Барт (град)
Барт (германски: Barth) — град во округот Западна Померанија-Риген, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на заливот (Bodden; плитка вода) на Балтичкото Море спроти полуостровот Фишланд-Дарс-Цингст. Се наоѓа близу Националниот парк Западнопомерански лагуни.
Барт | |
Поглед кон Црквата Св. Богородица | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
Округ | Западна Померанија-Риген |
Месна заед. | Барт |
Градски единици | 4 |
Градоначалник | Штефан Керт (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 40,83 км2 |
Надм. височина | 2 м |
Население | 8.777 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 215 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | NVP |
Пошт. бр. | 18356 |
Повик. бр. | 038231 |
Портал | www.stadt-Barth.de |
Местоположба на градот Барт во рамките на округот Западна Померанија-Риген | |
Координати | 54°22′N 12°43′E / 54.367° СГШ; 12.717° ИГД |
Историја
уредиБарт потекнува од средновековното германско доселување, пред областа да биде населена од Вендите од племето Љутичи или Рујани. Јаромар II, дански принц на Риген, му доделил градски права во 1255. Во истиот документ, се согласил да го повлече својот бург (Borgwall или Neue Burg), тогаш на северозападниот крај на границите на градот. Друг вендски бург (Alte Burg) близу денешната железничка станица, не бил користен повеќе. Германскиот град бил изграден на празниот простор помеѓу тврдините. Бидејќи не бил член на Ханзата, градот никогаш не стекнал важност и големина како соседните ханзеатски градови како Штралзунд. Последниот принц на Риген, Вицлав III, изградил суд на местото на поранешниот Neue Burg во 1315. Често престојувал во Барт.[2]
По смртта на Вицлав во 1325 без наследник, неговото кнежевство било наследено од Вартислав IV на Војводството Померанија, кој меѓутоа морал да ги потврди неговите барања со две последователни војни со Мекленбург. Во текот на овие војни, Барт бил утврден со камења и ѕидини од тули. Војните како и подоцнежните епидемии на црна смрт (1349, 1405 и 1451), како и поплавите го спречиле развојот на Барт. Во 1452, Барт бил заземен од мекленбуршките трупи, кога Вартислав IX не ги платил своите долгови. Борбите помеѓу померанските војводи Ерик II и Вартислав X на една страна и ханзеатските градови Штралзунд и Грајфсвалд, Мекленбург и Маркгрофовијата Бранденбург на друга страна имало дополнителен негативен удар на градот.[2]
Протестантска контрола
уредиВо 1533, протестантската реформација го претворила Барт во лутерански град. Во 1572, Богислав XIII повторно го изградил војводскиот суд во ренесансен стил и се оженил со Клер од Брауншвајг-Линебург, која подоцна била закопана во Барт. Богислав планирал да му се спротивстави на Штралзунд со основањето на Францбург во неговата внатрешност, при што Барт служел како пристаниште на Францбург. Иако планот на крајот пропаднал, инвестициите на Богислав довеле до мал раст, кој бил попречен од епидемиите на чума во 1597 и 1598.[2]
Во 1627, во текот на Триесетгодишната војна, царските сили на Валенштајн навлегле во протестантска Померанија и откога биле одвратени од Барт, повторно го зазеле и се одмаздиле. Пред шведските сили да влезат во Барт во 1630, царските сили предводени од Марицен кои се повлекувале го ограбиле градот. Како војната траела, некои жени обвинети за маѓесништво биле запалени во градот помеѓу 1645 и 1653, три од нив веќе биле запалени во 1611.[2]
Шведска Померанија
уредиПо војната, Барт станал дел од Шведска Померанија. Во раниот шведски период, три морски бури (1649, 1663 и 1693), пожар во 1662 и друг пожар во 1678 го уништиле градот; вториот пожар бил подметнат од бранденбуршкиот водач Фон Трефенфелд во текот на Нордиската војна. Во текот на Големата северна војна, избрканиот полски крал Станислав Лешчињски бил назначен во стариот војводски суд од неговиот пријател и сојузник, светиот римски цар Карло XII и останај од август 1710 до март 1711. Тогаш, Барт бил освоен од Данска. До крајот на војната, кога Барт станал повторно шведски, помалку од половината куќи во градот биле населени.[3] По пожарот во 1722, бројот на куќи бил намален на 76.[2]
Меѓутоа, градот се опоравил и во 1795, бројот на куќи се зголемил на 520, вдомувајќи население од 3.150. Сепак, градот не се проширил надвор од своите средновековни граници. Утврдувањата околу градот биле претворени во парк во 1786.[2]
Во 1807, во текот на Наполеоновите војни, Барт бил заземен од француски трупи. Шведскиот противнапад бил одбиен и Барт станал француски гарнизон до шведско-францускиот мировен договор.
Прусија
уредиШвеѓаните го напуштиле Барт откако Шведска Померанија била доделена на Прусија во 1815. Оттогаш, градот бил дел од Покраината Померанија.[2]
Во 1850, епидемијата на колера траела седум недели. Во 1872, Барт бил погоден од бура, која го поплавила, но водата се повлекла за десетина дена.[2]
Во текот на втората половина на XIX век, градот се проширил надвор од средновековните граници по првпат. На 1 јули 1888, Барт бил поврзан со железничката линија Росток-Штралзунд, во 1902 била изградена гасна централа, а во 1920 била воведена електрична енергија.[2]
Светски војни
уредиПо Првата светска војна, Слободната Држава Прусија го поместила седиштето на округот од Францбург во Барт.[2]
Во текот на Втората светска војна, во Барт се наоѓа воен камп „Сталаг Луфт I“, за заробени сојузнички војници. Присуството на воениот камп најверојатно го заштитило градот од сојузничкото бомбардирање.
ГДР и поново време
уредиОкругот Францбург-Барт бил распуштен во 1952, кога бил поделен помеѓу округот Рибниц-Дамгартен (со Барт) и округот Штралзунд, обата припаѓале на новосоздадениот Округ Росток (Bezirk Rostock).[4] Со падот на Железната завеса и повторното обединување на Германија, била започната акција за обновување на стариот дел на градот. Пристаништето на градот и околните области биле надополнети со станбени и комерцијални објекти. Градот, денес, е популарно одредиште за туристите, особено со полуостровот Фишланд-Дарс-Цингст и градот Штралзунд, кој претставува светско културно наследство.
Во 2005, Барт ја прославил 750-годишнината од доделувањето на градските права. По административната реформа на 4 септември 2011, Барт припаѓа на новосоздадениот округ Западна Померанија-Риген, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија.
Клима
уредиБарт има умерена клима. Просечните температури помеѓу 1961 и 1990 се прикажани подолу.
Клима на Барт | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Показател | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Просечна температура (°C) | −0,4 | 0 | 2,5 | 6,2 | 11,2 | 14,9 | 16,4 | 16,3 | 13,1 | 9,2 | 4,7 | 1,4 | 7,96 |
Просечно кол. врнежи (мм) | 47 | 37 | 42 | 40 | 50 | 57 | 69 | 63 | 60 | 53 | 58 | 54 | 630 |
Сообраќај
уреди- Железничката станица Барт е опслужувана од локални и регионални возови до Штралзунд.
- Аеродромот Штралзунд Барт (исто така познат и како Аеродром Балтичко Море) го опслужува Барт и градот Штралзунд и околните места, како и туристичките места во округот.
Винета
уредиСпоред теорија на Голдман и Вермуш, Барт е местото на потопениот град Винета. Барт привлекува туристи со оваа легенда, а денес во градот постои и музеј и фестивал посветен на потопениот град.
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2022 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. 2023. (германски)
- ↑ 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 Fr. Drescher, Der Kreis Franzburg-Barth, Kreisausschuß des Kreises Franzburg-Barth, Carl Klock, Barth 1932/33: G. Thomas, Stralsund, 1992. pp.16-24
- ↑ 94 од 210 "Erben"
- ↑ Fr. Drescher, Der Kreis Franzburg-Barth, Kreisausschuß des Kreises Franzburg-Barth, Carl Klock, Barth 1932/33, edited reprint: G. Thomas, Stralsund, 1992. Vorwort.
Надворешни врски
уреди„Барт (град)“ на Ризницата ? |
- Официјална страница
- Chisholm, Hugh, уред. (1911). . Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press.