Фишланд-Дарс-Цингст

Фишланд-Дарс-Цингст (германски: Fischland-Darß-Zingst)[1][2][3] — полустров, долг 45 километри, во крајбрежниот округ Западна Померанија-Риген, во германската сојузна покраина Мекленбург-Западна Померанија. Трите дела на полуостровот, од запад кон исток, се Фишланд (дел од Мекленбург), Дарс и Цингст (дел од Померанија).

Фишланд, Дарс и Цингст
Стрмен брег и песочна плажа на Дарс, близу Аренсхоп

Постојат шест села на полуостровот, Вустров, Аренсхоп, Борн, Вик, Преров и Цингст. Помеѓу полуостровот и копното се наоѓа многу плитка лагуна (долногермански: bodden), која е дел од Националниот парк Западнопомерански лагуни, заедно со полуостровот.

Историја

уреди

Во праисторијата, главниот дел Фишланд, како и Дарс и Цингст биле острови. Тие станала постојано поврзано со копното како последица на затнувањето на водните канали од луѓето помеѓу XIV и XIX век.

Во текот на поплавата на Балтичкото Море во 1872, која го поплавила Преров на Дарс, Преровер Штром, која дотогаш го одвојувала островот Цингст од Дарс, се затнала со блато. Во 1874, Преровер Штром конечно бил пополнет, со што Цингст станал полуостров.

Источниот дел на полуостровот Цингст и средината на Дарс се дел од Националниот парк Западнопомерански лагуни.

Наводи

уреди
  1. Кол, Хорст; Марчинек, Јоахим и Ниц, Бернхард (1986). Географија на Германската Демократска Република, VEB Hermann Haack, Gotha, стр. 40. ISBN 978-3-7301-0522-1.
  2. Фишланд Дарс-Цингст - балтичка крајбрежна велосипедска патека на www.germany-tourism.de. 18 декември 2011.
  3. Fischland-Darss-Zingst - a sleepy and gorgeously natural peninsula Архивирано на 14 февруари 2014 г. на www.fischland-darss-zingst.net. 18 декември 2011.

Надворешни врски

уреди

54°24′42″N 12°32′28″E / 54.411662° СГШ; 12.541121° ИГД / 54.411662; 12.541121