Желудникот (грчки: Gaster, латински: Ventriculus) е најширокиот дел од системот за варење кај посложено организираните животни. Кај попросто организираните животни, улогата на желудник најчесто ја преземаат цревата, каде со помош на дигестивни жлезди се вари храната.

Желудник
Желудникот во човечкото тело.
Податоци
живецceliac ganglia, vagus
Лимфаceliac preaortic lymph nodes
Назнаки
ЛатинскиVentricular
СтарогрчкиGaster
MeSHA03.556.875.875
TAA05.5.01.001
FMAFMA:7148

Желудникот кај животните може да се јави како едноделен (еднокоморен) или повеќеделен (повеќекоморен). Повеќекоморен желудник имаат копитарите. Повеќето од нив се преживари, односно имаат четириделен желудник од каде ја враќаат храната до устата и повторно ја џвакаат (преживаат). Четирикоморниот желудник на копитарите се состои од: бураг (Rumen), листец (Omasum), сириште (Abomasum) и мрежичка (Reticulum). Од сите овие комори, најголема е бурагот.

Кај останатите животни (главно цицачи), желудникот е едноделен (еднокоморен) и започнува со влез на желудникот (Cardia) кој продолжува во гајдовидно пошироко тело, на кое, пак, се надоврзува излезот на желудникот (Pylorus). На излезот се наоѓа и кружен мускул - сфинктер, кој превенира враќање на храната назад во желудникот.

Анатомија на човековиот желудник

уреди

Кај човекот, желудникот е сместен од левата страна на стомачната празнина, под дијафрагмата. Храната до желудникот стигнува од устата и голтникот преку хранопроводот, додека излегува од него преку пилорусот, од каде преминува во дванаесетпалечното црево од тенкото црево.

Ѕидот на желудникот се состои од три слоеви: мускулен, потслузничен и слузничен слој. Над мускулниот слој се наоѓа надворешна обвивка, односно сврзно ткиво, со кое тој се стабилизира во перитонеумот (стомачната кошулка), додека на слузницата се наоѓа покривка од жлездено епително ткиво од кое излегуваат изводните канали на желудочните жлезди.

Слузокожата на желудникот е доста набрана, со цел да се зголеми ресорптивната површина и содржи три видови на желудочни жлезди, кои настанале од епителот:

Мускулниот слој на желудникот се состои од три видови на мускулни влакна: кружни, надолжни и коси. Кружните мускулни влакна го обвиваат телото на желудникот; надолжните се наоѓаат на работ кој е ориентиран накај пилорусот, а косите мускулни влакна се наоѓаат подлабоко, во потслузничниот слој.

На површината од мускулниот слој се наоѓа мрежа од нерви, која се разгранува од десеттиот мозочен нерв - нервот скитник (Nervus vagus). Ткивата од желудникот се исхрануваат од желудочната артерија.

Функција

уреди

Дигестија во желудникот

уреди

Главна улога во дигестијата на храната во желудникот има желудочниот сок, кој е мешавина од компонентите кои ги излачуваат желудочните жлезди, како и од вода и најразлични минерални соли, особено бикарбонати. Овие жлезди секојдневно излачуваат околу 1 - 1,5 l сок.

Ензимите од желудочниот сок, главно ја започнуваат дигестијата на белковините и делумно на липидите од храната:

Хлороводородната киселина (односно HCl) дисоцира на водородни катјони (H+) и хлоридни анјони (Cl-), со што:

  • Се зголемува киселоста во желудникот, одржувајќи се во граници од 1,0 до 1,5
  • Се создаваат услови за активирање на пепсиногенот во пепсин (активна форма)
  • Се овозможува набабрување на белковините и нивна подготовка за ензимско дејство
  • Се дејствува бактерицидно врз микроорганизмите внесени со храната
  • Се раствораат нерастворливите соли на железото, фосфорот, калциумот итн.

Муцинот од желудочниот сок, заедно со бикарбонатите, ја заштитува слузокожата на желудникот од разорното дејство на HCl и на пепсинот.

Мешање и задржување на храната во желудникот

уреди

Храната во желудникот се меша со помош на тонусните и перисталтичките движења на истиот. Тонусните контракции се јавуваат периодично, на секои 20 секунди, при што се образува химусот (полутечна, кашеста смеса). Со перисталтичките движења, пак, кои се јавуваат два до трипати во минута, се префрла химусот од желудникот во дванаесетпалечното црево.

Храната во желудникот се задржува различно време. Алкохолот, лековите и некои отрови кои се лесно растворливи во вода, брзо преминуваат во крвта, без да се задржуваат во желудникот. Храната богата со белковини и масти поддржува желудочна секреција околу 7 часа. За разлика од неа, полутечната се задржува само 2 до 3 часа.

Регулација на дигестијата во желудникот

уреди

Регулацијата на варењето на храната во желудникот се остварува на два начина: преку нервниот и преку ендокриниот систем. Овие два начини на регулација се поврзани меѓусебно.

Желудникот е двојно инервиран со вегетативниот нервен систем: симпатикус и парасимпатикус. На тој начин, во зависност од нервната стимулација, секрецијата на желудочниот сок ќе биде засилена преку парасимпатикусот, односно намалена преку симпатикусот. Нервната регулација има условно рефлексно значење. Почнува со навлегувањето на храната во усната празнина. Со тоа се надразнуваат вегетативните центри во продолжениот мозок, откаде преку нервот скитник се стимулираат жлездите на секреција. Состојките на химусот ја намалуваат желудочната секреција преку ентерогастричниот рефлекс.

Ендокрино, лачењето на желудочниот сок се стимулира со хормонот гастрин кој се излачува од слузокожата на самиот желудник. За разлика од него, хормоните ентерогастрин, секретин и холецистокинин, кои се лачат од ѕидот на дванаесетпалечното црево, извршуваат инхибиција на желудочната секреција.

Поврзано

уреди