Росток (округ)
Росток (германски: Landkreis Rostock) — округ во северниот дел на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се граничи со (од запад надесно) округот Северозападен Мекленбург, Балтичкото Море, слободниот град Росток и окрузите Западна Померанија-Риген, Мекленбуршка Езерска Област и Лудвигслуст-Пархим. Административното седиште на округот е градот Гистров.[2]
Росток Landkreis Rostock | ||
---|---|---|
округ | ||
Земја | Германија | |
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија | |
Седиште | Гистров | |
Површина | ||
• Вкупна | 3.421 км2 (1,321 ми2) | |
Население (31 декември 2022)[1] | ||
• Вкупно | 220.807 | |
• Густина | 65/км2 (170/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Рег. таб. | LRO, BÜZ, DBR, GÜ, ROS, TET | |
Мреж. место | landkreis-rostock.de |
Историја
уредиОкругот бил основан со спојување на поранешните окрузи Бад Доберан и Гистров како дел од локалната административна реформа во септември 2011.[2] Името на округот било одлучено на референдум на 4 септември 2011.[3] Предложеното име за округот било Среден Мекленбург (Mittleres Mecklenburg).
Градови и општини
уредиСлободни градови | Слободни општини |
---|---|
Општински заедници | |||
---|---|---|---|
|
|
|
|
1седиште на општинската заедница;2град |
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2022 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. 2023. (германски)
- ↑ 2,0 2,1 „Административна реформа на Мекленбург-Западна Померанија“. Архивирано од изворникот на 2011-10-04. Посетено на 5 септември 2011.
- ↑ „Referendum results Mittleres Mecklenburg“. Посетено на 5 септември 2011.
Оваа статија за место во Мекленбург-Западна Померанија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |