Отвори го главното мени

Лек[1] или медикамент[2] претставува производ за кој по научен пат и постапка е утврдено дека се аплицира на луѓе или животни во одредена количина и на пропишан начин, може да се употребува заради откривање, лечење на болести или за други медицински цели.

Помеѓу лекот и отровот не постои јасна ограниченост, бидејќи секоја супстанција во помала доза може да претставува лек, а во поголема доза отров. Кај многу супстанци малите дози можат да бидат поволни при лечењето на болеста, додека големи количини се токсични за организмот, а во зависност од големината на дозата може да дојде до труење и смрт. Спротивно на ова дури и јаките отрови може да бидат корисни како лекови доколку се применат во одредена доза и низ соодветни мерки на претпазливост. Затоа секој лек може да биде отров, но секој отров не мора да биде и лек.

Фармацевтска дрога, уште позната и како лек, може да се дефинира како било која хемиска супстанција, наменета за употреба во медицинска дијагноза, лекување, третман или спречување на болести.

КласификацијаУреди

Лековите можат да бидат класифицирани на повеќе начини, како на пример според хемиските својства, начинот на употреба, засегнатоста од биолошкиот систем или терапевтските ефекти. Детален и широко употребуван систем за класификација е Анатомско Терпевтско Хемиски Систем на Класификација (АТХ систем). Светската здравствена организација чува листа на есенцијални лекови.

ИсторијаУреди

Античка фармакологијаУреди

Се верува дека користењето на растенија и супстанции од растенија за третирање на различни видови на болести и медицински случаи датира од праисториската медицина.

Кахунскиот гинеколошки папирус е најстариот познат медицински текст, кој датира околу 1800 година п.н.е. и претставува првото документирано користење на било каков лек. Тој и многу други медицински папируси ги опишуваат медицинските пракси на стариот Египет, како што е употребата на мед при лечење на инфекции.

Лекот како тема во уметноста и во популарната култураУреди

  • „Лековита“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.[3]
  • „Лек за болка“ (Cure for Pain) - песна на од истоимениот албум на американската рок-група „Морфин“ (Morphine) од 1993 година.[4]

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. „лек“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „медикамент“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 13.
  4. YouTube, Morphine - Cure for Pain (Full Album) (посетено на 16.6.2017)