Тенкото црево (латински: intestinum tenue) е дел од системот за варење, кое се протега од желудочниот пилорус (излезот на желудникот) до слепото црево (почетен дел на дебелото црево). Долго е од 5-7 метри и е диференцирано на 3 дела:

Тенко црево
Дијаграм на кој се гледа тенкото црево
Податоци
живецceliac ganglia, вагус
Назнаки
Латинскиintestinum tenue
MeSHA03.556.124.684
TAA05.6.01.001
FMAFMA:7200

Во почетниот дел на тенкото црево се излеваат соковите од панкреасот (преку панкреасен канал) и жолчниот сок преку општиот жолчен канал. Слузокожата на тенкото црево е набрана и на површината има бројни цревни ресички (Vili intestinales). Тие повеќекратно ја зголемуваат нејзината ресорптивна површина, која од 0,65 m2 се зголемува на 4 до 5 m2. Цревните ресички содржат крвни и лимфни садови, со што активно се вклучуваат во ресорпцијата на варењето хранливи материи.

Функција

уреди

Варење во тенкото црево

уреди

Во тенкото црево целосно завршува варењето (дигестија) и најголемиот дел од ресорпцијата на сварените хранливи материи. Дневно, околу 9 литри химус патува низ овој дел од системот за варење, од кои само 5% не се ресорбираат преку цревните ресички.

Ензимите од панкреасниот сок го помагаат разложувањето (од видот на хидролиза) на јаглехидратите, белковините, липидите и нуклеинските киселини до нивните мономерни молекули - моносахариди, аминокиселини, глицерол, масни киселини и нуклеотиди. Некои реакции на хидролиза кои се случуваат во тенкото црево се:

Скроб + H2O + АмилазаДекстрини + Амилаза → n Гликоза
Малтоза + H2O + Малтаза → 2 Гликоза
Лактоза + H2O + Лактаза → Гликоза + Галактоза
Сахароза + H2O + Сахараза → Гликоза + Фруктоза

За разлика од останатите органски молекули во храната, мастите пред да хидролизираат се емулзираат од страна на жолчниот сок. Емулзирањето е разбивање на големите масни капки на помали. Притоа, тие се обвиткуваат со слој од водени молекули, со што стануваат погодни за дејство на липазата. Ова значи дека жолчката не учествува директно во варањето бидејќи не содржи ензими. По извршената варење во тенкото црево, пред да се ресорбира, храната е течна супстанција со млечно бела боја, наречена хилус.

Движење на тенкото црево

уреди

Постојат два вида движења: пендуларни (сегментални) и перисталтични. Основната улога на овие движења се состои во мешањето и топењето на храната со цревните сокови и нејзиното туркање кон дисталните делови на дигестивниот тракт, кон дебелото црево.
Во составот на ѕидот на тенкото црево влегуваат два слоја на мазните мускули. Надворешниот слој го градат надолжните мускулни влакна, а внатрешниот слој циркулаторните мускулни влакна.

Сегментални движења

уреди

Сегменталните движења се одликуваат со контракции на циркулаторните мускулни влакна во определените сегменти по должина на тенкото црево, што на цревото му дава изглед на нанижани колбаси. Контракциите се ритмички. Бројот на контракциите во дуодендумот изнесува 10 - 12, а во илеумот 7 во една минута. Кога еден бран од сегменталните движења заврши, започнува вториот на местата меѓу претходните две циркулаторни контракции. На тој начин се дроби „неколкупати во минута“. Овој процес на движења на тенкото црево овозможува мешање на храната и нејзино топење со цревните сокови.

Перисталтички движења

уреди

Перисталтичките движења на тенките црева имаат за цел да го туркаат химусот кон дебелото црево. Се работи за бавни брановидни движења со брзина од 0, 5 до 5 cm во секунда. Во проксималните делови на тенкото црево брановите се побрзи, а одејќи кон дебелото црево, тие стануваат се побавни и побавни. Бавноста на перисталтичките движења овозможува химусот да се задржи 3 - 10 часа во тенките црева.
Перисталтичното движење започнува со контракција на циркулаторната мускулатура во еден сегмент од тенкото црево и олабавување на цревната мускулатура веднаш под него. Проширениот дел од цревото го прима химусот, меѓутоа по извесно време во овој дел цревото се контрахира, а дел од цревото што се наоѓа под него се шири. Овој процес на контракција и деконтракција на мускулатурата не тенкото црево продолжува кон дебелото црево со што се остварува движењето на химусот нанапред.

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди

Рак на тенко црево Архивирано на 2 октомври 2012 г.

Цејалична болест на тенкото црево[мртва врска]