Слузница (латински: tunica mucosa),[1][2] слузокожа[3][4] или лигавица[5][6] — опна на голем дел од внатрешните органи на дишниот, мочнополовиот и храноварливиот систем. На допир е лигава, па оттука и нејзиното име. Слузницата излегува и надвор од телото кога на неколку места се поврзува со кожата. Тоа се усните, ноздрите, конјунктивата, половите органи и анусот.

Слузница

Улога

уреди

Слузниците имаат неколку важни улоги. Ги одржуваат ткивата влажни, како на пример во дишните патишта (вклучувајќи ја устата и носот). Дополнително, тие помагаат во впивањето и обработката на хранливите материи. Овие мембрани го штитат и телото. На пример, во желудникот, тие штитат од желудочна киселина, додека во мочниот меур, го штитат основното ткиво од мочта.[7] Во матката, слузницата е позната како ендометриум. Тој набабрува секој месец и се губи за време на менструацијата.[8]

Наводи

уреди
  1. „слузница“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „слузница“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „слузокожа“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „слузокожа“Дигитален речник на македонскиот јазик
  5. „лигавица“Дигитален речник на македонскиот јазик
  6. „лигавица“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  7. Guyton, Arthur C.; Hall, John E. (2006). Textbook of Medical Physiology, 11th Edition. Philadelphia: Elsevier Saunders. ISBN 9780721602400. OCLC 56661571.
  8. Guyton, Arthur C.; Hall, John E. (2006). Textbook of Medical Physiology, 11th Edition. Philadelphia: Elsevier Saunders. ISBN 9780721602400. OCLC 56661571.

Надворешни врски

уреди