Голтникот или фаринкс (лат. pharynx[1]) е заеднички орган на дигестивниот и респираторниот органски систем.

Голтник
Главата и вратот
Голтник
Податоци
Назнаки
Латински(грчки: Pharynx)
MeSHA03.556.750
TAA05.3.01.001
FMAFMA:46688

Структура

уреди

Човечкиот голтник е диференциран на три дела:

  1. Горен (носен) дел - назофаринкс, преку парни отвори, наречени хоани комуницира со носот.
  2. Среден (устен) дел - орофаринкс, кој се наоѓа зад усната празнина и со неа комуницира преку голтниково стеснување
  3. Долен дел - хипофаринкс, во кој оформениот залак (болус), со помош на јазикот рефлексно се турка наназад и се голта, преминувајќи во хранопроводот. Притоа, отворот на гркланот се затвора со неговото капаче (мажлец). Со тоа се спречува навлегување на храната во дишните патишта.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „фаринкс“ — Лексикон на македонскиот јазик