Пеперминт (музичка група)

Пеперминт — македонска рок група оформена во 1999 година во Скопје од Горан Трифуновски. Пеперминт досега имаат издадено неколку албуми:„Некако Така“ „Ама ако“.[1], „Мтв Анплагд“ „Пеперминт 2016“

Пеперминт
ПотеклоСкопјеРепублика Македонија
Жанр(ови)Рок
Години на активност1990 - сега
Мрежно местоhttp://www.peppermintband.mk/
ЧленовиГоран Трифуновски - вокал и гитара,
Јане Тодороски Фанк - бас гитара,
Златко Доневски Боззо - тапани,
Ана Трифуновски - следечки вокал .

Историја

уреди

Во времето кога Горан бил студент на Академијата за Драмски Уметности во Скопје, бил дел од панк бендот „Крв“, а потоа водител во ТВ емисијата „Рок Док“ каде што се првпат се сретнале со басистот „Мац“ кој бил гостин во емисијата со неговиот хард рок бенд. Тие заедно го оформиле Пеперминт со тапанарот Бозо, снимајќи го нивниот прв сингл „Песна“ во домашното студио на Горан, кое понатаму се развило во професионално студио.Од 2010 година басист во групата е Јане Тодороски.

Пеперминт почнале да прават свирки во ноќни клубови и барови низ Македонија, но бидејќи рок-музиката не биле популарна во клубовите, се решиле да свират преработки на песни во босанова стил од познати рок, панк и метал бендови заедно со вокалистот Ана под името „Боса Пеперминт“.[1] ,

Вистински хит станал нивниот сингл „Девојката со точакот“ во комбинација со оригиналниот спот. Пеперминт имаат настапувано на многу настани и свирки, вклучувајќи и unplugged концерт на МТВ.

Пеперминт настапувале на „Скопје гори“ , „Д-фестивал„ , „М.А.Р.С фестивал“, „Виноскоп„ , „Пиволенд“ , „Златни денови Кратово„ , „Лето Крушево“ и други поголеми манифестации, имале настапи на „Мтв Адриа„ во Словенија, како и низ цела Република Македонија

Групата е позната и по тоа што е домашен бенд во шоуто Еден на Еден[2] на Жарко Димитриоски.

Горан Трифуновски водачот и основач на бендот Пеперминт компонирал песни за повеќе тв емисии, театарски претстави, реклами, краткометражни филмови

Во 2017 Горан Трифуновски заед јно со Никола Левандис а издаваат книгата со надреалистична содржина „Мрднати раскази

Горан Трифуновски како глумец бил дел од Драмскиот Театар во Скопје ,каде што игррал во претставите „Падот на невиноста “ „Собрани дела на Шекспир“ , „Хомо Еректус„ , како и во претставите „Арт“, „Ромео и Јулија сега“

Играл во повеќе играни филмови како : „Стрмоглави“ , „Мајки„ , Бунило“ , „ Лазар“, „До балчак“ , „Три дена во септември“ , „Исклучиво жолти лалиња“ , „Исцелител“ , „Здивот на ангелот„ и др...

Дискографија

уреди

Албуми

уреди

Песни

уреди
  • „Нос“
  • „Песна“
  • „Дефиниција“
  • „Девојката со точакот“
  • „Зошто не се смееш?“
  • „Време“
  • „Сара“
  • „Забава“
  • „Мравки“
  • „Извини“
  • „И ден и ноќ“
  • „I see You“
  • „Ако“
  • „Бранка“
  • Црвено, жолто, зелено
  • Сошиен
  • „Ridingmy Harley in the Rain“
  • „Твоето куче“
  • Ќерката на наставникот
  • Другака ти од маало
  • Добро
  • Лапни пеперминт
  • Сакаш ама нема
  • Бранка
Сошиен
  • Супер ден
  • Не си со сите
  • Црвено, жолто, зелено

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-07-28. Посетено на 2012-07-29.
  2. https://www.youtube.com/user/EdenNaEdenTV

Надворешни врски

уреди