Казеин

хемиско соединение

Казеин (латински: caseus = „сирење“)[1] — млечна белковина, заедничко име за неколку видови белковини што се наоѓаат во млекото на цицачите.[2] Казеинот е единствената белковина во природата чија прва и основна функција е хранлива, а не структурна или метаболична. Казеинот засирува под дејство на сиришните ензими, а не под дејство на високата температура.[3][4]

Засирено млеко под микроскоп со масни топчиња и засирени казеински маси (темно)

Структура

уреди

Во однос на структурата, казеинот е фосфобелковина (содржи фосфатна група), која врши складирачка улога во млекото на цицачите. Казеинот се состои од неколку фракции: α-, β- и γ-казеин, секоја од фракциите има неколку видови. Фракциите и нивните видови се разликуваат во составот на аминокиселините, особено две од најчестите видови β-казеин, А1 и А2, се разликуваат за една аминокиселина на положбата 67. Елементарен состав на казеинот (во %): јаглерод — 53,1; водород — 7,1; кислород — 22,8; азот — 15,4; сулфур — 0,8; фосфор — 0,8.

Наводи

уреди
  1. „казеин“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. pece.hardcore (2018-11-22). „Што е казеин?“. HardCore Shop. Посетено на 2023-11-30.
  3. „КАЗЕИНИ“. www.pbc.mk. Посетено на 2023-11-30.
  4. „Казеин и заменски оброци - Boost Your Best - Polleo Sport“. polleosport.mk. Посетено на 2023-11-30.

Надворешни врски

уреди