Жарко Димитриоски
Жарко Димитриоски (роден во Тетово) — популарна македонска медиумска личност позната по многубројни ТВ-проекти. Тој е автор и извршен продуцент[1] на познатото ток-шоу Еден на еден и творечки директор во истоимената маркетинг агенција[2]. Добитник е на наградата за најдобар Претприемач на годината 2017 во Македонија[3], а бил избран и на престижниот список на Forbes 30 Under 30, како еден од најдобрите 30 претприемачи под 30 години во Европа од областа на медиуми и маркетинг.
Жарко Димитриоски | ||
Податотека:Zarkodimitrioski2010.jpg | ||
Роден | Тетово, Македонија | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | медиуми, маркетинг |
Телевизија
уредиМРТВ
уредиДимитриоски започнува да се занимава со медиумска работа уште како многу мал. На 6 години е избран да членува во детското драмско студио на МРТВ при една од најголемите направени аудиции во националната телевизија. Активен член на студиото е 10 години и за тоа време остварува многу улоги во детски проекти, играни серии, радио емисии. Учествува во Погрешно време, Умни Глави, Светот има осум страни, Дали како што, Здраво генијалци, а најзапаметен е по улогата на Диме Такси[4] во телевизиската серија Големи и мали[5] по адаптација на истоимениот роман од Бошко Смаќоски.
Спорт 4
уредиДве години од телевизиската кариера помина во првата и засега единствена спортска телевизија во Македонија, Спорт 4[5]. Таму работи како новинар, презентер на вести и коментатор на спортски натпревари. Меѓу другите, го коментира и првото финале на Вимблдон помеѓу Роџер Федерер и Рафаел Надал, во 2006 година.
А1 и А2
уредиЕмисијата Ексклузив е проектот со кој Жарко ја почна работата во А1 телевизија. Заедно со екипата која го стартуваше Ексклузив, меѓу кои и Анкица Стојановска, успеа да внесе новитет во телевизискиот етер правејќи ја првата емисија од овој тип кај нас, на која подоцна стана и уредник[6]. Во меѓувреме беше водител и на квизот 50-50, проектот НЕЦ - обратна аукција, македонскиот пренос од финалињата на Јас имам талент и Преживеан од Белград, проектот Најбрза македонска ѕвезда на емисијата Високи Октани, а изработи и документарен филм за Тоше Проески насловен По Тебе. Во овој период изработува и повеќе реклами за BOOM TV, меѓу кои најпопуларен е познатиот спот со Жаре и Баба Ратка[7].
Еден на Еден
уредиЕден на Еден[8] е авторски проект на Димитриоски кој започна во 2008 година како дел од програмата на тогаш новата А2 телевизија. Подоцна емисијата почна да се емитува и на А1 телевизија, каде што остана до крајот на постоењето на телевизијата. Во двете сезони кои Еден на Еден ги помина на А1 и А2 телевизија гостуваа огромен број познати личности како Игор Џамбазов, Сашко Коцев, Кили, Елена Ристеска, Викса, Пеце Суперхикс, Катарина Ивановска, Перо Антиќ, Трендо, Ареа, Кире Лазаров, Тони Зен, Нокаут, Борко Ристовски, Влатко Лозаноски, Дејан Лилиќ, Скај Виклер, Елементал итн.
По затворањето на А1 телевизија, шоуто се врати на екраните со третата сезона од јуни до септември 2012та на тв Алфа, сезона во кои гости беа исклучиво музичари, глумци и стенд ап комичари од целиот Балкан.
Од ноември до април (2012/2013) се реализираа 20 епизоди плус Еден на Еден специјалот со Љупчо Николовски Фуфо. Повторно дојдоа веќе редовните Игор Џамбазов, Трендо, Кире Лазаров, Владо Бучковски, Елена Ристеска, Дејан Лилиќ… Жарко имаше и одлични гостувања од Раде Шербеџија, Влатко Стефановски, Лино Червар, Калиопи, Каролина Гочева, Васко и Бубо К15, Дарко Панчев, Дарко Станиќ, Мојсовски, Миркуловски, Живко Мукаетов, Трифун Костовски, Сашо Гигов Гиш и уште дваесетина други.
Шоуто Еден на Еден ја заврши својата петта сезона во мај 2014. Се емитуваа 27 епизоди во кои меѓу другите гости беа и Драган Бјелогрлиќ, Игор Џамбазов, Даниел Кајмакоски, Катарина Ивановска, Сергеј Самсоненко, Жељко Самарџиќ, Влатко Стефановски, Јелена Розга и уште 40ина други македонски и балкански ѕвезди[9]. Шоуто се снимаше во комплетно ново студио и се емитуваше секоја недела на тв Алфа во 20 часот. Домашен бенд во емисијата беа Пеперминт[10], најпознати по нивниот хит Девојката со точакот.
Од ноември 2014 до мај 2015, секоја сабота вечер на Алфа тв се емитуваше шестата сезона од шоуто. Тимот беше збогатен со повеќе ликови и сценаристи, а Пеперминт и натаму беа домашен бенд во Еден на Еден. Гостуваа плејада домашни и балкански ѕвезди, а освен стандардните имиња свое прво гостување имаа и Владо Георгиев, Бранко Огњановски од К-15, Бора Ѓорѓевиќ од Riblja Corba, Нина Бадриќ, Лила Стојановска, Аки Рахимовски и Parni Valjak, Васко Ефтов, американската аренби група Blackstreet, Борислав Димитров - Бобо, Шабан Шаулиќ, Ана Бекута, Наум Петрески, Зуица Лазова, Викторија Лоба, Дарио Панковски, Ѓорѓи Чековски и Тодор Гечевски.
Сè поголемата популарност, Еден на Еден ја заокружи со добивање на Златна Бубамара за најдобра тв емисија за 2014 година[11].
Седмата сезона од шоуто се емитуваше на тв Телма, секоја сабота во 19.15ч и со неа Еден на Еден се зацементрираше како убедливо најгледаната забавна емисија во Македонија. Сезоната беше најавена со тизер видео во кое учествуваа Игор Џамбазов, Трендо, Александар Чомовски, Петко и Бранко Огњановски како охриѓанецот Климе. Тимот на сценаристи беше освежен за неколку нови луѓе, останаа добро познатите сегменти како јавуавњата на Спасе, но имаше и неколку новитети како рап-битките на познатите личности од јавната сцена, од кои најмногу внимание привлекоа рап-битките меѓу Груевски и Заев. Гостуваа многу личности меѓу кои и австралијанецот Ник Вујичиќ, Саша Ковачевиќ, Исидора Бјелица, Игор Џамбазов, Сашко Коцев, Марјана Станојковска, Борко Ристовски, Тимур Дибиров, Емилија Розман, Елена Ристеска, Даниел Кајмакоски, Дуке Бојаџиев, Каролина, Горан Михајловски, Бранко Ѓуриќ Ѓуро, Жељко Самарџиќ, Сергеј Четковиќ и многу други.
Еден на Еден доби уште една награда Златна Бубамара за најдобра емисија за 2016-та година.
Деветтата сезона од Еден на Еден се емитуваше на Канал 5 телевизија, секоја недела во 18 и 50 часот и беше најгледаната ТВ сезона на шоуто. Емисијата уште еднаш се закити со нова Златна Бубамара за најдобра ТВ емисија за 2017-та[12].
Истото продолжи и во десеттата сезона од шоуто, уште еднаш на Канал 5 телевизија, недела во 18 и 30 часот. Повторно, составот на гости го сочинуваа најпознатите имиња од домашниот и регионалниот забавен живот како Здравко Чолиќ, Горан Бреговиќ, Лепа Брена, Тарик Филиповиќ, Неле Карајлиќ, Саша Ковачевиќ, Стефан Миленковиќ, Милан Калиниќ, Хари Варешановиќ, Лане Гутовиќ, Жељко Самарџиќ, Тамара Тодевска, Елена Ристевска, Владо Јаневски, Роберт Саздов, но и светски ѕвезди како Grandmaster Flash.
Почнувајќи од третата сезона на ТВ-шоуто Еден на еден, истото е во продукција на истоимената маркетинг агенција. Во неа Жарко Димитриоски фигурира како креативен директор. Агенцијата работи комплетен сервис на маркетинг за врвни претпријатија како Алкалоид, Прилепска пиварница, Стопанска банка, Pepsi, Бекамент, Савана, Gorenje, Philips, Голден арт, Витаминка, Спорт-м Адидас, USAID и други.
Претпријатието има и поголем број меѓународни клиенти, а во 2017 г. направија и светска кампања за Digital Finance International, комплетно во нивна креатива и продукција за пазари од близу 3 милиони луѓе.[14]
Агенцијата е прв официјален YouTube-партнер од Македонија.[15]
Жарко Димитриоски во декември 2017 ја добива наградата за "Претприемач на годината 2017" од Министерството за економија, Сојуз на Стопански комори и Македонската фондација за развој на претприемништво.[16]
На 22 јануари 2018 е ставен во списокот на Forbes 30 under 30 помеѓу 30-те највлијателни луѓе во Европа под 30 години од областа на медиуми и маркетинг.[17]
Балкан стендап
уредиЖарко го започнува проектот Балкан стендап[18][19] во 2010 заедно со водечките луѓе од А1-телевизија.[19] Екипа од седум врвни уметници (Игор Џамбазов, Сашко Коцев, Пеџа Бајовиќ, Срѓан Јовановиќ, Тин Водопивец, Домагој Пинтариќ и Перица Јерковиќ)[20] заедно со Жаре како нивен домаќин и организатор, го направи првиот голем стенд ап евент кој тогаш се одржа во клубот Хард Рок. Исклучително големиот успех на фестивалот кој се емитуваше како новогодишна програма на А1 телевизија беше знак дека истиот треба да продолжи. Оттогаш функционира Балкан Стенд Ап како организатор на повеќе десетици стенд ап евенти[19] меѓу кои најпознати се истоимените фестивали кои традиционално се одржуваа на крајот од годината и на кои учествуваа најпопуларните комичари од целиот балкан[21].
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 http://edennaeden.mk/za-nas/
- ↑ http://faktor.mk/2015/06/05/kako-se-razgovara-so-vasko-eftov-i-shaban-shaulik/
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2017-12-25. Посетено на 2018-09-11.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-10-28. Посетено на 2013-11-07.
- ↑ 5,0 5,1 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-09-09. Посетено на 2013-11-07.
- ↑ http://tocka.com.mk/22/57163/zarko-dimitrioski-se-razbudiv-vo-wc-guskajki-tigar
- ↑ http://www.youtube.com/watch?v=nXvAD3m1ttY
- ↑ http://edennaeden.mk/rabota/proekti/#simple1
- ↑ http://edennaeden.mk/rabota/proekti
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-11-19. Посетено на 2013-11-07.
- ↑ http://faktor.mk/2015/02/23/zasluzheno-eden-na-eden-najdobra-tv-emisija-na-godinata-na-zlatna-bubamara-na-popularnosta/
- ↑ https://faktor.mk/fcherashni-novosti-i-eden-na-eden-povtorno-so-zlatna-bubamara-za-popularnosta?desktop=true
- ↑ http://edennaeden.mk/category/blog/klienti/
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2018-03-23. Посетено на 2018-09-11.
- ↑ http://edennaeden.mk/eden-na-eden-e-prv-youtube-partner-vo-makedonija/
- ↑ „Доделени наградите“. Архивирано од изворникот на 2017-12-21. Посетено на 2018-01-24.
- ↑ [1]
- ↑ http://edennaeden.mk/rabota/proekti/#simple2
- ↑ 19,0 19,1 19,2 http://www.idividi.com.mk/intervju/razgovori/731281/
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-02-26. Посетено на 2013-11-07.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-11-22. Посетено на 2013-11-07.