Замокот Риволи претставува поранешна резиденција на Кралската куќа на Савој во Риволи (Митрополитот од Торино, Италија). Во моментов овој замок е домот на (во оригинал Castello di Rivoli – Museo d'Arte Contemporanea) Музејот на современата уметност во градот Торино.

Замокот Риволи
Castello di Rivoli
Незавршената фасада на замокот
Карта
Општи податоци
ГрадРиволи
Светско наследство на УНЕСКО
Критериум(i)(ii)(iv)(v)
Навод823bis
Запис1997 (XXI заседание)
Остатоци од врската помеѓу делот на Јувара и Маника Лунга.

Во 1997 година, оваа градба била ставена на листата на светско наследство на УНЕСКО заедно со уште 13 други резиденции на Куќата на Савој.[1]

Историја

уреди

Замокот најверојатно бил изграден некаде во 9 -10 век. Неговото постоење за прв пат се споменува во 1159 година, во дипломата на царот Фридрих Барбароса кој ги отстапил риволеските територии заедно со замокот на епископот од Торино.

Куќата Савој го стекнала замокот Риволи во 11 век. Набргу потоа започнала расправија со епископите од тој реон, што во 1184 година резултирало со одредено оштетување на замокот. Во 1273 година, кралот Едвард I од Англија го посетил замокот, додека бил на пат поради крстоносна војна која ја водела Англија. Кралот бил пречекан од гласниците на грофот Савој. Подоцна тој отпатувал за Суза и Мон Сенис за да го посети грофот Филип I во Сен-Жорж-д'Есперанш. Во 1330 година, Амадеус VI од Савој му дозволил на Советот на принцовите кој претствувал висок административен совет на селата да го окупира замокот. Овој објект го претставувал првото место на јавното почитување на Торинското платно.

Подоцна замокот доживеал период на опаѓање. Во 1559 година, со Договорот од Като-Камбрезис му се забранило на војводата Емануел Филиберт воопшто да престојува во градот Торино сѐ додека не добиел машко дете како наследник. Затоа, тој го одбрал местото за престојување токму замокот во Риволи. Во тој период градбата била реставрирана од страна на архитектот Асканио Витоци. Во 1562 година на војводата Емануел Филиберт му се родил наследникот Чарлс Емануел I. По тој настан војводата повторно се вратил во Торино. Работните потфати од стрна на Асканиои Витоци биле дизајнирани и изведени во 1644 година за време на владеењето на Карло и Амедео ди Кастеламонте. Реставрацијата подразбирала создавање на бројни уметнички дела кои сепак биле однесени од страна на француските трупи во годините кои следеле.

На почетокот на 18 век и замокот и просторот наречен Маника Лунга биле запалени и ограбени од страна на француските војници, бидејќи на тој потег се водела војна за превласт врз шпанското наследство. По опсадата во 1706 година, Виктор Амадеус II од Сардинија го повратил владеењето на тие територии и веднаш наредил преструктуирање и обновување на претрпената штета. Работата му ја доверил најпрво на Микеланџело Гарове, кој го проширил делот на „Маника Лунга“, а потоа, по неговата смрт, работите ги презел Антонио Бертола. Антонио Бартола ги надледувал градилиштата уште три години, додека Филипо Јувара интервенирал на објектите во 1716 година. Славниот архитект всушност имал на ум да изведе еден грандиозен проект, но работите не биле докрај завршени. Завршени биле само продолжетоците на двете источни симетрични крила. Фасадата останала недовршена. Во 1730 година, Виктор Амадеус II претстојувал во овој замок: и покрај тоа што абдицирал во корист на својот син. Тој одбил да се откаже и докрај да се повлече од позицијата и во наредниот период се обидел да го собори Чарлс Емануел III од Сардинија. Овој пак во договор со својот министер, маркизот Ормеа, решил да го притвори својот татко во резиденцијата во Риволи. За таа прилика, зградата повторно била видоизменета и модифицирана. На прозорците биле додадени решетки и просторот и пристапот пред Маница Лунга бил затворен. Подоцна, во 1794 година, биле извршени некои измени од страна на Карло Рандони. Со тие измени замокот се довел до состојба за да може делумно да се користи како резиденција.

19 век па сѐ до денес

уреди

Виктор Амадеус II нарачал нова фасада која ја изработил Филипо Јувара. И таа нова фасада останала недовршена. По неговото абдицирање и неуспешниот обид да ја врати власта од неговиот син Чарлс Емануел III, Виктор Амадеус II престојувал во замокот како затвореник со својата морганска сопруга Маркеса ди Спињо. По неговата смрт, замокот останал главно напуштен. Таквата состојба замокот ја имал сè до 1863 година, кога комуната (општината) Риволи го претворила во бараки (помошни простории). Дваесет години подоцна еден дел од замокот бил користен и како библиотека.

Објектот на замокот бил тешко оштетен за време на Втората светска војна. Тој бил напуштен и останал во значителна состојба на напуштен сè до 1979 година, кога биле започнати новите реконструкции за реставрација. Во 1984 година замокот бил повторно отворен како дом на Музејот за современа уметност, воедно и првиот музеј на современа уметност во цела Италија.[2] Во 2000 година, дел од замокот станал и дом на ресторан со Мишелин ѕвездата. Главниот готвач Давиде Скабин го преселил својот ресторан Комбал во замокот, преименувајќи го во ресторан наречен Комбал.Нула.[3][4]

Проекти за реновирање

уреди

Првите активности за реновирање по Втората светска војна биле извршени од страна на торинскиот архитект Андреа Бруно. За жал, неговата замисла и иницијатива не била докрај завршена. Расположливите финансиски средства биле доволни само за санирање на структурните оштетувања. Во 1967 година, од страна на архитектот Бруно се пристапило кон отстранување на деловите на атриумот кои биле во фаза на распаѓање. Овие делови бил изградени на почетокот на 900-та година.[5]

Изложби

уреди

Од своето реновирање замокот Риволи секогаш имал тековна програма за изведување на разни активности. Активностите се извршувале внатре во неговата барокна архитектура, но и надвор од самата градба. Активностите вклучувале самостојни изложби, специјални промоции, како и групни изложби од значајни италијански и меѓународни современи уметници од 20-от и 21-от век како што биле: Карла Акарди, Франц Акерман, Френсис Алис, Карл Андре, Карел Апел, Стефано Ариенти, Ед Аткинс, Јури Анкарани, Џовани Анселмо, Френсис Бејкон , Бернхард и Хила Бехер, Ванеса Бикрофт , Ана Богигуан, Кандис брец, Софија Кале, Пјер Паоло Калцолари, Џенет Кардиф, Маурицио Кателан, Џани Коломбо, Клаудија Конте, Антон Корбијн, Енцо Куки, Мерс Канингам, Роберто Куоги, Томас Деманд, Рејмонд Депардон, Јан Дибец , Патрицио Ди Масимо, Марлен Думас, Олафур Елисон, Макс Ернст, Бруна Еспозито, Лучијано Фабро, Лара Фаварето, Терезита Фернандес, Лусио Фонтана, Јанг Фудонг, Ана Гаскел, Френк О. Гери, Марио Џакомели, Алберто Џакомети, Гилберт и Џорџ, Нан Голдин, Ден Греам, Андреас Гурски, Кит Харинг, Мона Хатум, Сузан Хилер, Рони Хорн, Пјер Хјуге, Ана Имхоф, Арата Исозаки, Франческо Џодис, Џоан Џонас, Он Кавара, Вилијам Кетриџ, Мартин Кипенбергер, Пер Киркеби, Франц Клин, Џозеф Косут, Јанис Кунелис, Џејмс Ли Бајарс, Налини Малани, Пјеро Манциони, Џон Мекрекен, Ана Мендиета, Бертранд Лавиер, Ренато Леота, Ричард Лонг, Марио Мерц, Жоан Миро, Карло Молино, Брус Науман, Ширин Нешад, Макс Нојхаус, Педро Невес Маркес, Хелмут Њутн, Клес Олденбург, Уриел Орлоу, Џулио Паолини, Филипе Парено, Џузепе Пеноне, Елизабет Пејтон, Паола Пиви, Арнулф Рајнер, Мајкл Раковиц, Робин Род, Џејмс Ричардс, Томас Руф, Анри Сала, Дорис Салчедо, Дејвид Сал, Томас Шут, Маринела Сенаторе, Ваел Шоки, Кали Спунер, Хана Старки, Хаим Штајнбах, Хито Стајерл, Кеичи Тахара, Алесандра Теси, Армандо Теста, Волфганг Тилманс Грациа Тодери, Косје ван Бриген, Палома Варга Вајс, Емилио Ведова, Јан Веркрујс, Франческо Вецоли, Енди Ворхол, Лоренс Вајнер, Андро Векуа, Џоел-Питер Виткин и Жилберто Зорио и многу други.[6]

Постојана колекција

уреди

Постојаната колекција на поставки има клучни моменти во развојот на современата уметност во Италија, но и пошироко во периодот од средината на 1960-тите па сѐ до денес. Колекцијата сместена во замокот се наоѓа во центарот на активностите на целиот музеј. Таму има големи и постојани колекции произведени специјално за просториите на историската кралска резиденција. Поставката содржи некои од најзначајните дела на Арте Повера, потоа на уметниците како Џовани Анселмо, Алигиеро Боети, Марио Мерц, Мариса Мерц, Микеланџело Пистолето. Таму се сместени и делата од современите италијански уметници како што е Маурицио Кателан,[7] како и важни дела од трансавангардата, и таканаречената земјена уметност и секако други уметнички дела кои ги рефлектираат најновите современи меѓународни дострели.

Во 2021 година, скулпторот од скулптурската куќа Арте Повера, Џузепе Пеноне, донирал повеќе од 200 дела изведени на хартија на замокот Риволи - вклучувајќи и автограмски работни белешки, рачно напишани. Тој донирал и други рефлексии, дизајнерски скици, архитектонски рендери и фотографии поврзани со главните дела, како и верзија на Svolgere la propria pelle – finestra („Да се разоткрие нечија кожа – изведена во вид на прозорец“, 1970-2019). Ова дело првично било претставено во дело наречен <i>Fridericianum</i> во истиот замок во 1972 година.[8]

Колекција Черути

уреди

Во 2017 година, замокот Риволи го објавил прогласот во кој се обелоденувало купувањето на уметничката колекција Черути. Проценетата вредност изнесувала 570 милиони долари. Меѓу делата собрани од Федерико Черути имало слики од Френсис Бејкон, Џорџо де Кирико, Рене Магрит, Амедео Модиљани, Пабло Пикасо, Пјер Огист Реноар, Василиј Кандински и Енди Ворхол.[9]

Подоцна, Вилата Черути одиграла важна улога во комплексот на замокот Риволи благодарение пред сѐ на нејзиниот „зелен“ елемент. Што се однесува до самиот замок, сè уште е присутен само мал дел од античката постоечка градина, именувана како нимфеумот. Тој дел бил всушност вештачка пештера изградена на крајот на 16 век на ридот, обложена со тули, напојувана од подземен резервоар за вода и затскриена со случајна израсната вегетација.[10] Преку прецизна реставрација, овој локалитет денес е отворен за посетители кои таму можат да се забавуваат со игри на вода и со музика. Покрај оваа мала зелена површина, Вилата Черути (замокот) импресионирала и со својата чудна и прилично значајна градина. Всушност, тој дел може да претставува место за еден вид на монашка медитација. На поширокиот простор има земјоделска површина со кокошарник и зеленчукова градина. Исто така во пролжение постои и игралиште со куглана, кој има прекрасен панорамски поглед на шумите во Алпите. Најскриеното место на целиот имот се наоѓа во пошумениот дел каде има гробишта за кучиња, во кои господинот Черути ги погребувал своите миленици.[11] Делот на нимфеумот заедно со градината на вилата Черути му обезбедувале зелена грмушкавост на замокот Риволи.

Библиотека

уреди

Библиотеката на замокот Риволи била отворена за јавноста од 1999 година. Во неа биле сместени дела специјализирани за уметност и теорија од периодот 20 и 21 век со фокус на уметниците вклучени во збирките на музејот. Библиотеката вклучува околу 44.000 книги и дополнителни периодични изданија поделени во следните категории: современа уметност, фотографија, архитектура, дизајн и рекламира. Периодот на изданијата се некаде од 1960 година па сѐ до денес. Институцијата има достапна и видео библиотека со над 900 видеа. Од 2009 година, библиотеката во замокот Риволи е дел од посебните и специјализираните библиотеки на градот Торино, односно дел од локална мрежа на специјализирани библиотеки.[12]

Раководителите и Управниот одбор низ годините

уреди

Претседавачи

  • Џовани Фереро (1984–1987)
  • Антонио Марија Мароко (1987-1988)
  • Марко Ривети (1988-1994)
  • Клара Палмас (1994–1999)
  • Чезаре Анибалди (1999-2009)
  • Џовани Миноли (2009–2015)
  • Даниела Форменто (2015–2017)
  • Алберто Тазети (2017–2019)
  • Фиоренцо Алфиери (2019-2020)
  • Франческа Лаваца (2021–сега)

Управители

  • Руди Фукс и Јоханес Гачанг (1984–1991)
  • Ајда Џанели (1991–2008)[13]
  • Каролин Христов-Бакаргиев (2009)
  • Андреа Белини и Беатрис Мерц (2010-2014)
  • Каролин Христов-Бакаргиев (2015–денес)[14]

Актуелен одбор на директори 

  • Џанлука Фереро (Потпретседател и член)
  • Марија Сабрина Фичера (член)
  • Марко Чириоти (секретар на одборот)
  • Алесандро Сиан (секретар на одборот)
  • Елвира Поцо (Одбор на ревизори)
  • Лаура Скиавоне (Одбор на ревизори)
  • Лујџи Скалисе (замена на Одборот на ревизори)

Тековен советодавен комитет

  • Лара Фаварето
  • Питер Галисон
  • Џоан Џонас
  • Вилијам Кентриџ
  • Чус Мартинес
  • Џузепе Пеноне

Популарна култура

уреди

Палатата претставувала простор каде се изведувала претставата Кралот Виктор и кралот Чарлс од Роберт Браунинг.

Наводи

уреди
  1. Centre, UNESCO World Heritage. „Residences of the Royal House of Savoy“.
  2. „Our Mission“. Castello di Rivoli (италијански). Посетено на 2019-01-21.
  3. Bruni, Frank (30 September 2011). „Cucina dell'Arte: High-End Dining in Italy“. The New York Times. Посетено на 1 September 2015.
  4. „Combal Zero“. www.andyhayler.com. Посетено на 2019-01-21.
  5. „Renovation“. castellodirivoli.org. Посетено на 14 November 2016.
  6. „Archivi Mostre“. Castello di Rivoli (италијански). Посетено на 2021-02-05.
  7. „A Torino l'evoluzione dell'arte da Pistoletto a Viola“. www.turismo.it (италијански). Посетено на 2020-08-31.
  8. „Arte Povera sculptor Giuseppe Penone donates more than 200 works on paper to Castello di Rivoli“. www.theartnewspaper.com. 26 January 2021. Посетено на 2021-02-05.
  9. „Castello di Rivoli Acquires the Legendary $570m Cerruti Art Collection“. artnet News (англиски). 2017-07-06. Посетено на 2020-08-31.
  10. Affenita, Giacomo (1990). Residenze e Collezioni Reali. Torino: Editurist. стр. 125–133.
  11. Christov-Bakargiev, Accornero, Cafagna, Rigolo (2019). La Collezione Cerruti. Torino: Allemandi. стр. 77–81.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  12. „Biblioteche – CoBiS“ (италијански). 24 February 2017. Посетено на 2021-02-05.
  13. „Ida Gianelli Biografia“. www.zam.it. Посетено на 2021-02-05.
  14. „Carolyn Christov-Bakargiev appointed director of Castello di Rivoli and GAM“. artreview.com (англиски). Посетено на 2020-08-31.

Надворешни врски

уреди

45°04′12″N 7°30′37″E / 45.070028° СГШ; 7.51025° ИГД / 45.070028; 7.51025 45°04′12″N 7°30′37″E / 45.070028° СГШ; 7.51025° ИГД / 45.070028; 7.51025