Ендокрин систем
Ендокриниот систем е составен од жлездите со внатрешно лачење и од одделни жлездести клетки. Важно да се напомни е тоа дека овие жлезди не образуваат систем во анатомска смисла на зборот, туку во физиолошка. Ендокриниот систем главно е поврзан со регулацијата на метаболитичките процеси во организмот. Неговите реакции се многу поспори и се одвиваат во подолг временски период, за разлика од реакциите на нервниот систем, со кој ендокриниот е поврзан преку хипоталамус-хипофиза врската.

Ендокрин систем: 1. Епифиза, 2. Хипофиза, 3. Штитна жлезда, 4. Градна жлезда, 5. Надбубрежна жлезда, 6. Панкреас, 7. Јајчник, 8. Тестис