување на луѓето од Гламбек. Руини од овие населби се сè уште видливи во североисточниот дел на населбата.
Јужно од Нојендорф се наоѓа т.н. Гелен, важен птичји резерват кој припаѓа на првата заштитна зона на Националниот парк Западнопомерански лагуни и поради тоа е забранет пристапот на него.
Историја
уредиДо 1800
уредиПрвата населба на островот се основала во средното и новото камено доба. Откако германското население го напуштила јужниот Балтик во VI век, Рујаните (словенско племе) се населиле на островот. Во 1168, кралот Валдемар I ги поразил Рујаните и ја освоил тврдината Јаромарсбург на ’ртот Аркона, поради што потпаднале под данска власт и го вовел христијанството. Потоа, Хидензе бил под данска власт. На 13 април 1296, Хидензе бил доделен од принцот на Риген Вицлав II на манастирот Нојенкамп. Тука бил основан цистерцијански манастир, наречен Св. Никола, по патронот на морнарите. Всушност, манастирот бил наречен манастир Хидензе (Kloster Hiddensee) цело време од неговото постоење. Истовремено со изградбата на манастирот, од 1302 до 1306, црквата Гелен била изградена јужно од островот, како и мал светилник и првото пристаниште. Денес, темелите на овие градби се сместени западно од Гелен во Балтичкото Море.
Во 1332, островската црква, која е сè уште зачувана, била осветена во моменталната парохија на Клостер, надвор од ѕидините на манастирот, особено за фармерите и рибарите на островот. Поради префрлањето на крстилницата од црквата Гелен во новата црква, црковните должности отсега биле вршени таму. Цилиндричниот свод, изграден околу 1781, бил насликан со рози во 1922 од берлинскиот уметник, Николас Нимајер.
Манастирот бил распуштен во 1536 при реформацијата. Во текот на Триесетгодишната војна од 1618 до 1648 мешовитата дабова шума на Дорнбуш била запалена по наредба на Валенштајн во 1628. Намерата била да не се дозволи данското искористување на островот како извор на дрво за нивните бродови. Дури и денес може да се види слој на пепел, неколку сантиметри под тревата. Во годините од 1648 во 1815, Хидензе, како и остатокот од Западна Померанија, се нашла под шведска власт. Од 1754 до 1780, Јоахим Улрих Гизе бил сопственик на островот и започнал да ископува глина за фабриката која ја основал (Stralsunder Fayencenmanufaktur).
Галерија
уреди-
Рибарски брод на плажа на Хидензе
-
Светилникот Дорнбуш
-
Сателитска слика на Хидензе
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2022 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. 2023. (германски)
- ↑ Sonnenschein. Rügen hält die Spitze. In: Südkurier на 3 јануари 2009
Надворешни врски
уреди„Хидензе“ на Ризницата ? |
- Преглед за Хидензе — галерија на The New York Times