Стомак
Стомак (научно: абдомен, народно: мев) — составен дел на телото помеѓу градниот кош и карлица, кај луѓе и во други ’рбетници. Регионот кој го зафаќа абдоменот е именуван како абдоминална празнина. Во членконогите е во задниот дел на телото; поврзан е со градниот кош или цефалоторакс.[1][2] Абдоменот се протега од градниот кош и дијафрагма до карлицата со карличен гребен. Карличниот гребен се протега од лумбосакралниот зглоб меѓупршленскиот диск помеѓу L5 и S1) до срамна симфиза и e на работ од карличниот влез. Просторот над овој влез и под дијафрагмата е именуван како абдоминална празнина. Границата на абдоминалната празнина е абдоминалниот ѕид напред и перитонеалната површина околу.
Стомак | |
---|---|
Човечкиот стомак и органи кои можат се најдат под површината | |
Податоци | |
Завршеток | граден кош ’рбетен столб |
Дејства | Movement and support for the torso Assistance with breathing Заштита за внатрешните органи Postural support |
Назнаки | |
Латински | Abdomen |
TA | A01.1.00.016 |
FMA | FMA:9577 |
Структура
уредиСоджина
уредиАбдоменот содржи повеќе цевчески органи на дигестивниот тракт, како и неколку органи. Во абдоминалните органи се вклучени стомакот, тенкото црево, and the дебелото црево со неговиот поврзан апендикс. Органите како што е црн дроб, поврзаната на него жолчно ќесе, и панкреас функционираат во блиска врска со дигестивниот тракт и комуницираат со него преку канали. Слезината, бубрезите, и адренална жлезда исто лежат во абдоменот, заедно со некои крвни садови како аорта и долната шуплива вена. Анатомичарите можат да ги сметаат мочно ќесе, матка, јајцеводите, and овариумите како и абдоминални и карлични органи. Абдоменот содржи заштитна мембрана (обвивка) именувана како перитонеум. Диплата на перитонеум може комплетно да покрива одделни органи, но можее и да покрива само една страна на органите која вообичаено лежи поблиску до абдоминалниот ѕид. Анатомичарите го нарекуваат вториот тип на органи ретроперитонеални.
- Дигестивниот тракт: Желудник, тенкото црево, дебелото црево со цекум и апендиксот
- Додатни органи на дигестивен тракт: црн дроб, жолчно ќесе and панкреас
- Уринарен систем: бубрези и уретери - ама технички сместени во ретроперитонеум - надвор од перитонеалната мембрана
- Други органи: Слезина
Абдоминалните органи можат да бидат високо специјализирани во некои животни. На пример, желудникот на преживарите ( подвид на цицачи) е поделен на четири комори — бураг (rumen), мрежавец (reticulum), листавец (omasum) и сириште (abomasum).[3] Во ’рбетниците, абдоменот е голема празнина затворена со абдоминалните мускули, напред и надворешно, и со ’рбетниот столб позади. Долните ребра можат исто така да ги затворат предните и надворешните ѕидови. Абдоминалната празнина е горен дел од карличната празнина. Таа е поврзана со градна празнина преку дијафрагма. Структури како аорта, нагорна шуплива вена и езофагус минуваат низ дијафрагмата. И абдоминалната и карличната празнина се обвиткани со серозна мембрана позната како париетален перитонеум. Оваа мембрана продолжува со висцерален перитонеум кој ги обвиткува органите.[4] Абдоменот во ’рбетниците содржи неколку органи кои припаѓаат на дигестивниот тракт и уринарниот систем.
Мускули
уредиИма три слоја на абдоминален ѕид. Тие се, од надвор кон внатре: надворешен кон, внатрешен кос, и напречен абдоминален.[5] Првите три слоја се протегаат помеѓу ’рбетниот столб, долните ребра, илијачниот гребен и срамна коска на колк. Сите нивни влакна се спојуваат на средишната линија и го опкружуваат мускулот ректус абдоминис во дипла пред да се поврзат на спротивната страна кај линеа алба. Силата е добиена од накрсно-поврзување на влакната, така што на надворешниот кос се надолно и нанапред, на внатрешниот кос нагоре и нанапред, и на попречниот абдоминален хоризонтално напред..[5]
Трансвензален абдоминал мускул е мазен и триаголен, со влакна насочени хоризонтално. Лежи помеѓу ватрешно косиот мускул и под него попречната фасција. Таа доаѓа од Лигаментот Попарти, внатрешната усна на илиум, лумбарна фасција и внатрешната површина на 'рскавиците од шесте долни ребра. Се вклучува во линеа алба позади ректус абдоминис.
Ректус абдоминисе долг и прав. Мускулот е вкрстен со три фиброзни врски тетивни пресеци. Ректус абдоминис е затворен со тенка дипла формирана, како што е опишано погоре, со влакна од секој од трите мускули од латералниот абдоминален ѕид. Тие започнуваат од срамната коска, долж абдоменот на двете страни од линеа алба, и се вклучуваат во 'рскавиците на петто, шесто и седмо ребро. Како регион на слаба точка, ингуинален канал, e премин помеѓу слоевите. Овој отвор е место каде што тестисите можат да се спуштат низ ѕидот и каде што фиброзната врвка матката кај женски поминува. Исто така при слабост тука може да се формира ингуинална кила.[5]
Пирамидниот мускул е малечок и триаголен. Сместен е во долниот абдомен напред од ректус абдоминис. Започнува од срамната коска и се вклучува во линеа алба на пола пат од папок.
Функција
уредиФункционално, човечкиот абдомен е место каде најголемиот дел од абдоминалниот тракт е поставен и има највеќе апсорпција и дигестија на храна тука. Алиментарниот тракт во абдомен се состои од долен дел на езофагус, желудник, дванаесетпалечно црево,јејунум, вито црево,цекум и апендикс, искачувачки колон, напречен колон и десцендентен колон, сигмоиден колон и право црево. Други важи органи во абдомен се и желудник, the бубрези, панкреас и слезина.
Абдоминалниот ѕид е поделен на заден, надворешен и преден ѕид.
Болести
уредиМногу гастроинтестинални болести ги зафаќаат абдоминалните органи. Тука се вклучени болест на желудникот, болест на црн дроб, болест на панкреас и болести на жолчно ќесе и жолчен канал ; Во болести на цревата спаѓаат ентерит цревна болест дивертикулис и синдром на раздразливо црево.
Испитување
уредиРазлични медицински процедури можат да бидат користени за да се испитаат органите на гастроинтестиналниот тракт. Тука се вклучува ендоскопија, колоноскопија, сигмодоскопија, ентероскопија, езофагогастродуоденоскопија и виртуелна колоноскопија. Има исто така медицински слики техники кои можат да се користат. Проекционските точки на органите се битни во испитувањата на абдомен.
Региони
уреди9-региони шема
уредиОвие три хоризонтални и две вертикални линии го делат абдоменот во девет "региони."
десен хипохондриум | епигастриум | лев хипохондриум |
десен лумбарен предел | умбиликален предел | лев лумбарен предел |
десенилијачен предел | хипогастриум | лев илијачен предел |
Поврзано
уредиНаоди
уреди- ↑ Abdomen. (n.d.). Dictionary.com Unabridged (v 1.1). Accessed: 22 Oct 2007
- ↑ Abdomen. Dictionary.com. The American Heritage Dictionary of the English Language, 4th Edition. Accessed: 22 October 2007
- ↑ "Ruminant." The Veterinary Dictionary. Elsevier, 2007. Accessed: 22 Oct 2007
- ↑ Peritoneum. The Veterinary Dictionary. Elsevier, 2007. Accessed: 22 Oct 2007
- ↑ 5,0 5,1 5,2 „Abdominal cavity“. Encyclopædia Britannica. I: A-Ak - Bayes (15. изд.). Chicago, IL: Encyclopædia Britannica, Inc. 2010. стр. 19–20. ISBN 978-1-59339-837-8.
Надворешни врски
уреди„Стомак“ на Ризницата ? |
- . Нова Колиерова енциклопедија. 1921. (англиски)