Зуица Лазова
Зуица Лазова — македонска фолк пејачка.
Животопис Уреди
Лазова е родена во Штип. Нејзините родители, Донка и Ристо починале за време на нејзината младост.[1] Таа работи како учител по хармоника во музичкото училиште во Скопје. Мажена е за познатиот македонски фолк пејач Наум Петрески со кого живеат во Скопје и со кого имаат две деца - Македонка и Стефан.[2] Покрај музиката, таа е позната и како водителка на телевизиската емисија „Зајди зајди“, која се прикажува на телевизијата „Алфа“.
Музичка кариера Уреди
Лазова учествувала на фестивали за традиционални песни во Македонија, како на пример, „Валандово“, „Цветници“, „Охрид фест“,[3] „Низа“ и „Роса“,[4] а учествувала на фестивали и во Бугарија. Заедно со други македонски исполнители, Лазова е наградувана на фестивалот „Пирин фест“. Најпозната нејзина песна е „Утринска коба“ која била избрана и за песна на годината.[5]
Во 2015 година, заедно со Наум Петрески, Лазова го издала албумот со староградски песни „Незаборав“.[1]
Спотови Уреди
Спот | Година | Режисер |
---|---|---|
Утринска коба | 2002 | - |
Абер си Јане получил | 2015 | - |
Не се фаќај Доне Донке | 2016 | - |
Еј Дамјане либе | 2017 | - |
Малку барам јас | 2018 | Миле Грозданоски |
Скопје | 2018 | Миле Грозданоски |
Немој не прашувај | 2018 | Миле Грозданоски |
Кој ја роди песната | 2018 | Миле Грозданоски |
Капни солзо | 2018 | Миле Грозданоски |
Боже прости ми | 2018 | Миле Грозданоски |
Не ми носи бели рози | 2019 | |
Разболела се Ленка Пингова | 2019 | |
Земјо мила | 2023 | Скендеровски Продукција |
Наводи Уреди
- ↑ 1,0 1,1 „Построга сум како родител отколку како професор“, Антена, број 877, 17 април 2015, стр. 4-5.
- ↑ „Зуица и Наум ќе градат куќа во Припор“. Утрински Весник. 13 декември 2006. Посетено на 2011-06-22.
- ↑ „Биба Додева и Зуица Лазова најдобри за публиката“. Дневник. Посетено на 2011-06-22.[мртва врска]
- ↑ „Седум години фестивал „Роса" на 1 декември“. Утрински Весник. 28 ноември 2006. Посетено на 2011-06-22.
- ↑ „"Утринска коба" на Зуица Лазова прогласена за фолк-хит на годината“. Дневник. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2011-06-22.
Надворешни врски Уреди
- Утринска коба - изведба со Џорлев
- Тиквешка елегија - дует со Наум Петрески
- Податоци за изданија евидентирани од ВБУ Музички Регистар.
- Zuica Lazova & Grupa Cardak - Utrinska koba