Продолжен мозок
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Продолжениот мозок (лат. Medulla oblongata) кој клиничарите го нарекуваат bulbus поради неговата форма на луковица е најкаудалниот дел од мозочното стебло, а со тоа и најкаудалниот дел на черепниот мозок, поставен помеѓу ’рбетниот мозок и мостот (pons). Со својот поразвиен дел е ориентиран нагоре и лежи на clivus, а со стеснетиот надолу, кој преку foramen magnum навлегува и во ‘рбетен канал . Тој претставува предно долен дел на ромбестиот мозок, на него кранијално се надоврзува мостот, а каудално ‘рбетниот мозок. Скелетотопски продолжениот мозок се протега наназад и надолу од средината на кливусот до средината на предниот лак од атласот. Тој напред е разграничен од мостот со напречна бразда (sulcus bulbopontinus), од која идејќи од средишната линија нанадвор, преку корени кончиња (fila radicularia), се раѓаат: n. abducens (VI), n. facialis со n. intermedius – Wrisberg (VII и VII bis) и n. vestibulocochlearis (VIII). На задната страна границата помеѓу продолжениот мозок и мостот ја образуваат напречно насочените мозочни пруги на четвртата комора (striae medullares ventriculi quarti). Границата меѓу продолжениот и ‘рбетниот мозок вентрално ја образува долниот раб од кртосницата на прирамидите (decussatio pyramidum s. motoria), a бочно корените на првиот ‘рбетен или вратен нерв (n. spinalis I s. n. cervicalis I). Должината на продолжениот мозок изнесува 2,3 – 3 см, а тежината 6-7 грама.
Medulla oblongata | |
---|---|
Medulla oblongata labeled at bottom left | |
Section of the medulla oblongata at about the middle of the olivary body. | |
Податоци | |
Дел од | Brain stem |
Назнаки | |
Латински | Medulla oblongata |
TA | A14.1.03.003 |
FMA | FMA:62004 |
Надворешен изглед на продолжен мозок
Надворешниот мозок наликува на ‘рбетниот мозок, бидејќи и по неговата површина продолжуваат и се гледаат истите надолжни бразди. На него се гледаат две страни: 1. Предно надворешна или вентролатерална страна 2. Задна или дорзална страна
Предно надворешна или вентролатерална страна е конвексна, а нејзиниот релјеф од средишната линија нандвор и наназад, го образуваат: предна средишна пукнатина (fissura mediana anterior), пирамида на продолжен мозок (pyralis medullae oblongatae), предно-бочна бразда (sulcis lateralis anterior), маслина (oliva) и задно-бочна бразда (sulcus lateralis posterior). - Предна средишна пукнатина (fissura mediana anterior) – се протега по средишната линија од предната страна, како продолжување на истоимената пукнатина на ‘рбетниот мозок. На границата меѓу продолжениот и ‘рбетниот мозок се гледа вкрстувањето на пирамидите (decussatio pyramidum s. motoria), додека горниот крај достигнува до sulcus bulbopontinus. - Пирамидата на продолжениот мозок (pyramis medullae oblongatae) – е надолжно парно испапчување, предизвикано од влакната на trr. corticospinales s. pyramidales, таа наедно ја ограничува бочно fissura mediana anterior. - Предно- бочна бразда (sulcus lateralis anterior) – е продолжување на истоимeната бразда од ‘рбетниот мозок. Во горниот дел, преку 10-15 корени кончиња се раѓа n. hypoglossus(XII). - Маслината (oliva) – претставува овално испапчување, чија должина изнесува 1-1.5 см, а широчината околу 7 мм. Маслината се наоѓа непосредно зад корените кончиња на n. hypoglossus, а е предизвикана од истоименото јадро (nucleus olivaris). - Задно-бочна бразда (sulcus lateralis posterior) – прeтставува продолжение од истоимената бразда од ‘рбетниот мозок. Во неа се гледа поголем број корени кончиња преку кои се раѓаат, идејќи од горе надолу, следниве черепи нерви: n. glossopharyngeus(IX), n. vagus(X), и черепни корени(radices craniales) на n. accessorius(XI). Меѓу sulcus lateralis anterior и sulcus lateralis posterior се наоѓа бочната врвца (funiculus lateralis), која е продолжување на истоимената врвца од ‘рбетниот мозок.
Задна или дорзална страна во горниот поразвиен дел поседува плитка триаглеста вдлабнатина, чиј врв е ориентиран надолу. Базата на оваа вдлабнатина ја образуваат мозочните пруги (striae medullares ventriculi quarti), а бочните страни долните ножиња на малиот мозок (pedunculi cerebellares inferiores). Всушност, оваа триаглеста вдлабнатина ја образува долната половина на ромбестата јама (fossa rhomboidea). Релјефот на овој триаголник го сочинуваат двете половини на : средишната бразда (sulcus medianus), граничната бразда (sulcus limitans), внатрешното возвишување (eminentia medialis) и вестибуларното поле (area vestibularis). Во долниот чилиндричен дел од продолжениот мозок, рејлефот на дорзалната страна го образуваат: задна средишна бразда (sulcus medianus posterior), задна средна бразда (sulcus intermedius posterior), испапчување на грацилното јадро (tuberculum nuclei gracilis) и испапчување на кунеатното јадро (tuberculum nuclei cuneati). - Средишна бразда (sulcus medianus) – е плитка бразда што се протега по средишната линија на ромбестата јама, делејќи ја на две симетрични половини. - Гранична бразда (sulcus limitans) - е плитка парна бразда, која се протега лачно од горниот до долниот агол на ромбестата јама, со конкавитет навнатре. Во долниот дел на граничната бразда се наоѓа долната јамка (fovea inferior), а под неа триаголникот на n. vagus (trigonum n.vagi). Под медијалниот дел на овој триаголник леже висцеромоторното, а под латералниот дел висцерсензитивното јадро на n. vagus. - Внатрешно возвишување (eminentia medialis) – има вретенеста форма, а се наоѓа меѓу срединшата и граничната бразда. Неговата долна половина што се наоѓа под striae medullares, се вика триаголник на n. hypoglossus (trigonum n. hypoglossi), бидејќи под него лежи јадрото на тој нерв. - Вестибулрно поле (area vestibularis) – претставува триаглесто и лесно испапчено поле, кое е ограничено внатре со sulcus limitans, горе и надвор со горното ноже на малиот мозок (pedunculus cerebellaris superior), а долу и надвор со долното церебеларно ноже (pedunculus cerebellaris inferior). Неговата долна половина, што се наоѓа под striae medullares, му припаѓа на продолжениот мозок. Под вестибуларното поле лежат јадрата на n. vestibulocochlearis (VIII). - Задна средишна бразда (sulcus medianus posterior) е продолжување на истоимената бразда од задната страна на ‘рбетниот мозок, која со горниот крај допира до долниот агол на fossa rhomboidea, односно до таканаречениот обекс (obex). - Задна средна бразда (sulcus intermedius posterior) е исто така продолжување на истоимената бразда од ‘рбетниот мозок. - Испапчување на грацилното јадро (tuberculum nuclei gracilis) е предизвикано од истоименото јадро, а се наоѓа во непосредна близина на долниот агол од ромбестата јама. - Испапчување на кунеатно јадро (tuberculum nuclei cuneati) се наоѓа суперолатерално од горното испапчување, а предизвикано е од истоимената сива маса (nucleus cuneatus).
Над грацилното и кунеатното испапчување се оформува долното церебеларно ноже (pedunculus cerebellaris inferior), кое со спротивното ноже, дивергирајќи кон малиот мозок бочно го ограничуваат долниот триаголник на ромбестата јама.
Галерија
уреди-
Резени на мозокот
-
Anteroinferior view of the medulla oblongata and pons.
-
Section of the medulla oblongata through the lower part of the decussation of the pyramids
-
Section of the medulla oblongata at the level of the decussation of the pyramids.
-
Mesal aspect of a brain sectioned in the median sagittal plane.
-
Base of brain.
-
Diagram showing the positions of the three principal subarachnoid cisternæ.
-
Medulla oblongata
-
Spinal cord. Brachial plexus. Cerebrum.Inferior view.Deep dissection
Надворешни врски
уредиОваа статија бара повеќе извори за проверливост. Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
- Haycock DE (2011). Being and Perceiving. Manupod Press. ISBN 978-0-9569621-0-2.